Tag Archives: Вагон

ДЕВОЈЧЕ ЗАВРШИ НА УРГЕНТЕН – за да снима Тик Ток видео се качила на вагон кај Маџари и добила струен удар!

Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица. Медиумите јавуваат дека 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ.

Според Канал 5, деовојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобилеа со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници.

Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.

ЛОША ИДЕЈА ЗА СЕЛФИ: Тинејџер сакал да се слика на вагон, го удрила струја

Mалолетник од Куманово е повреден од струен удар откако се качил на воз за да се фотографира, соопшти СВР Куманово.

Како што соопшти полицијата, вчера во 17 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Куманово со повреди бил донесен малолетник. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повреди од струен удар при обид да се качи на вагон на железничката станица во Куманово, за да се фотографира.

Увид на место извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Tpaгeдиja зapaди ceлфи: 20 гoдишнo мoмчe oд Bojвoдинa ce кaчи нa вaгoн, гo yбиja 25.000 вoлти

Бојан Алексиќ (20) од Кленак, Војводина, почина вчераутро околу 3 часот на железничката станица во Рума, кога од засега непознати причини се обидел да се качи на товарниот воз, од кој бил погоден од електрична енергија од контактната мрежа од 25 000 волти.

Младиот човек почина веднаш, а „Инфраструктура на српските железници“ и компанијата „Србија карго“ изразија жалење за трагедијата што се случи и изразија сочувство до семејството на жртвата Алексиќ.

Според неофицијални информации, Бојан се враќал таа вечер со уште еден пријател од прославата на Ѓурѓовден. Двајцата пристигнале на железничката станица во Рума, област во Војводина, и го чекале возот за Шабац, кој поминува и застанува на железничката станица во Кленак.