Tag Archives: трговија

Таткото ја силувал, мајката ја подведувала за проституција за 500 денари, на крајот ја продале во Косово за 3000 евра

По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија.

Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете.

Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш од по 500,00 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила.

Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка.

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​

Мицкоски е сериозен – Ќе поднесува Закон за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на трговија со КРИПТО ВАЛУТИТЕ 💸

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ, велат од партијата.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година.

-Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј Пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути. Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината. Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот. Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот. Време е да се свртиме кон иднината. Време е за напредни технологии и развој. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението.

Бугарија вмешана во меѓународен ckaндал co трговија со opгани: Сиpoмашни „внуци“ „донирале“ органи за богати роднини

Министерството за здравство на Бугарија во четвртокот откри дека под поранешната влада на Бојко Борисов државната болница извршила трансплантација на органи на сиромашни донатори за богати „роднини“ кои биле оперирани под лажен идентитет, за што министерството има оправдани причини да верува дека не се работи за роднини, како што налага законот. Висок владин функционер, наводно, на овој начин се нашол на врвот на листата за чекање и добил трансплантација на црн дроб, пренесува Еуроактив.

Во последните две години, во државната болница се извршени 14 трансплантации на бубрези од живи донатори и во документите се вели дека сите донатори на бубрези се сиромашни „внуци“ од Украина и Молдавија, а примателите се богати „стриковци“ од земји како Израел, Јапонија, Оман, рече министерот за здравство Стојчо Кацаров.

Утврдено е дека многу од овие богати „стриковци“ кои ги примиле бубрезите користеле лажен идентитет.

Иако веќе долго време постојат сомневања во врска со трансплантациите во земјата, ова е првпат ваквите практики да бидат потврдени од владата. Министерството за здравство стравува дека овие откритија ќе предизвикаат силна реакција од меѓународната заедница.