Tag Archives: ТониМихајловски

Шанац: Ако ја нема Македонија ќе нема мир!

Не сум во Македонија и душата ми се кине што не можам да бидам заедно со сите Вас прекрасни, чесни и храбри луѓе кои искрено ја сакате Македонија , но ја имате мојата најсилна поддршка.

Тагата не собира а болката не обединува!

Таа тага и болка не можат да ги разберат само оние кои во ова време на распарчување на Македонија сакаат да земат дел од неа. Да отуѓат од нас, од нашите деца и внуци.

И погледнете колку се обединети во таа намера, иако не се поднесуваат и меѓу себе би се изеле кој да земе поголемо парче. Не им е битно кој кому се моли, кој во што верува, кој кого мрази, каква музика слуша и колку редовно се бања.

Исто така треба да и Ние да се обединиме! И повеќе. На улиците треба да потечат реки од народ. Сто иљади, двеста иљади, и повеќе.

Половина милион Македонци на мирен протест во одбрана на Македонија! Сите во одбрана на Македонија!

Нема сила што може да се спротивстави на толкав народ. Нема, затоа што знае дека ќе биде раскинат ако проба да го тепа и напаѓа. Раскинат. А провокаторите и уфрлените нема ни да се појават, верувајте. Тогаш ќе паднат штитовите и полицијата ќе застане на страна на народот.

За жал живееме во време во кое повторно се фрла “напалм” врз Македонците, им се одзема името,историјата, културата, јазикот и човечките правдини и права, менување на учебници, казнување за бунт против Царштината, Дворот, апсење, прогон и ликвидација на водачите.

Ете толку не вратија назад предавничката смрдсм и нивните подржувачи и релативизатори.

Затоа треба да надојде Вардар и да ги однесе овие гомна во историскиот кенеф!

Затоа треба да сме половина милион на улиците!

Затоа што не им се плашиме!

Затоа што се кукавици што креваат оружје и рака на голораки луѓе!

Затоа што е ДОСТА! ПРЕМНОГУ Е!

За да бидеме свои на своето!

Затоа што ако ја нема Македонија, нема да има мир!

“Ако не можеш по магарето, удри по самарот”

Фејсбук објава на актерот Тони Михајловски во врска со скандалот со знамето на евровизиската претставничка.

“Ако не можеш по магарето, удри по самарот”.

Знамето прв пат го пониживме кога го сменивме ‘94. Потоа го газеа, го палеа, го кинеа, го плукаа и го понижуваа луѓе кои раководеле, раководат и ќе раководат со државата. Го извалкаа со криминал, корупција, лаги, измами и предавства тие што требаше најмногу да го заштитат. “И леви и десни, и тесни и бесни”. Тоа како младите ќе се однесуваат кон симболите на државата во многу зависи од односот на државата кон симболите. А тој однос е никаков. Впрочем како и кон сѐ. И како што им приличи на “јуначишта” сега ќе казнат дете на кое, од кога се родило, му ја уништуваат државата, образованието, му ја крадат иднината. Ќе казнуваат оние што имаа обврска да ги научат децата како се почитува знамето, а не го направија тоа. Оние што и самите би го продале за пусти пари. Што да очекуваш од тренирани магариња. Да го обвинуваат и казнуваат самарот.

Тони Михајловски се сели од Македонија: На 54 години ќе ми се исполни таа желба

Актерот Тони Михајловски преку статус на Фејсбук напиша дека се сели од Македонија.

-На 54 години прв пат ми дојде желба да си заминам, да ја напуштам Македонија. И најверојатно ќе си ја исполнам таа желба, стои во неговиот пост на Фејсбук.

„Чмарићићу, голем поздрав од Македонија, земјата во која ти се товиш со пари од народот“

Не стивнуваат реакциите во јавноста по наредбата од министерот за правда Бојан Маричиќ да не се користи терминот Македонија.

Чмарићићу, голем поздрав од Македонија. Земјата во која ти се товиш со пари од народот, му порача актерот Тони Михајловски.

https://www.facebook.com/toni.mihajlovski/posts/10159472035722755