Tag Archives: Тозовац

Неда Украден за Тозовац: Кога ми починаа родителите, тој ми беше како татко

Српската пејачка Неда Украден го обожаваше Предраг Живковиќ Тозовац, кој почина денеска на 86 – годишна возраст од последиците од коронавирусот.

Со голема тага се присети на последните разговори со пејачот и неговата сопруга Мима, но и на времето кога таа за прв пат се преселила во Белград и кога тој ѝ помогнал, како што вели, како нејзин татко.

Тој не беше само најдобриот пејач и колега, туку и мој пријател, и кој многу го ценев како автор и како пејач, голем шармер и господин. Се знаеме од 1972 година, кога потпишав договор со белградската естрада, а покрај него, таму беше и Лепа Лукиќ и многу други пејачи. Кога во 1992 година ги изгубив семејството, родителите и семејството, Тозовац ми беше татко и пријател, ми се најде за сè и тоа никогаш не можам да го заборавам, изјави Неда Украден.

Таа додаде дека она што е прекрасно е што Тозовац остави големо наследство во ноти, песни и текстови што ги имаше напишано.

Ќе остане дел од сите нас засекогаш. Тој секогаш ги славеше љубовта и жената, а не кафаната. Тоа секогаш беа очите на жената и љубовта, заклучи Украден.

„Не ми е уште дојдено време да заминам од овој свет“

Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац во моментов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан со проток на кислород, а оттаму реши да се огласи и самиот во медиумите.

„Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не се никакви новости дека некој има Ковид 19“ – рече Тозовац и додаде дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист кога станува збор за неговиот понатамошен тек на лекувањето.

„Мојата состојба не е добра, а каква и да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа и антибиотици и ги слушам се’ што ќе ми кажат“ – рече Тозовац и посочи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.

„Не да се надевам, туку цупкам во место и едвј го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам. Јас сум оптимист и верувам во Господ, сè уште не е дојдено моето време да го напуштам овој свет“ – изјави еден од најпопуларните пејачи на народната музика во регионот и додаде дека е многу потресен од смртта на неговиот колега Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.

„Многу ми е жал за него, но како Балашевиќ да  повлече нога… Сепак, јас се надевам дека ќе го победам ова зло што ја нападна Србија и светот што е можно побрзо. Не паметам дека нешто слично ни се случило“ – оптимист е пејачката фолк легенда.