Tag Archives: Трајковски

Видео од историскиот гол на Трајковски!

Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Италија со 1-0 во полуфиналето на баражот за Светското првенство (СП), па така се избори за меч против Португалија.

Македонија во последните минути од натпреварот успеаа да ја затресат мрежата на Џанлуиџи Донарума и така да го шокираат европскиот шампион.

Човекот кој им пресуди на Италијанците беше Александар Трајковски во 92. минута.

Трајковски: Дeнecкa oд Koвид-19 пoчинa 17-гoдишнa yчeничкa

Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка.

-Денеска од ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски.

Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Професор Трајковски: Со антибиотици НЕ се лекува коронавирус

Според Светската Здравствена Организација, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него, истакна професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа.

-Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него. Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција.Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19. Дали антибиотиците можат да направат штета кај болните од ковид-19, не пишува. Не дај Боже тоа да било случај во македонските болници и да имало врска со високиот леталитет, пишува профeсорот Трајковски.

Проф.Трајковски ги предупреди здравствените власти: Нарачајте навреме ПЦР реагенси за индискиот сој, доаѓа нов бран наесен!

Поради доаѓањето на летото, моменталната преносливост на вирусите во Македонија е прилично намалена, па веројатно нема да видиме брзо ширење на вирусот „Делта“ како во Велика Британија. Меѓутоа, со доаѓањето на есента, особено доколку стапката на вакцинираност остане на овие ниски нивоа, нов бран ќе биде неминовен, предупредува професорот Дејан Трајковски кој на Фејсбук е познат по своите анализи за состојбата со коронавирусот.

„Заканата од новиот сој „Делта“ треба да се сфати крајно сериозно, а здравствените власти заедно со населението да побрзаат со процесот на вакцинација ако не сакаат зимава повторно да живееме под рестриктивни мерки. За страдањата и смртните случаи да не зборуваме – доволно е да се потсетиме на сликите од индиските болници“, вели професорот.

За опасноста од нов бран во Европа предупредува и Светската здравствена организација, а тие проценките не ги даваат туку-така, од ракав, додава тој.

Професорот Трајковски ги предупредува нашите здравствени власти дека треба навреме да порачаат ПЦР реагенси за детектирање на индискиот сој, бидејќи, како што вели, тој потешко се открива со обичните реагенси.

„Ако е вистина, како што тврдат британските експерти, дека преносливоста на индискиот „Делта“ сој е за 40 отсто – 60 отсто (!) повисока од преносливоста на британскиот „Алфа“ сој, тоа би значело дека неговиот базичен репродукционен број R0 изнесува 5 – 6. Со толку висока преносливост, дури и под најоптимистичка претпоставка дека моменталниот степен на колективен имунитет изнесува околу 60 отсто (за која моите проценки – врз основа на стапката на серопреваленција – кажуваат дека е претерана и не изнесува повеќе од 40 отсто), неминовен е нов бран, се додека стапката на прележаност не го достигне новото ниво на колективен имунитет од 84 отсто (1-1/R0 = 1 – 1/6 = 84 отсто)“, пишува професорот Трајковски.