Tag Archives: тикток

УЖАС НА ТИК ТОК: Децата бираат меѓу убиецот и жртвите на масакрот во ОУ „Рибникар“:

По масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, на социјалните мрежи се појавиле низа застрашувачки видеа на кои се воздига момчето убиец, но последниве денови тој тренд станува сè повеќе морничав, па во коментарите биле замолени да престанат со тоа.

Имено, сега на „ТикТок“ постои актуелен филтер со кој децата од регионот, но и од странство можат да бираат помеѓу момчето убиец и неговите жртви. Тие кратки видеа на „ТикТок“ изгледаат вака: – На едната страна се 10 жртви од „Рибникар“, а на другата – момчето убиец. Тогаш авторите на видеото, движејќи ја главата лево или десно, избираат кој за нив го претставува „кралот“.

Застрашувачки е што филтерот го „преплавил ТикТок“. Го користат најмногу луѓето од регионот, но меѓу нив и странци кои, без разлика дали знаат за што се работи и ли не, смеејќи се го воздигнуваат и избираат момчето убиец.

„Ти треба помош“

Во коментарите на тoa видео, свесните луѓе апелирале да престане овој морничав тренд. „Ти треба помош!“, „Тоа е нечија сестра, нечиј брат, нечиј пријател …“, „Кој ќе повика полиција?!“, се дел од критиките во коментарите, но одговор од авторот на видеото немало.

Како што може да се забележи на едно од видеата, веројатно објавени од малолетно девојче, таа имала фотографии од жртвите и детето убиец над главата. Девојчето ги затворило очите, се насмевнала и ја свртелa главата кон сликата со детето убиец, додека од другата страна наизменично се менувале фотографиите на жртвите.

Младоженци го воодушевија регионот: Снимката од нивниот танц има три милиони прегледи (ВИДЕО)

Деновиве на TikTok кружи видео од штотуку венчан пар.

Имено, првиот танц на вљубената двојка е објавен на TikTok и досега има повеќе од 2,7 милиони прегледи. Тоа видео е објавено повеќе пати на различни профили на TikTok, а луѓето од целиот регион се воодушевени од она што го виделе.

Парот најпрвин танцуваше на песната Заувек од Жељко Васиќ, а потоа се префрлија на Исти играчи на Горан Вукошиќ и Мина.

@jelenarakocevic1

♬ original sound – Jelena

„Премногу јако“, „Олку убава енергија одамна немам видено“, „Најубавото свадбено видео досега“, „Ми го разубави утрото“, „Ја чувствувам љубовта. Прекрасен пар. И јас го сакам ова “, „Ти си сладок“, „Моето омилено видео на TikTok“, се само дел од коментарите под видеото.

По нивното вирално видео, нивната пријателка го објави целиот нивен танц на нејзиниот профил на TikTok.

@vujacictamara

Ovih dana ih gledamo više nego porodicu… hahah moji najvoljeniji❤️ Evo da vidite kako je izgledao čitav ples.. 😍 #wedding #zauvek #nevolja @Jelena

♬ original sound – Tamara Vujačić

ТИКТОК на малолетните ќе им дозволи да ја користат апликацијата само 60 минути дневно

Децата под 13 години ќе треба да побараат дозвола од нивните родители да продолжат да ја користат апликацијата.

Според компанијата, временското ограничување потрошено на апликацијата е воведено за да се поттикнат помладите да го поминуваат своето време поквалитетно. ТикТок ја заснова оваа одлука на истражување и консултација со експерти во Digital Western Lab во Бостонската детска болница.

ТикТок, инаку кинеска компанија, веќе извесно време е под политички притисок од американските власти, а неодамна и од институциите на ЕУ, па некој би можел оваа одлука да ја протолкува како ласкање, пренесува ИТ Вести.

Од друга страна, може да се каже дека ова е всушност само трансфер на пракса од Кина, со оглед на тоа што веќе подолго време има нешто построги ограничувања за користење телефони и видеоигри за деца.

Девојчето кое синоќа загина на цистерна во Илинден, се качило да снима Тик-Ток видео

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.

– Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар – изјави Ангеловски.

Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

ДЕВОЈЧЕ ЗАВРШИ НА УРГЕНТЕН – за да снима Тик Ток видео се качила на вагон кај Маџари и добила струен удар!

Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица. Медиумите јавуваат дека 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ.

Според Канал 5, деовојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобилеа со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници.

Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.

ВИДЕО: Бизарен начин на шминкање на усните е нов тренд на ТикТок

Нов тренд во шминкањето го преплави ТикТок и иако многумина се воодушевени, постои и другата половина која тврди дека овој новитет е многу лош.

Овој тип на шминкање на усните беше забележан на почетокот на септември на Модната недела во Лондон и брзо се прошири низ социјалните мрежи. Имено, се работи за тренд со кој карминот и моливчето се нанесуваат на долната усна за да се постигне ефектот на изгледот на горната усна.

Поточно, моливот ја следи природната линија на усните до средината, а потоа прави полукруг. Овој тренд на шминкање усни стана популарен на ТикТок.

@filarri

ig: filarrimusic

♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

НОВ СЛУЧАЈ НА СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ СО СНИМАЊЕ НАСТАВНИЧКА и навредувачки коментари (Видео)

Откако јавноста ја вознемири снимката од Техничкото училиште во Трстеник, на која се гледа како ученик го лизнува столот од својот наставник кој паѓа на подот, на социјалните мрежи се појави уште едно срамно видео – пренесува Курир.рс.

Имено, на социјалната мрежа Тикток учениците ја снимиле својата професорка за време на часовите, тие на оваа мрежа го објавиле видеото со опис „Секси професорка од Церак“.

Не се знае во кое училиште е направена споменатата снимка, но се сомнева дека се работи за установа од Церак.

Она што е уште попоразително се коментарите на тинејџерите на ова видео.

  • Добро! Дали ја „пеглаш“ – напишал еден корисник на оваа мрежа, а лицето кое го објавило видеото одговорило:
  • Не брат, твоја е.

Имаше и такви кои прашуваа за професорката, колку години има, како се вика, од каде е…
Поради лошата положба на просветните работници, вакви и слични напади врз наставниот кадар, синдикатите за образование најавија штрајк за 1 декември.

Деновиве сме сведоци на насилство врз професори. Јавноста е згрозена од она што се случи во Техничкото училиште во Трстеник, каде учениците го лизнаа столот на наставничката и и се смееја кога таа падна, но и од случајот со професорката од гимназијата во Крагуевац, која учениците ја измамија во мислејќи дека се допишува со жена со лажен профил на Инстаграм.подоцна сподели фотографија од нив во боксери низ училиштето и се исмеваше со неговиот физички изглед во група на Вибер каде што е и нивен класен раководител.

Видеото ТУКА

(Видео) За плус следачи на ТикТок: Дeвojкa мaлтpeтиpa живoтни вo cкoпcкa Зooлoшкa

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео коешто предизвика лавина негативни реакции од страна на корисниците. Имено, на видеото е видливо дека девојка ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје, прескокнувајќи ги оградите.

Како што информираат од Зоолошката градина, девојката ќе добие соодветна пријава затоа што, како што велат оттаму, ваквото однесување е недозволено.

Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна, стои во нивната објава на Фејсбук.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Нема кажано ниту ЕДЕН ЗБОР, а веќе е МИЛИОНЕР, со 112 милиони следачи! (Видео)

Кебан Лејм, на Инстаграм и ТикТок познат како Каби Лејм, станал вирален и судејќи по коментарите е “жива легенда” во последните неколку недели.

За Кебан би можело да се каже дека е “нем комичар” бидејќи не користи зборови на своите вирални видеа.

И покрај тоа, на ТикТок Лејм го следат повеќе од 60 милиони луѓе, додека на Инстаграм таа бројка дошла до 15 милиони.

Лејм сите апсурдни “трикови” на социјалните мрежи (кратки видеа во кои се предложуваат едноставни решенија за употреба на уреди и подготвување на животниот простор) ги исмева на своите профили, а неговите видеа бројат и неколку милиони прегледи и “лајкови”.

@khaby.lame

🤷🏿‍♂️🤷🏿‍♂️🤷🏿‍♂️#learnfromkhaby #LearnWithTikTok #ImparaConTikTok

♬ suono originale – Khabane lame
@khaby.lame

All right, just let me brush my teeth.🤣Ok fatemi lavare i denti!! 🤣 50 million followers Thanks!#learnfromkhaby #ImparaConTikTok #LearnWithTikTok

♬ suono originale – Khabane lame
@khaby.lame

Just this once, let it be easy 😆😂-Solo per questa volta, lascia che sia una cosa facile😆😂 #learnfromkhaby #LearnWithTikTok #ImparaConTikTok

♬ suono originale – Khabane lame

Страшно НЕНОРМАЛНО:Вртат Брза помош и се шегуваат за многу умрeни❗(Видео)

На социјалната мрежа Тик Ток се врти видео од страна на млади дечки кои се снимале како вртат во Брза Помош.

Трагедијата е тоа што во лоша шега се потсмеваат со голем број на умрени на гробишта.

Лошо воспитување и ненормално исмевање особено со ситуација кога секој ден бројките на починати сограѓани од Ковид се триесетина, срамно однесување кон службите на Брзата помош, а уште посрамно исмевање постирано со видео на социјална мрежа кое треба да се забрани.

Видео:

@bekimajdariii

@hadis.sh12 @trn_ovska1 #fypシ #fypシ゚viral #balkan #balkantiktok

♬ original sound – ❣