Tag Archives: Токио

Секс скандал во МНР: Македонскиот амбасадор во Токио добил пет дена да се врати дома

Во еден од најголемите скандали во македонската дипломатија со години, амбасадорот Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата на Македонија во Токио, Јапонија, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за „експрес.мк“.

Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење сексуално вознемирување, а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.

На Горан Цеков, по завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се пет дена да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.

Скандалот се случил откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави “експрес“ на први јуни, а потоа претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, како и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.

(Видео) НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ ВО ТОКИО ВИСТИНСКИ ХОРОР – Маскиран како ЏОКЕР запалил вагон во метро и избoдeл десетици луѓе

Според Вашинготн пост , полицијата го уапсила младиот 20-годишен човек кој со нож ранил 17 луѓе, а се испитуваат пријавите за употреба на солна киселина.

Најмалку едно лице, маж на возраст од 60 или 70 години, е избоден со нож и е во тешка и настанатал хаос додека патниците избегале од местото на настанот. Експресниот воз на линијата Кеио запре итно за да може луѓето да се симнат.

Според медиумите, осомничениот го полил вагонот со течност и го запалил. На снимката објавена на Твитер се гледаат како луѓе скокаат низ прозорците.

На твитот се пишува дека момчето било маскирано како Џокер од истоимениот филм.

Косово со ДВА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ од Олимпијадата во Токио

Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио.

Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красничи.

Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.