Tag Archives: убивање

НЕМОЈТЕ НА НАПРАВАМ ХАОС! НЕ САКАМ ДА ОДАМ ВО ЗАТВОР: Марија Шерифовиќ збесна !

Марија Шерифовиќ остро го осуди злоставувањето и убивањето животни!Пејачката Марија Шерифовиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот.

Како голем поддржувач на вистината и правдата, пејачката остро го осуди злоставувањето и убивањето животни откако на социјалните мрежи се појави грозоморно видео.

– Навистина немам зборови, немам текст, ти си толку одвратен, болен, пореметен, наопаку, злобен и одвратен што немам зборови за човечки суштества! Апелирам до секој одговорен за оваа состојба и до институцијата која добива пари за тоа. Посакувам личноста која го направи ова да не го види утрото! Овие работи се толку лоши и страшни, а за некои тоа се само кученца… Болни луѓе – рекла бесната Марија, а потоа додала:

– Не дозволувајте да одам во Бор и да создавам хаос. Не сакам да одам во затвор! Само сакам некој чија работа е да го реши проблемот!

Да потсетиме, минатото лето веста за неочекуваното однесување на Марија Шерифовиќ, која не можеше да ги контролира емоциите на јавно место среде ноќ, кога доби лоша вест, а таа проговори за тоа, звучеше како бомба во медиумите.

Талибаните yбилe двајца за ПУШТАЊЕ МУЗИКА на свадба

Талибански борци застрелале двајца гости на свадбена свеченост бидејќи пуштале музика, соопштија во саботата локални челници и очевидци, а овој чин го осуди привремената влада во Кабул составена од првенците на радикалното исламистичко движење Талибан.

Лице блиско на жртвите изјавило за локалните медиуми дека припадници на талибанската милиција отвориле оган на свадба во градот Сорхуду, на истокот на Авганистан, откако ги затекнала сватовите кои слушале авганистанска музика и убиле двајца од нив а уште двајца раниле.

Талибаните ја забранија секоја музика која не е верска во перидот на минатото владеење со Авганистан од 1996 до 2001 година. Иако новата нивна влада, која дојде на власт кон средината на август годинава по повлекувањето на странските сили предводени од САД сѐ уште не донесоа никаков закон за тоа, и натаму смета дека неверската музика не е во согласност со исламскиот законик.

„Младите пуштаа музика во друга просторија, тројца талибани дојдоа и пукаа во нив. Двајцата ранети се во тешка состојба“, рекол очевидец.

Кази Мула Адел, портпарол на локалните власти во покраината Нангахар го потврдил инцедентот без да наведе други поединости.

Поранешниот воен портпарол на талибаните а сега заменик министер за култура и информации Забиула Муџахид не ја потврдил за AFP веродостојноста на инцидентт, но додал дека талибаните не го одбруваат таквото насилство.