Tag Archives: украсување

Ресторан од Скопје си накитил преубаво – Но, половина мечиња УКРАДЕНИ, а едно со ПРЕСЕЧЕНА ГЛАВА (Фото)

Последната објава на ресторанот „Дрен“, уште еднаш сведочи дека се уште постојат луѓе кои не знаат да уживаат и да го ценат тоа што е убаво околу нив. 

Познатиот скопски ресторан на инстаграм објави фотографија на која се гледа дека убавите мечиња кои се дел од новогодишното украсување целосно се уништени. Убавото новогодишно украсување кое беше вистинска атракција во овој дел од Скопје, сега е целосно уништени. 

„Е, ова е нашата државичка за жал. Половина меџиња се украдени, а едно крадејќи му ја пресекле главата“, стои во инстаграм објавата. 

За жал ова е уште еден настан кој не заслужува дополнителен коментар. 

КРИВА ПАЛАНКА е НАЈУБАВО УКРАСЕН ГРАД во Македонија

Општина Крива Паланка заврши со новогодишното украсување  и, како што вели градоначалникот Сашко Митовски, и годинава ќе биде најубаво украсен град во Македонија. Додека во Скопје градоначалничката Данела Арсовска нема поставено ниту еден новогодишен украс и светилки, целиот центар на Крива Паланка е украсен и осветлен. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси, има куќички за продажба на пијалоци, храна, новогодишни украси и подароци.

Градоначалникот Митовски вели дека за новогодишниот амбиент на градот не се потрошени буџетски пари, туку украсите се донација на компании и граѓани кои се по потекло од Кирва Паланка, а живеат во странство.

„Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот“, вели Митовски за Сакам да кажам.

Линк до фотографии:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02rbmY7RTSDR6vhxSZKrwhAiii8tqkjgNjZhPimq3BCK3qWLKgt7GqQmkFBHf6Y9vol&id=100067123301845&mibextid=Nif5oz

Новогодишно украсување на домот без елка

Во пресрет на новогодишното славење сите сакаме да го украсиме домот, повеќето сакаат да постигнат раскошна новогодишна бајка со елка, многу лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, разни божиќни орнаменти…

Но, постојат и такви кои што сакаат суптилно украсување и наместо елка во домот ќе постават гранка накитена со новогодишни мотиви или дрвени прачки на кои ќе наредат украси (лампиони, шишарки, хартиени орнаменти, па дури и исушени парчиња од портокал).

Еве неколку идеи за поинакво празнично украсување и скоро сите можете само да ги направите.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Куќа во Канада украсена со над 200.000 божиќни украси

Куќа во Канада е украсена со повеќе од 200.000 божиќни укрси.

Сијалички и разни божиќни украси ја красат оваа куќа како дел од божиќна традиција.

Куќата е лоцирана во улицаѕа Рае, а граѓаните ја нарекуваат „Чудо“. Оваа куќа може сите да ја посетат и бесплатно да уживаат во божиќните песни, а собраните прилози се подаруваат во народната кујна.

Oхрид мaгичeн вo пpecpeт нa Нoвoгодишнитe пpaзници (Фoтo гeлepиja)

Охрид заблеска во Новогодишниот сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.

Прилепски пожарникар со предлог: Парите за новогодишно украсување да се дадат на луѓето кои ги изгубија домовите во пожар

Прилепски пожарникар со предлог парите за новогодишно украсување да се дадат за семејствата чии домови изгореа во пожар.

Предлог…
До Др. Борче Јовчески , градоначалник на Општина Прилеп … Мојот градоначалник … 🤝
Се наближуваа нова година и празници во кои градот секоја година троши одредена сума на пари за украсување прослава и слични ново годишни “Кич” настани… 🎇
Мој предлог е…
Сите стредства кои треба да се потрошат за таа работа да бидат пренаменети за помош на семејства кои му е добре дојдена парична помош… 💶
На пример…
Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа бес покрив над главата… нивните домови настрадаа од Пожар, тие семејства ден денес се мачат да обезбедат Дом за себе…
Сите сакаме да сме солидарни па еве можност да покажиме дека сме…
Да се помогне е подобро Нели?!
❤️
Како Пожарникар 👨‍🚒 при Pozarna Prilep Tppe Прилеп…
Бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови… 🔥
а сум и запознаен со проблемите на тие семејства… 📉
заради тоа Сега ја потегнувам оваа иницијатива… 👍
Да се направи добро дело за нашите сограѓани да можат повторно да имаат свој дом…
💖 Пишува пожарникар Блаже Јовески.

Арсовска ГО РАСКИНА договорот на Шилегов за УКРАСУВАЊЕ на Скопје

Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

Причина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија.

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа лус“ и чини 240.000 евра.