Tag Archives: велосипедскапатека

РАЧНО КРЕНАА АВТОМОБИЛ ОД ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА (Видео)

Активисти на „Зелен хуман град“ денеска рачно кренаа автомобил паркиран на велосипедска патека.„Не ни е прв пат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите.

Од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, решивме да покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат, стои во објавата.

По Скопје, Велеград стана и Гевгелија (Фото)

Гевгелија вчера. По Тетово и Охрид имаме уште еден град каде само се нанесува боја за да се нарече велосипедска инфраструктура.

Како и што видовме во Тетово, Охрид и во Скопје пред почетокот на Скопје Велоград, цртање боја не прави безбедна инфраструктура.Пред се потребно е да се смени подлогата (да не биде со дупки, распукан асфалт и потонати шахти), а понатаму потребни се физички препреки за да може безбедно да се возат велосипедите.

Се друго е импровизација која не ја зголемува безбедноста, дури и може да води кон обесхрабрување од изведба на пообемна и квалитетна вело инфраструктура бидејќи постојната нема да се употребува.Истото важи и за скоро бескорисните спирални паркинзи за предно тркало, истото важи и секоја супстандардна импровизација.Затоа бараме од Министерство за Транспорт и Врски, во соработка со Град Скопје и останатите општини конечно да го донесе Правилникот за планирање, проектирање и изведба на велосипедска инфраструктура на кој имаме работено и стои во фиока веќе преку 5 години. Се дури не се донесе правилник кој би ги обврзувал изведувачите и планерите, ќе гледаме вакви супстандардни решенија кои служат единствено за фалење од страна на општинските власти. P.S.

Од сликите не може да се види убаво, но ни изгледа како широчината на лентата да е околу 1 метар, а минималната дозволена за велосипедска ЛЕНТА од последниот Правилник за урбанистичко планирање донесен во 2020 изнесува 1,5 метри. Во некои држави минимумот е повисок (1,75 метри, 2,2 метри итн) , а 1,5 метри смее да се користи само во исклучителни ситуации со докажување дека на ниеден начин не можела да се примени поширока лента. 1,5 метри е минимална потребна широчина за 1 велосипед во која ќе може комотно да маневрира, да избегнува нерамнини, да одржува рамнотежа и сл. Доколку сакаме да има комотен простор за разминување, паралелно возење, простор за трицикли, за велосипеди за лица со посебни потреби, за велосипедски приколки итн, тогаш мораме да се стремиме и кон повисоки стандарди од 1,5 метри, а не да ги спуштаме – пишуваат од Иницијатива НаТочак.

Дечко пробал да вози по велосипедската патека во Тетово и останал жив! (Видео)

Твит на денот, како изгледа возење на велосипед во новата „ПутујЕвропо“ велосипедска патека во Тетово, замислете останал жив среќа.

Видео: