Tag Archives: Василица

Зошто на празникот на Свети Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник

Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

Маченикот Меркуриј

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и свети Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната «василопита», свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Бигорски.мк

Се слават три празници во еден-Василица, Мал Божиќ и стара Нова година

Четиринаесетти јануари (први јануари според стариот календар) е празник на Малиот Божиќ (Василица) и Српската Нова Година.

Василиј православните го слават како празник за крштевање, а Грците и Русите како именден.

Кога 1 јануари беше земен како календарски почеток на новата година, Малиот Божиќ почна да се смета за стара Нова година.

Многу обичаи се поврзани со овој ден, а постојат и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

Многу ритуали и акции на Божиќ се повторуваа или го имаа својот последен дел на Малиот Божиќ, така што и овој ден е полн со повеќе ритуали.

Насекаде низ Македонија било вообичаено да се палат огнови на раскрсниците, што освен прочистувачкиот ефект има и улога на зајакнување на сончевата светлина и топлина.

Се меша и посебен ритуален леб, наречен василица, чие име се однесува на името на Свети Василиј (или Василица), кое се празнува на истиот ден.

Новата година треба да се дочека буден, па за време на ова бдение многу девојки погодуваа дали ќе се венчаат таа година и со кого ќе се омажат. Меѓу овие загатки, особено е интересно гатањето на девојките: пред зори се качувале на таванот и ги фрлале чевлите надвор од вратата, па ако чевлите, кога ќе паднат, се насочени подалеку од куќата – тоа е знак дека ќе тргнат во тој правец, т.е. се омажи.

На Малиот Божик, на 14 јануари (Василиј) повторно се внесува елката, пак доаѓа поштарот, а на трпезата е главата од бадниковото печење, кое се чува до тој ден.

На денешен ден во сите цркви се служи литургија на Свети Василиј Велики, чиј спомен Црквата го празнува и на првиот ден од Новата година.

Според историското и црковното предание, свети Василиј се упокоил во 379 година, на 50-годишна возраст. Тој живеел во времето на царот Константин, кој ја официјализирал слободата на исповедањето на христијанската вера.

Свети Василиј Велики ја открива мерката на постот: Значењето на духовното и телесното одрекување!

Василиевата богослужба, која ја напишал самиот светител, се служи, според канонот на МПЦ, 10 пати годишно – на 1 јануари, во пресрет на Божик и Водици, во сите недели на Великиот пост (освен Цветници). ), на Велики четврток и Велика Сабота.

Зачувани се многу теолошки и апологетски дела на Свети Василиј, кого МПЦ го празнува и на 12 февруари (30 јануари според јулијанскиот календар) – празникот на Светите тројца Архиереи.

Вечер е Стара нова година, а утре Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Свети Василиј Велики – Василица нека е среќна слава и име

 Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен, петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа свети Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник.

Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики потполно заслужено.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата – апологетски, богословски, подвижнички и канонски, како и литургија наречена според неговото име.

Василиевата литургија се служи десет пати во годината: во неделите на Великиот Пост, на денот на свети Василиј, наспроти Божик и Богојавление, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Во Охрид василичарски оган под вода (ВИДЕО)

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган кај музејот на вода, со кој ја најавија Старата, односно Православната Нова Година.

На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите.

За потсетување, тие исто така секоја година традиционално китат и новогодишна елка во водите на Охридското езеро, па така беше и оваа година, непосредно пред прославата на 31 декември.

Бигорски манастир: Лепче со паричка за Василица, а не за Бадник

Тра­ди­ци­о­нал­но, во Ма­ке­до­ни­ја се­мејс­тво­то се со­би­ра на ве­че­ра на Бад­ник. Се под­го­тву­ва бо­га­та тр­пе­за иск­лу­чи­тел­но со пос­на хра­на: пи­ту­ли­ци, сар­ма, грав, ком­пир, ри­ба, зел­ник, овош­је и дру­го, што тре­ба да обез­бе­ди бо­гат род на зем­јо­дел­ски­те кул­ту­ри во следната го­ди­на.

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Свети Василиј Велики бил епископ на Кесарија и живеел во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.”

Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита”, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.