Tag Archives: тужење

Заев му се закани на австрискиот амбасадор дека ќе го ТУЖЕЛ, Пендаровски контра Заев – КАША ПОПАРА !

Целосно се оградувам од  каква било моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите, изјави бившиот премиер Зоран Заев по вчерашното јавно обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Австрискиот амбасадор преку соопштение до медиумите во кое на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во Македонија, со реакција се јави експремиер и екслидер на СДСМ Зоран Заев, чиј член на фамилијата, но и самиот тој се споменуваат во дописот на амбасадорот.

Покрај оградувањето од  каква билоинволвираност во деловниот спор, Заев во реакцијата упатува и порака до австрискиот амбасадор дека ќе се видат на суд, ако повторно го спомене неговото име на ваков начин.

– Целосно се оградувам од  каква биломоја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и која било друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот, наведува Заев во реакцијата, пренесува порталот „Независен“.

– Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, вели Заев во реакцијата.

Пендаровски контра Заев

Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

Вака претседателот Стево Пендаровски ја искоментира вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.about:blank

– И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража – рече Пендаровски.

Градот Скопје ќе ги тужи приватните превозници

Нова тужба за приватните превозници „Слобода превоз” и „Макекспрес” од Град Скопје, поради, како што се наведува, нанесена економска штета врз буџетот на Градот и непочитување на одредби од договорот, што според Град Скопје, довело до негово раскинување.

Од Град Скопје велат нема теми за преговори, особено кога тие се под уцени, и дека бараат укинување на решението за раскинување на договорот кој е раскинат поради прекршување на одредбите од договорот од страна на „Слобода превоз” и „Макекспрес”.

Новиот јавен повик, како што информираат, трае 30 дена и за него, како што велат, има интерес и сите заинтересирани домашни превозници можат да подигнат документација и да аплицираат.

Живoтoт ни e aгoнијa, тaткo ми eм има kaнцep, ем е тeпaн, ем е тужeн

Актерот Стефан Петровски и сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, тврди дека целото негово семејство е под огромен психолошки стрес и доживува траума, затоа што неговиот татко, Бранислав Петровски откако беше претепан и му беше скршен черепот, сега добил и приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој на суд го признал тепањето. Згора на се, претепаниот човек, со години се бори со канцер и прима хемотерапија.

Кривичниот суд Скопје, врз основа на признание на вина, го осудил бизнименот три години условна казна, затоа што со умисла тешко телесно го повредил Бранислав Петровски додека тој со џогер го чистел плочникот пред својот бизнис. Тогаш бизнисменот ја зел в раце металната табла пред дуќанот и му ја фрлил до влезот. Потоа Бранислав Петровски му се обратил со зборовите „Ти не си тој што треба да ми каже дали треба да поставам реклама или не“. Потоа, според пресудата, бизнисменот почнал да го удира со тупаници по главата и лицето, по што Петровски се здобил со набијна повреда, скршеница на јаболчната коска, скршеница на синусот со крвен излив на него, крвен подлив под левото око и истекување на течност низ носот.

Во пресудата пишува дека бизнисменот се кае и дека му е жал што се вовлекол во таква состојба и изречена му е условна казна од три години. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, бизнисменот приватно кривично решил да го гони истепаниот Бранислав Петровски. Притоа, како што тврди синот на претепаниот скопјанец, Стефан Петровски, – бизнисменот бил и да извади лекарско уверение кое се однесува за истиот настан, и тоа го направил месеци откако настанот завршил.

Тој е разочаран од правдата во државата, и прашува како за ист настан може да има две пресуди, едната дека бизнисменот го тепал татко му, а втората да се води постапка дека сеслучило обратно.

Целиот видео разговор со актерот Стефан Петровски во кој тој ја раскажува семејната агонија, погледнете го во продолжение Слободен печат.