Tag Archives: тротинет

Му ја одзеле возачката зашто се возел пијан НА ТРОТИНЕТ

Се возел пи јан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алко холизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохо лизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

Хит реакција по трескање со електричен тротинет ! (ВИДЕО)

Вклучувањето на репортерите во живо, во програма е секогаш непредвидливо и може да оди поинаку од планираното. Една таква ситуација неодамна се случи во програмата на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина, додека новинарката Вилдана Мехмедовиќ известуваше од терен.

Новинарката се приклучи во живо од мостот Фестина Ленте во Сараево, а во еден момент зад неа се појави маж на електричен скутер, со кој случајно ја „закачи“ водителката и ја турна кон камерманот.

Додека Вилдана шокирано се обидувала да разбере што се случило, случајниот минувач почнал да се извинува.

– Вакви работи се случуваат. Во живо сме во програмата и се е простено, рече Мехмедовиќ и почна да се смее.

@dinodurmic #live #jutarnjiprogram #ftv #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – dinodurmic