Tag Archives: торнадо

(Видео) Торнадо се појави и во Словенија!

Околу 20:00 часот вчера над Илирска Бистрица се развило торнадо, јавуваат медиумите од Словенија.

Може да се види релативно широк вител во кој има и многу силни, но мали вртлози, широки само неколку метри. За среќа, феноменот траеше само неколку минути, соопштија метеоролозите од Словенија.

Бројните интервенции во последниот час на подрачјето на Илирска Бистрица укажуваат на значителни штети, јавуваат словенечките метеоролози.

ЛИНК од видеото

Како изгледаше вчера ТОРНАДОТО ВО ИТАЛИЈА! Денот стана ноќ: „Насилна бомба од невреме“ (ВИДЕО)

Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки.

Силна бура со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од четврток навечер до петок наутро.


Во петокот наутро торнадо пристигна во североисточниот дел на Милано.

Пожарникарите извршиле околу 110 интервенции на поплави, покривајќи покриви и соборени дрвја по насилната „бомба“ на невремето, пишува „Кориера дела сера“.

(Видео) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА – Торнадо кое ќе ви ја заледи крвта, пола земја под вода!

Кратки, но интензивни грмотевици зафатија делови од Грција. Невремето предизвика поплави на главните улици во Атина и Солун, а силниот ветер корнеше дрва во регионот на северна Грција.

Засега нема извештаи за повредени. Драматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени.

Грмежи и град се забележани во Солун. И покрај краткото невреме, Патишта кои водат кон Солун беа поплавени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од коловозите. Слична состојба со невремето е регистрирана и и на полуостровот Халкидики, пренесува Greekreporter.

Во Атина, поплавите ја затворија улицата Пиреја во двете насоки пред полицијата да нареди таа повторно да се отвори. Проблеми со поплави беа пријавени на крајбрежната авенија Посидонос и авенијата Војлагменис.

Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во калта на улиците, додека на Миконос имало и торнадо.

Што е со денов? Торнадо во Неготино, Русковска е суспендирана, а падна и Арафат…

Јовески ја суспендираше Рускоска, а Муареми се повлече од директор во финансиска полиција.

Случајот „Претреси во Управата за финансиска полиција“ добива нов расплет.

Русковска суспендирана од работа, Муареми си поднесе оставка од директорската функција- случајот со претресот кој се случи пред еден месец во финансиската полиција сега добива нова димензија. Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за Канал 5 потврди дека е времено отстранета од работното место, но повеќе од тоа вели дека не сака да коментира.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пак објаснува дека освен суспензијата има поднесено и предлози за дисциплински постапки за неа и за две други обвинителки.

„Денеска поднесов предлог до дисциплинската комисија заради тешка дисциплинска повреда во вршење на јавнообвинителска функција за тројца јавни обвинители. Една обвинителка со решение е оддалечена од вршење на јавнообвинителската функција за да се избегнат штетните последици за постапувањето по кривичните предмети и во раководењето со обвинителството. Оддалечувањето од извршувањето на функцијата е донесено откако се утврдени фактите и основите за носење на такво решение.– вели за Канал 5 државниот обвинител Јовески.

Другите две дисциплински постапки се за обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева. Токму Трајчева е заменик на Русковска во обвинителството, која според решението за суспенција за шефицата, треба да ги преземе сите нејзини предмети.

Експресно по информацијата дека Русковска доби суспензија и дисциплинска, се огласи и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, кој вели дека по своја волја се повлекува од позицијата, како што писмено образложува, со цел да нема сомнеж за какво било влијание врз предметот кој се води во Обвинителстото.

„Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денешната одлука на Јавниот обвинител на Македонија дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. – се вели во соопштението од Муареми.

Претходно Муареми поднесе кривични пријави против трите обвинителки инволвирани во претресот во финансиска, за делата злоупотреба на функцијата, фалсификување и соизвршителство. Инаку, неофицијално при претресот обвинителството ги барало сите предмети поврзани со финансиски криминал што ги работела Финансиската полиција од 2018 година досега. Од обвинителството не открија повеќе детали, освен дека постапувале по пријава на група граѓани.

Торнадо се случи во Неготино!

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.

-Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и два пати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и  однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.

(Видео) Торнадо во Грција

Чуден временски феномен ги разбуди утринава туристите во познатото летувалиште во Грција во Паљури.

Имено утринава торнадо се појави на заливот на крајот од третиот крак во близина на самата плажа.

Туристите вознемирени, од дистанца со мобилните во рака го следеа феноменот. Дел од нив се решија да не си ја пробуваат среќата па експресно ја напуштија плажата.

(ВИДЕО) ТОРНАДО во Битола: Страшните снимки од битолско предизвикаа загриженост кај граѓаните 🌪

Пелагонија вчера попладне беше зафатена од невреме проследено со дожд, ветер и електрични празнења.

Метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук профил објави снимка од торнадо кое се формираше кај Живојно.

„Денес поради големата нестабилност во Атмосферата, дојде до формирање на Торнадо во Македонија – Живојно, Битолско“ напиша тој на видеото кое што е објавено.

Видеото на следниот линк:

https://www.facebook.com/slavco.poposki/posts/4231295043652837

Апокалиптични слики од Чешка по изненадувачкото ТОРНАДО – луѓето одат по урнатини (Фото+Видео)

Чешка сè уште се опоравува од катастрофалното торнадо што го сруши половина село Хрушки, во регионот Бжецлав, во четвртокот вечерта, а големи штети беа направени во Ходонин, Лузатија, Микулчице и Моравска Нова Вес. Повеќе од 200 лица беа повредени, а чешките портали јавуваат дека најмалку три лица го изгубиле животот. Пожарникарите и Брзата помош се уште ја пребаруваат целата област во потрага по повредени заглавени под урнатините.

Жител на Ходонин изјави дека торнадото се појавило одеднаш.

– Никогаш во животот не сум бил толку исплашен. Изгледаше како да гледам торнада во Америка, куќи без покрив, откорнати дрвја … Сè се случи неочекувано. Удри гром и само одеднаш се формираше торнадо пред нашата куќа. Буквално одеше кон нас. Успеавме да се скриеме под масата и по 15 минути можевме само да видиме како останаа урнатини – изјави жителот на Мартин Кужаба за Блеск.

Прогласен беше трет степен на опасност во областа погодена од торнадото. Во Ходонин, торнадото го однесе покривот на спортска сала и го оштети атлетскиот стадион. Досега најголема штета претрпе селото Хрушки. Торнадото помина среде село и  буквално срамни со земја сѐ што му се најде на патот. Црквите се уништени, превртени автомобили има насекаде, како и стотици дрвја кои се срушени или искоренети од силниот ветер, а според чешката телевизија, седум градови претрпеле значителна штета проценета на стотици милиони евра.

Утрото потоа, жителите сѐ уште беа во шок, известува Блеск, шетајќи низ урнатините од своите домови обидувајќи се да спасат некои остатоци. Најмалку 120.000 луѓе сѐ уште се без струја.

– Барем не умрев. Да бев на горниот кат, немаше да преживеам. Треба само да останам смирен и да спасам што можам – рече еден жител, чија куќа беше сериозно оштетена.

Ветриштата што дуваа достигнаа брзина од 267 до 322 км на час, што е најсилниот ветер регистриран во Чешка во модерната историја и првото торнадо од 2018 година.