Tag Archives: Титула

ПРЕУБАВА – НАСЛЕДНИЧКАТА на Мики и Светле Црнокрак се закити со ТИТУЛА на избор во Бејрут (Фотогалерија)

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 24-годишната убавица Моника Црнокрак, која успеа да ја освои титулата Мис фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави.  Победничка, односно Мис на Европа за 2023г е претставничката на Италија, а прва придружничка е кандидатката од Русија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Aja Production од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут.  “Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот”, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио Црнокрак, а кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина. 

Најубавата девојка на светот ? (ФОТО)

На свои четири години се појавила на ревија за Жан Пол Готје, а на десет години беше најмладата манекенка на сите времиња која се појавила во Вог.

Се прослави во 2007. година како шест годишно девојче кога и ја дадоа титулата за „најубаво девојче на светот“. Единаесет години подоцна Тилан Блондо повторно е прогласена за најубава девојка на светот, овој пат на изборот на TC Candler за 2018. година.

Изборот на најубави жени според TC Candler започнал во 1990. година, а тврдат дека тоа е „најразновидниот избор на убавици“. Нивното видео со листата на најубави жени има речиси два милиони прегледи за само два денови.

Втората најубава девојка е тајванската актерка Чоу Чу-ју, трета е израелската манекенка Јаел Шелби, а четврта Лиза Соберано.