Tag Archives: Тријазичник

„Македонциве се народ и местово њивно је Македонија“ – Ѓорѓија Пулевски 1875

Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора половина на XIX век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

Во продолжение дел од ставовите на Пулевски:“Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.”

– Ѓорѓија Пулевски во 1892 година „Славјаномакедонска општа историја”:

“Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!”

– Ѓорѓија Пулевски, во 1875 година:

Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. – Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник.

Тријазичникот на Пулевски е достапен на следниов линк, посочениот пасус е на 49 страна:

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b0/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA%2C_%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%96%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.pdf