Tag Archives: Тим

45 спасувачи заминуваат за Турција, бројни акции за помош – КАДЕ ДА ДОНИРАТЕ И ШТО ?

Битола испрати тимови од спасувачи за помош на настраданите во земјотресот во Турција.

Општината Битола соопшти дека тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

„Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби“, стои во соопштението од општина Битола.

40 спасувачи испраќа Дирекцијата за заштита и спасување, обучени за барање под урнатини. Според информациите од директорот Беким Максути тие најдоцна до утре ќе заминат во Турција.

И осум пожарникари од Општина Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), ќе заминат во спасувачка мисија во Турција, со надеж и уверување дека ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

„Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија“, велат од Општина Струмица.

Веднаш се отворија телефони за донација, а се објавија сметките на Црвениот крст. Еве како може да донирате.

  • На телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1 – Донација од 100 денари со повик.
  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
  • За донации на средства во странска валута:
Name of the organization: Red cross of the Republic of North Macedonian

Bank name: Komercijalna banka AD Skopje

Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, Macedonia

Bank account: 300000000000133 25730522-11

Swift code: kobsmk2x

Iban code: mk07300701000001228


Никој не остана рамнодушен на страшните слики од погодените градови. Граѓаните повикуваат на солидарност и хуманост. Македонија од секогаш знаела да подаде рака и помогне.

„Да покажеме дека сме благодарни што светот нам ни излезе во пресрет при катастрофалниот земјотрес во Скопје, да се обидеме колку можеме да им помогнеме на луѓето во Турција и Сирија“, се вели во објавите на социјалните мрежи.

Дел од граѓаните и со свои иницијативи за донации.

На фејсбук групата стари скопјани е објавена иницијатива за крводарителска акција

„ Стари скопјани дали може да се отвори пункт за крводарителсво да даруваме крв за Турција“

На фејс профилот пак на Село Прдејци веќе е организирана акција за собирање на ќебиња, храна и останати потребни работи за погодените градови во Турција и Сирија

Од друга страна Советот на Град Скопје информира дека е закажана итна вонредна седница на Совет на Град Скопје за 8 февруари 2023 година (среда) со почеток во 13:00 за носење одлука за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што зафати делови од Туркије и Сирија.

Македонија има свој рагби тим во Австралија

Македонскиот рагби тим во Австралија  има амбиции да настапи на Светскиот куп во рагби во 2025 година, а евентуален успех на претстојното Европско првенство би обезбедил учество во квалификации.

Како што често се случува во рагби лигата, приказната започнува со пијалак во рака во локална кафеана. И приказната за македонскиот тим во рагби лигата на Австралија не е поинаква. Со ангажман и посветеност на неколку иселеници од Македонија, формиран е меѓународен рагби тим менториран од тренерот на НРЛ, Шејн Фланаган, заедно со поранешниот капитен на Нов Јужен Велс, Пол Гален.

Во кугларскиот клуб Тарен Поинт, бизнисменот, Македонец Оливер Јосески го иницираше формирањето на македонска рагби тим во Австралија

Рагби тимот е формиран, во неговото раководство се – менаџерот на тимот Кејн Јанакиевски, извршниот директор Оливер Јосески, претседателот Питер Ристевски и претседателот Марк Леви.

Сега, голем број македонски рагби играчи изразиле интерес да бидат дел од тимот,м вклучително и двајца играчи кои се натпреваруваат во Канада, ветеранот на рагби лигата на Њукасл, Рајан Петро и играчот на Вестерн Субербс Магис, Џејмс Мирчески.

Исто така, постојат надежи за регрутирање на младите и талентирани рагби играчи Пантер Пол Момировски и Џејден Саливан, за кој се смета дека има македонско наследство.

Македонскиот рагби тим во Австралија има амбиции да настапи на Светскиот куп во рагби во 2025 година, а евентуален успех на претстојното Европско првенство би обезбедил учество во квалификации.

Според основачот на тимот Јосески, рагби лигата има посебно место за Македонците, бидејќи преку неа нашите иселеници успешно се асимилираат во австралиската култура. На прашањето зошто рагби лигата е посебна, тој рече: „Односите, другарството – градите пријатели за живот во рагби лигата“.

Извор: www.dailytelegraph.com.

Излегоа на терен со маички: Се молиме за Тетово, тим од прва лига во Албанија (Фото)

Тим од Албанија во прва лига ,,Партизани Тирана”, се појави на натпревар со сочувство за Тетовската несреќа и загинатите.

Фудбалерите излегоа на терен со маички на кои пишува ,,Се молиме за Тетово”, пренесоа албански медиуми.