Tag Archives: ученик

(Фото) Ова е ученикот кој пукаше на своите соученици во Белград: Еве како го изнесуваат по крвавиот инцидент

Страшен инцидент се случи утринава во 8:40 часот во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар, кога ученик (14) пукаше и уби работник на обезбедувањето.

Во престрелката загинаа неколку ученици, а има и повредени.

На фотографиите можете да го видите момчето кое пукаше во училиштето, а кое полицијата го носи по страотниот инцидент.

До сега има осум убиени лица.

Како што се дознава, едно дете веќе е на операционата маса. Има повреди на главата и неговиот живот е во опасност.

Други две деца се со прострелни рани и се на интензивна нега.

Фото: Немања Јовановиќ/Нова.рс

Наставничка од Гостивар пријавена в полиција дека истепала ученик

Вчера во 16 часот Џ.Б.(45) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во гостиварско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од наставничка.

Од полицијата велат дека се расчистува и се документира случајот.

(ВИДЕО) Нов СКАНДАЛ во Србија: Се степаа ученик и наставник во Смедерево

Вистински хаос се случил во училиште во Смедерево, Србија, дошло до тепачка меѓу ученик и наставник.

Инцидентот се случил кога наставникот му го одзел мобилниот телефон на ученикот кој го користел на часот.

Еден од учениците го снимил целиот инцидент кој се случил на часот по математика, а видеото се појави и на Твитер.

Ученик ја згазил од брутално тепање професорка која му го земала Нинтендото (Видео)

На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишно момче како трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот.

Ученикот, за кој Њујорк пост пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст.

Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш била пренесена во локалната болница.

„Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.

Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле професорката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот.

Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување и викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште.

СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Професорка нападната од ученик (Видео)

Настанот се случил во Октомври 2019 год, нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот,не преземала соодветни мерки!

Канал 5 ТВ како општествено одговорна компанија , бара од МВР уште вечерва да почне да го разрешува случајот , за кое добивме и видео, и за кое добивме и одредени податоци, од кои се гледa и се слуша дека ученикот кој снима зборува на албански јазик ( што е тотално ирелевантно за настанов, можел да зборува и кинески ако сакал ), а податоците кои ни се доставени и кои ќе бидат анонимни засекогаш за јавноста се следниве:

– Малтретираната професорка е со иницијали Б. С. од ОСУ „Јовче Тесличков“

– идентитетот на учениците кои ја малтретираат не е познат

– Настанот/булингот се случува во економското училиште во Велес – “Јовче Тесличков”

– Тогашната директорка на училиштето била лицето со иницијали О. К. а сегашен директор на истото училиште е лице со иницијали В. Т.

Уште еднаш ја потенцираме важноста на одговорните институции, обинителството и судовите дека толеранција за вакви настани не смее да постои, и бараме од МВР ургентно да почне да го разрешува овој срамен за професорската фела, но и за нашата држава , чин.

Лицето кое ни ги достави овие информации и самото видео, ќе остане анонимно, но познато само за редакцијата на Канал 5 ТВ и за надлежните институции.

Професор му даде снижување на ученикот за Black friday (Фото)

Нашите ученици некогаш можат да бидат крајно креативни или да си го „добијат“ од професорите. Една таква ситуација се врти на интернет па решивме да ви ја пренесеме:

Македонски ученик се обиде на духовит начин да го освои својот професор, па на писмената работа наместо она што се бара, му „објасни“ на професорот дека не му бил денот, бидејќи вчера било Black Friday.

– Професоре, извинете ама не ми беше ден, ама нели Black Friday е, напишал ученикот и додал смајли емотикон на крајот од својот „голем труд“.

Но, професорот не падна на оваа финта, па откако првично му ставил Доволен (2-), доле допишал:

-Во прилог на Black Friday еве ти снижување, напишал професорот, при што ја пречкртал првичната оценка и му напишал Недоволен (1+).

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети.

На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

Одбраната на професорот тогаш побара укинување на мерката притворот со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

– Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос.

Дeтaли за профecopoт кој со мeтaлeн предмет пpeтeпa учeник

Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи.

Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање.

– Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози.

Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место.

Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција.

Наставник кој физички нападна ученик во основно училиште во Бутел ќе оди на дисциплинска комисија

Овој случај е пријавен во полицијата.

На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како возрасен човек тепа дете во училница. Прво му удира две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш, а потоа го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја.

Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште.

Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.

Даниел од Прилеп од 48.125 yченици од cветот влезе во финалето на Меѓунapoдниот натпpeвap по англиcки jaзик

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo English Language Olympiad, на кој учествуваа 48,125 учецници од 42 земји, ученик од ООУ “Климент Охридски” Прилеп се пласираше во финалето.

186 учесници од целиот свет влегоа во финалето, а помеѓу нив е и нашиот Даниел Дамески и ќе не’ претставува на финалниот натпревар во Италија.

Под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, Даниел ќе ги претставува Прилеп и Македонија, а неизмерно сме горди на вакви вредни ученици.

Даниел со среќа!

Маркукуле.мк