Tag Archives: училишта

Тасевски: Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Пак закана со бомба во основното школо Војдан Чернодрински.

Таче и ти Обиџуко сте тотални идиоти. Поради вашата епска неспособност, најубавиот дел од нечиј живот го претворивте во пекол. Оној на основците и средношколците.

Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Таче, а ти бе копито преживарско? Тебе ова ти е у реду со заканиве? Да не ти е смешно? Уште ти е згодна жена ти после вакви закани? Си уживаш во животот премиерски?

Со месеци трае овој терор, кој верувам дека е добро осмислен, а вас мува не ве лази. Толку сте сигурни дека еднаш нема да пукне некоја од бомбите? Ако сте толку сигурни, тоа значи

дека овие закани се со ваше знаење, со приказна зад нив што ви е од корист. Во тој случај, зрели сте за посебен третман.

Еден ден.

А сега сте зрели за заминување.

Доста ви беа пет години во кои се изживувавте и го понижувавте овој народ.

Собирајте парталите.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

Плачат децата во основните училишта во скопски Аеродром поради нови дојави за бомби!

Со плачење ми се јави, бараше одма да ја земам дека ќе пукнела бомба“, вели родител чие дете посетува настава во Аеродром.

Меѓу нив е и основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче. Дојави за бомби добиле и училиштата „Александар Македонски“, „Браќа Миладиновци“ и „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.

Учениците се евакуираат, a полициските екипи се на терен.

Во моментов точниот број на училишта кои утринава добиле заканувачка порака за поставена бомба не е познат.

Од МВР потврдуваат дека утринава добиени се дојави за бомби во училишта, а во тек се проверки.

Весна Бејби се напна од дојавите за бомби – МАРШ БРЕ СИТЕ ДО ЕДЕН!

Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Познатата глумица Весна Петрушевска во видео раскажа низ што поминуваат граѓаните по овие дојави и им порача, на неспособните власти Марш ….

Видео:

https://fb.watch/hmUweq6MXj/

ОТКРИЕНО Е КОЈ СЕ ЈАВУВАЛ ЗА БОМБИТЕ

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина.

Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР-Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

Со цел обезбедување на докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице.
Врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот., а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта.

На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

ЗАКАНУВАЧОТ: 15.000 евра за да не загинат средношколците!

Дојави за бомби повторно испразнија 7 скопски средни училишта. Заканувачот во пораката барал откуп од 15 илјади евра. Во спротивно ќе експлодираат бомби кои нема да направат штета, ама ќе има многу жртви, стои во меилот. Притоа не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја изврши исплатата.

Ваква закана добиле „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“. Веднаш по пријавите, учениците беа евакуирани, а полицијата со антитерористички проверки утврди дека сите дојави се лажни.

Министерот за внатрешни, пак, очекува разрешница за брзо.

„Институциите се максимално посветени во овој дел и јас очекувам скоро, велам многу скоро, за многу кратко време да имаме реализација за откривање на еден од сторителите“ – Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Она што засега е познато е дека заканувачките пораки се испраќани од идентични имеил адреси од странство.

Стендап: Четврта недела по ред неколку скопски средни училишта имаат дојави за бомби. Досега сите закани за експлозивни направи се лажни.

Наставата низ училиштата се прекинува веќе 8-ми ден, а од МОН веќе побараа училиштата самите да најдат начин како ќе ги надополнат изгубените часови.

Ковид протоколите ги смрзнаа учениците: Родителите коментираат – Пола класови болни, а пари за лечење ?

Родителите коментираат дека децата заради Ковид протоколите им се смрзнати затоа што треба да се проветруваат училниците од Ковид.

-Да на ова ладно време со отворени прозорци промаја не фати и децата и професорите и пола клас болни, а пари за лечење Мила нека даде, никој нема одвишок пари да дава за нивните протоколи, вели родител.

-Сите прозори им се отворени и врата од училница, промаја, катастрофа се смрзнуват, да се затворат во овие ладни месеци и здравје во март да продолжат со физичка присутност, коментира родителка.

-Сите смрзнавме и наставници и ученици, коментира наставник.

-Мизерија сме, глупав народ, не пуштај дете во школо и готово … ама !- коментира родител.

Д-р Даниловски: Во Германија на учениците секој втор ден им се даваат бесплатни и брзи тестови за дома

Ми се виде интересно и го споделувам јавно, зашто низ содржината можеме да стекнеме (груба) претстава како успешно функционира наставата во живо во тамошните училишта, со секојдневно имање увид во епидемиолошките ризици и со мерки за нивно минимизирање. Како до увид? Тајната е во честото тестирање – секој втор ден – и тоа, дома! Настрана маските, проветрувањето, хигиената… И нам урнек да ни биде…, објави епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, на својот профил на социјалните мрежи, за тоа како изгледа наставата во германските училишта.

Тој го објави целото писмо од германскиот министер за образование, Грант Хендрик Тоне, до родителите и чуварите на законот.

Минатата недела добивте информации од мене за почетокот на новата учебна година. Некои од вас ми напишаа дека не се согласуваат со одредени мерки. Затоа, би сакал повторно да ги објаснам одлуките.

Можам да разберам дека некои родители се незадоволни од тоа што нивните деца треба да носат маска на час. Но, постојат добри причини за тоа: Во моментов, бројот на инфекции нагло се зголемува, особено кај децата и адолесцентите. Тоа нема никаква врска со училиштето, бидејќи беше затворено за време на празниците. Но, тоа има влијание врз почетокот на новата учебна година; тука треба да бидеме особено внимателни. Сакаме сите деца и млади луѓе да можат да одат на училиште. Токму ова ни го кажаа учениците – сакаат да одат на училиште, сите и заедно.

Затоа поставивме специјална „заштитна мрежа“:

1. Повеќе тестирање!

Првите седум училишни денови се тестираа секој ден, потоа три пати неделно. Тестовите ќе продолжат да се дистрибуираат бесплатно од училиштето. Секој што е вакциниран или оздравен не мора да се тестира. Ова го препорача Државниот завод за здравство.

2. Маска и на час!

Маската е особено корисна за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа спречува цели часови да не мора да бидат ставени во карантин. Ниту едно дете не треба да носи маска цел ден. Секогаш има паузи – во училишниот двор, додека јаде, на часови по јазик. Колку се помлади децата, толку почесто ќе има паузи додека ја носат маската.

3. Редовно проветрување!

Дури и ако има уреди за вентилација во училницата, проветрувањето мора редовно да продолжи да се спроведува. Овие уреди можат само да го надополнат проветрувањето од прозорците, а не да го заменат. Тие, исто така, не спречуваат носење маска.

Во новата учебна година веќе не е можно учениците да бидат ослободени од настава во училница, затоа што не сакаат да бидат тестирани. Оваа опција е достапна само за деца и адолесценти кои припаѓаат на ризичните групи според РКИ (Robert Koch-Institut) и за оние:

• кои се во 1-6 одделение или

• кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или

• ако на нивното училиште е изречена мерка за заштита од инфекција од страна на здравствениот оддел.

Задолжителното школување продолжува да важи – не е на родителите да одлучат. Во изминатите неколку месеци, тестирањето дома е добро воспоставено, процесите се одамна познати и децата и адолесцентите се запознаени*. Ништо во врска со тоа нема да се промени, ако биде потребно да се прават повеќе тестирања.

Сите мерки – вентилација, техничка поддршка за проветрување преку прозорци, маска, тестирање, миење раце и фиксни студиски групи – функционираат заедно како парчиња од сложувалка. Секоја индивидуална мерка сама по себе не е доволна за заштита од инфекција, но сите заедно гарантираат дека училиштата се безбедни и дека наставата во училница може да се одвива за секого – и тоа е и ќе остане нашата декларирана цел.

Задоволен сум што особено голем број млади луѓе на возраст од 12 години во Долна Саксонија ја користат понудата за вакцинација. Притоа, тие исто така придонесуваат за безбедноста во училиштата. За сите што би сакале да се вакцинираат, специјалната кампања за вакцинација со многу понуди во моментов се одвива низ Долна Саксонија. Можете да најдете детални информации, локации и датуми на следната врска: (линк)

Сегашната регулатива важи до 22 септември 2021 година. Ние веќе работиме на следните чекори. Нашата цел е постепено да се откажуваме од маската на час – почнувајќи од најмладите во основно училиште. Работиме на тоа напорно. Сакаме да им понудиме на учениците што е можно повеќе нормалност: Тоа треба да започне со сигурна посета на училиште, доколку е можно да не биде прекината со карантин. Потоа сакаме постепено да ги намалуваме ограничувањата.

Барам ваша поддршка во овој поглед. Разговарајте за мерките со вашето дете, охрабрете го ако не е сигурно и придружувајте го со љубов, како што можете само вие како родители и законски старатели! Заедно успешно ќе ја преживееме оваа фаза од пандемијата! Грижете се за себе и бидете ми здрави!

– Секој втор ден на децата им се даваат брзи тестови за дома. Сабајлето на секој втор ден, пред тргнување на училиште, родител го тестира детето, на посебно дадена листа го внесува резултатот на тестот и става потпис. Во училиштето наставниците ги прегледуваат листите и тие ставаат свој потпис. Тестовите се бесплатни.

Д-р Марковски: Децата да одат во училиште, ама МАСКИ да НЕ НОСАТ, зашто маските можат да ги зголемат шансите од горнореспираторни ИНФЕКЦИИ

Професорот и инфектолог во врска со состојбата со Ковид и почетокот на учебата година со физичко присуство д-р Вело Марковски со свои ставови:

Децата да одат во училиште, пишува докторот.

Одлуката за почеток на учебната година со физичко присуство за учениците во основните училишта е сосема оправдана.Кои се научните сознанија и дали децата помалку се разболуваат од КОВИД 19. Од почетокот на пандемијата евидентно беше дека децата воопшто не се разболуваат од КОВИД 19 и ако се разболат поминуваат со лесна клиничка слика.

Бројни епидемиолошки студии потврдија дека и кога се разболуваат скоро никогаш во едно семејство не се разболува детето/децата. Што значи дека воопшто не е оправдана згариженоста дека децата се тие кои ќе го пренесат САРС КоВ 2 вирусот на возрасните. Науката се потруди да даде научно објаснување зошто е тоа така. Иако сеуште дефинитивно не е сигурно кое е научното објаснување, се почест е ставот меѓу научните кругови дека тоа се должи на различната хистолошка градба на респираторниот епител кај децата за разлика од возрасните. Поголема генетска импресија за интерферон алфа кај децата, разликите во базалниот епител, можност а за многу побрз раст на базалниот епител кај децата…се само дел од разликите во хистолошката градба. (https://www.biorxiv.org/…/10.1101/2020.04.20.027144v1.full)

Голем број на научници тргнаа да бараат и разлики во бројот на рецепторите за САРС КоВ 2 вирусот. Имено, се знае дека рецептори за кои се врзува САРС КоВ 2 вирусот се АЦЕ 2 рецепторите кои ги има на повеќе клетки во организмот (респираторен епител, дигестивем епител, бубрези, крвни елемнти…) Општо познато е дека вирусот надвор од клетка не може да опстане а за влез во клетка му се потребни рецептори (места за кои може да се врзе и да влезе во клетката). За влез во респираторни клетки потребно е присуство на АЦЕ 2 рецептор (ензим за конвертирање на ангиотензин 2) и и трансмембранска серинска протеаза 2 (TMPRSS2). Бројни научни трудови во престижни списанија објавија резултати од нивни истражувања со кои докажуваат дека бројот на овие два рецептори во горнореспираторниот епитле кај деца е двојно помал од оној кај возрасни. Исто така, кај деца е двојно помал и бројот на овие рецептори и во алвеоларниот епител (долнореспираторен епител)(https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7263492/) (https://www.nature.com/articles/s41598-021-88944-8.pdf…) (https://fn.bmj.com/…/13/archdischild-2020-321334.full.pdf)

Што значи ова?

Ако нема доволно рецептори вирусот не може да влезе во потребниот број од инфективната доза и затоа децата не се разболуваат. Немањето доволно рецептори во алвеолите исто така објансува зошто децата кои ќе се разболат не развиваат пневмонии. Од друга страна, овој статистички значителен, помал број на рецептори за САРС КоВ 2 вирусот е причина за многу подолга инкубација (ако сепак вирусот навлезе во респираторен епител на децата), покрај подолгата инкубација, значително се продолжува времето на ослободување на генерации вируси кои би се размножиле во клетката, ова значително помало ослободување на вируси кај инфицирани деца значи децата купуваат време и на овој начин, имунолошкиот ситем успешно се справува со овој не многу голем број на вируси. Крајниот резултат е или болест со лесна клиничка слика или тивко имунизирање без симптоми.

Значи да резимирам, постојат научно потврдени докази зошто децата не се разболуваат од КОВИД 19 или ако се разболат поминуваат со лесна клиничка слика, и второ поради ова децата не се ризик ни за разбилување на возрасните. Сосема спротивно е кај грипот, каде децата се главните пренесувачи на болеста, но ова е друга болест, од друг причинител и со други патогенетски механизми и затоа не можат и не важат епидемиолошките мерки кои ги споведуваме за грипот.

Ова се научните согледувања и сосема е оправдано децата да одат во училиште. При тоа треба да се обезбедат услови за настава во помал број, на пример одделенијата да не бидат поголеми од 15 деца (во две училници по 15 деца) да се скраат часовите, да се зголемат одморите, наставата да се изведува со отворени прозори или во школските дворови се додека дозволуваат временските услови. Треба да се мери телесна температура секој ден, да има обезбедено услови за дезинфекција на раце, течен сапун во секое ВЦ… Маски децата да не носат. Зошто, затоа што маските не се потребни за заштита од САРС КоВ 2 вирусот ( децата немаат или имаат мал број на рецептори) а маските можат да ги зголемат шансите од горнореспираторни инфекции од бактериите кои децата ги носат како свој анормална флора.

Не е безначајно да се подсетиме дека до 40% од децата (од регион до регион, од студија до студија…) во горнорпсираторните патишта носат стафилококус ауреус, покрај другите условно патогени бактерии. Секако, и ние можеме да дадеме придонес во науката со тетсирање на децата на присуство на антитела, односно во колкава процент нашите деца се самоимунизирале кон КОВИД 19.

Од сето ова јасно е дека и вакцинирањето на децата е сосема не потребно а поради значителен процент на нескаани ефекти од поедини видови вакцини, вакцинирањето може да има штетни последици.

Пишува: Проф др Вело Марковски

Д-р Беќаровски: Парите за реклами за ИЗБОРИ пренаменете ги за БРЗИ ТЕСТОВИ за во скопските УЧИЛИШТА

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со статус на Фејсбук упати апел до сите кандидати за градоначалниици на Скопје и истакна дека тие треба да се откажат од парите за реклами и рекламенн материјал во престојната кампања и да се пренаменат за брзи тестови за Ковид19 за скопските училишта.

Почитувани КАНДИДАТИ за ГРАДОНАЧАЛНИК на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази … Парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, ПРЕНАМЕНЕТЕ ГИ ЗА БРЗИ ТЕСТОВИ за Ковид-19, ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА !!!!! Само така може да ме предомислите на 17-ти октомври да не “правам ајвар” – напиша докторот.

Забранет ФИЗИЧКИ КОНТАКТ меѓу учениците, со ТЕМПЕРАТУРА над 37,4 се праќаат дома: Објавен Протоколот за настава

Ученици од основните училишта во земјава го добиле протоколот според кој ќе се реализира наставата со физичко присуство во учебната 2021/2022 година. Протоколот има 38 точки.

Забрана на било каков физички контакт и поздравување помеѓу учениците и вработените во училиштето, за температура повисока од 37,4 степени учениците се праќаат дома, забрана за родители за влез во училиштето, редовно миење и дезинфекција на раце, се само дел од правилникот.

Информација околу тоа колку време ќе трае училишниот час, нема.

Голем број на родители се скептични дека учениците ќе можат строго да се држат до одредените протоколи. Од неформалната група на родители кои се за онлајн настава, изминатиот период во повеќе наврати апелираат дека е премногу ризично децата да се вратат во клупите со овие бројки на новоинфицирани и починати лица од корона вирусот.

Тие потсетуваат на ставот на министерството за здарвство дека во овој бран, на удар се помладите и бараат учебната година да почне со онлајн настава, се додека не се стабилизира состојбата. И голем број на епидемиолози од земјава ги поддржаа родителите кои сметаат дека физичкото присуство во училиштата треба да биде одложено и покрај тоа што од министерството за образование уверуваат дека се создадени услови за враќање на учениците во клупите.

Во продолжение протоколот за новата учебна година во основните училишта.

1. Наставниот процес во учебната 2021/2022 година се одвива со физичко присуство во училиштето.

2. Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

3. Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение.

4. Распоредот за влез/излез се истакнува на видни места во училиштето.

5. На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно- информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.

6. Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитнa маскa и дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици во училиштето.

7. На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник кој му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.

8. За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.

9. На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соодветни здравствени мерки. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.

10. На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

11. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

12. Родителите/старателите/ ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.

13. Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравување меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.

14. Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.

15. Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено.

16. Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

17. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија, без можност за мешање на ученици од различни паралелки во иста училница;

18. Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.

19. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

20. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.

21. Во случаите на кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците, се воведува систем за еднонасочно движење на учениците и контролирано излегување и влегување во кабинетите. По излегувањето на едната група ученици, задолжително се проветрува просторијата и се врши дезинфекција , по што се дозволува влез на втората група на ученици

22. Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).

23. Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

24. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

25. Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувални, училишните трпезариии другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

26. Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.

27. Во основните училишта каде има продолжен престој, потребно е истиот да биде организиран во рамките на расположливите просторни капацитети и да се реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение (без мешање на децата од различни одделенија или паралелки).

28. Учениците кои носат оброк/храна од дома треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.

29. Храната која се подготвува во училишните кујни за децата со продолжен престој, треба да биде со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдена со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од Ковид 19.

30. Послужувањето на оброците се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.

31. Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

32. Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки(пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).

33. Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

34. Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

35. Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

36. Доколку во училиштето се појави заболен од Ковид-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од Ковид-19,лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

37. Ако ученик развие симптоми на Ковид-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

38. Доколку се потврди дека ученик е заболен од Ковид-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.