Tag Archives: трејлер

Tројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија (Видео)

Emperor Productionпред три недели го објави трејлерот за новиот македонски филм, сатиричната комедија „Te Dua, жими мене“.

Станува збор за независен филм работен во 2019 година, а премиера ќе има на 21 септември во киното „Синеплекс“ каде ќе продолжи да се прикажува на редовен репертоар.

„Te Dua, жими мене“ е приказна за тројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото е на Никола Кузелов.

Валентин Видовиќ ја направи оригиналната музика за филмот, а кинематографер е Александар Карпузовски.

Главните улоги ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а во останатите улоги ќе ги видиме: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.

Трејлерот за „Аватар“ – 1,3 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ за четири часа ВИДЕО

Излезе трејлерот за продолжението на Аватар. „The Way of Water“ кој за само четири часа собра 1,3 милиони прегледи.

Деталите за дејствието се чуваат во тајност. Многу малку се знае за долгоочекуваното продолжение на Џејмс Камерон, но фановите со нетрпение го очекуваат.

„Џејк Сули живее со своето семејство на Пандора, и штом ќе се врати познатата закана за да го заврши започнатото, Џејк мора да работи со Нејтири и војската на Нави за да ја заштити својата планета“, се вели во описот.

Патот на водата

Во новиот трејлер, можеме да го видиме Џејк и неговото семејство како се приближуваат до племето кое живее на вода барајќи засолниште. Семејството сега го сочинуваат Нитијам, Лоак, Туктиреј и Кири, кој се враќа во франшизата, но со нова улога.

Јасно е дека овие луѓе ги примаат и ги учат на патот на водата. Сепак, се чини дека луѓето кои ги ограбија природните ресурси во првиот филм се вратија со одмазда.

Кон крајот на трејлерот, можеме да видиме како племето Нави се бори со луѓето во нивните дроиди и со огромни машини.

(Видео) Сите фанови на „Game od Thrones“ треба го погледнат новиот официјален трејлер

Официјалниот тизер за претстојната серија на Ејч-би-о макс „Куќа на змејот“ (House of The Dragon), претходник на „Игра на тронови“ (Game of Thrones), конечно е тука.

Едноминутното видео не открива многу за серијата, но содржи кратки исечоци од ликовите принцезата Раенира Таргариен (Ема Д’Арси), Принцот Дејмон Таргарин (Мет Смит), Лорд Корлис Веларион (Стив Тусејнт) и многу повеќе.

Дејствието е поставено 300 години пред настаните во оригиналната серија, базирана на Fire & Blood на Џорџ Мартин.