Tag Archives: третадоза

Постои разлика меѓу „бустер“ доза и трета доза од вакцина, објаснува српска докторка

Српската докторка Љиљана Марковиќ Дениќ објасни дека постои суштинска разлика помеѓу трета доза од вакцина и засилувачка доза.

Како што објаснува таа, трета доза е онаа која се дава кај хронично болни и пациенти со имунолошки состојби, 28 денови после втората доза. А онаа што се дава шест месеци по втората, се нарекува засилувачка или „бустер“ доза. 

Различни пациенти се кандидати за овие дози. Практично, засилувачка доза можеби ќе прими секој граѓанин кој го сака тоа. 

Таа нагласи и дека и СЗО и ЕМА го потврдиле ова, бидејќи трета доза се давала досега за пациенти со ослабнат имунитет поради најразлични здравствени состојби и е дел од примарната вакцинација. 

Во однос на проблемот со одбивањето на вакцините, таа забележува дека возрасната популација во Србија има задоволувачко ниво на вакцинираност, но дека досега ниедна комисија нема направено профил на лицата кои не се вакцинираат.

Д-р Петличковски: Тpетa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт, треба да се вакцинираат и децата

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза.

Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неуминизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.

Имунолозите препорачуваат ТРЕТА доза за сите кои добиле КИНЕСКИ вакцини

Трета доза Фајзер против Ковид треба да се препорача и за граѓаните кои претходно примиле кинески вакцини, покрај лицата над 60 години, здравствените работници и пациентите со имунолошки заболувања, смета доктор Теодора Брњарчевска од Институтот за имунологија. Таа вели дека дека мешањето на вакцините не претставува никаков проблем.

-Дополнително тоа е поткрепено и со високата ефикасност на Фајзер вакцината. И самата вакцина е потентен активатор на имуниот систем за разлика ако земеме споредба со векторските вакцини, каде би користеле ист вирус како вектор, ниа тука може и да немаме ефект од трета доза доколку вакви вакцини користиме како трета доза. Може имуниот систем со имунитетот створен кон тој вирусен вектор да ја уништи вакцината без таа да ја направи потребната стимулација со спајк протеинот од корона вирусот, изјави за Сител асс. д-р Теодора Брњарчевска, од Институтот за имунобиологија и хумана генетика.

Доктор Брњарчевска вели дека различни земји препорачуваат различно време од втората до третата доза, кај некои тоа е од 8 недели кај други до 6 месеци.

-Но мислам дека 6 месеци е идеално време. И баш е оној иделален период во кој гледаме дека до 5 месеци имаме соодветна заштита и после постепено почнува да опаѓа. Тоа е и нормално со начинот на формирање на имунолошкиот систем и се очекува да се распаѓаат антителата. Третата доза ни го обновува оној имунитет кој мсе го стекнале после двете дози. Првично се покажа дека има поголема ефикасност во спречувањето на инфекции, а понатаму тие луѓе кои ќе имаат подобрен имунитет се очекува да имаат послаба клиничка слика доколку евентулано се заразат, вели д-р Брњарчевска.

Трета доза вакцина против Ковид веќе се има во Израел, Велика Британија, Сингапур, Србија, САД, Кина и во други земји.

Кај нас ќе почне да се дава од понеделник, а од втората треба да се поминати 6 месеци.

Прилог на Сител ТВ

Од понеделник трета доза за лицата над 60 години, здравствените работници и хронично болни

Имунизацијата која ќе стартува од понеделник ќе се одвива само со вакцината Фајзер и засега ќе ја примаат одредени категории на граѓани.

Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“ без разлика на која вакцина претходно е примена. Препораката ќе важи и за граѓани кои прележале ковид, а се вакцинирани со две дози.

Вчера од КОВАКС механизмот стигнаа 100 илајди вакцини на Фајзер, а 250 илјади вакцини донации од Данска „Џонсон и Џонсон“, која се прима само една доза.

Наскоро и ТРЕТА ДОЗА вакцина кај нас, еве кој ќе ја прима

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро.

Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза.

Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Анкетираните од АЛСАТ ја изразуваат својата подготвеност да ја прифатат третата доза од вакцината против Ковид, иако тоа засега не се препорачува од експерти.

„Ги примив двете вакцини во Австрија, ако оние што се надлежни ги предвиделе, тогаш треба да ги земеме“, рече еден граѓанин.

„Не сум експерт и не знам што да кажам, имам земено две дози. Секако дека ќе земам ако ми препорачаат трета доза“, додава еден граѓанин.

Препораката на властите е третата доза да се земе 6 до 8 месеци по примањето на втората доза. Досега, над 690.000 граѓани се вакцинирани со две дози.

Вјолца Алити, Алсат

Светски реномирано списание со студија: ТРЕТАТА доза вакцини сега е НЕПОТРЕБНА и може да биде ОПАСНА

Тим научници од Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Швајцарија и други земји објавија статија во научното списание „Лансет“ во која се наведува дека во моментов нема потреба од обемна имунизација со третата доза вакцини против коронавирус.

Меѓу авторите на написот се Марион Грубер, поранешна директорка на Канцеларијата за истражување и преглед на вакцини во Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и нејзиниот поранешен заменик, Фил Крауз. И двајцата поднесоа оставки откако регулаторот ја поддржа администрацијата на третата доза вакцини.

Истражувачите велат дека вакцините против коронавирус се ефикасни против тешки форми на болеста, но дека прераната употреба на третата доза носи одредени ризици, вклучувајќи и можни несакани ефекти како што е миокардитис, што најчесто се јавува по втората доза на mRNA вакцина.

Медицинските експерти постојано истакнуваат дека масовната ревакцинација започнала премногу рано, но потврдиле дека трета доза може да биде потребна подоцна – на пример, ако се појави нов вид вирус што успева да ја „пробие“ заштитата кој ја обезбедува вакцина ..

Во написот се истакнува дека дури и со високата стапка на вакцинација меѓу населението, главните носители на инфекцијата се сепак луѓе кои воопшто не биле вакцинирани.

Написот е објавен една недела пред почетокот на третата доза вакцинација во САД, што претходно ја најави администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во почетокот на август, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, повика на мораториум за воведување на трета доза на вакцината против коронавирус навреме, за да бидат испратени повеќе вакцини во земјите чии жители се уште не примиле ниту една доза .

Израел, Франција, Германија и бројни земји на Блискиот Исток веќе најавија дека ќе започнат со вакцинација со третата доза.

Филипче: Трета доза ќе биде потребна

Никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од заразување, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот. Така е секаде во светот – Ова го одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарското прашање како излезе дека има смртни случаи и кај вакцинираните лица, и покрај уверувањето од здравствените власти дека вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт.

„Секаде во светот и во регионот болниците се полни со невакцинирани пациенти. Тие се околу 80 отсто од заболените. Не знаеме како ќе се движи пандемијата, само вакцинацијата е таа што ќе го врати животот во нормала. Во вакцините не треба да има сомнеж, сите вакцини се безбедни. Таа е единствениот процес кој ќе го спаси светот од оваа пандемија“, рече Филипче. 

Но, како што вели, во земјава се уште има невакцинирани граѓани.

Тој нагласи дека во земјава во моментов има 300 илјади вакцини, 110 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак. Објасни и дека секоја недела во земјава пристигнуваат од 30 до 40 илјади вакцини на Фајзер.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.

Ќе има и ТРЕТА ДОЗА? СЗО со предупредување: Прво да се вакцинираат сиромашните со првата

Земјите што нарачуваат вакцини за да ѝ ја дадат третата доза на вакцина на веќе вакцинираната популација не треба да го прават тоа се додека имаме земји во кои граѓаните не ја примиле првата доза на вакцината, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека смртноста од Ковид-19 повторно се зголемува, дека делта станува доминантен и дека многу земји сè уште не добиле доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници.

Тедрос потсети дека опасниот сој, многу заразна варијанта што прв пат беше откриена во Индија, сега се шири во 104 земји.

-Глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е исклучително голем, снабдувањето е нерамномерно и нефер. Некои земји и региони нарачуваат милиони вакцини за да ја дадат третата доза, додека некои земји не успеаја да ги вакцинираат ниту своите здравствени работници ниту најранливите групи на население, предупреди Тедрос.

Тој ги спомена компаниите Фајзер и Модерна како оние чија цел е да продаваат вакцини за администрација на дополнителни, трети дози во земјите каде што веќе се вакцинирани голем број граѓани.

Тедрос посочи дека наместо тоа, овие компании треба да ги пренасочуваат вакцините кон програмата Ковакс на СЗО, која (бесплатно) доставува вакцини во посиромашните земји