Tag Archives: Тунел

ЦУК: Опасност е карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратено известување за опасност по учесници на сообраќај, од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а по првиот тунел, до Јавното Претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и до Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта. За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе јавувања – пријави од граѓани.

Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, налага превентивно е дека корисно во најбрз можен рок да биде извршена санација и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојди до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра.

Конкретно, известувањето од ЦУК, до јавните претпријатија, е ургенција за преземање на мерки и активности во надлежност на јавните претпријатија за санација – отстранување на карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а после првиот тунел. Имено, повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од карпа и камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, односно постои директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот.

Видео од тунелот во Индризово: Имале и греди и осветлување!

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, информираат од Министерството од каде објавија и видео од тунелот.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите, велат од МВР.

Видео:

https://youtu.be/M52B3GE4joY

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, соопштуваат од МВР.

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство!

Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции.

Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица и бил со должина од 60 метри.

Погледнете како изгледа најдолгиот тунел за велосипеди во светот (ВИДЕО)

Норвешкиот град Берген се подготвува да го отвори најдолгиот наменски изграден тунел за пешаци и велосипеди во светот, јавува „Евроњуз“. На 15 април, тунелот долг 2.9 километри ќе биде отворен за јавноста со настани за трчање и велосипедизам. За да се помине низ тунелот, потребни се околу 10 минути со велосипед и 30 до 45 минути пешки.

Кина го отвори најдолгиот тунел под езеро, кај нас автопат СЕДУМ години се прави (Фото и Видео)

По четири години изградба, Кина го отвори својот најдолг подводен тунел досега, кој е дел од автопатот.

Станува збор за тунел Таиху, долг 10,79 километри, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу.

Владини претставници соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а работата започнала на 9 јануари 2018 година.

Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри.

На таванот на тунелот има LED осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачот.

Тоа е дел од автопатот Чангжу-Вукси долг 43,9 километри, кој исто така беше пуштен за сообраќај во четвртокот, пишува Klix.ba.

Овој автопат е алтернатива за патниците кои патуваат помеѓу Шангај и Нанџинг.

Новиот автопат има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху, како и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангце.

За потсетување во Македонија автопатот Кичево – Охрид се гради веќе седум години, без абер за негово завршување.

(Видео) Тунел од иднината, Архитектонско чудо на Маск:Во него ќе се вози со 250 км/час

Компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, “Боринг” конечно го претстави долгонајавуваниот подземен тунел во Лас Вегас во кој автомобилите би требало да возат со неверојатни 250 километри на час.

Кога Макс го најавуваше тунелот, јавноста семташе дека тој опишува некаков научнофантастичен филм. Имено, се работи за тунел кој се наоѓа под центарот на Лас Вегас, а во кој ќе се возат електричните Тесла автомобили.

Системот е дизајниран така што во еден час може да се транспортираат над 4.000 луѓе.

https://youtu.be/NFWZWDqyV2I