Tag Archives: ВерицаБелчовска

Две и пол години затвор за 18-годишното момче кое на пешачки ја прегази и усмрти Верица Белчовска

Апелациониот суд за тешката несреќа која се случи во Струмица во април годинава во која загина 20-годишната Верица Белчовска која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Струмица, донесе одлука момчето што ја прегази и што го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци.

Адвокатката на семејството на Верица вели дека за родителите тоа е неприфатливо ниска казна и дека тие не биле известени за одржувањето на јавната седница.

-Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живоот, рече адвокатката Сања Мирчов.

Семејството на Верица после нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, тие рекоа дека со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.

Пет влакна и 100 ќебапи вредат повеќе од човечки живот: Кубење коса – 4 години затвор, убиство – 15 месеци…

Уште една пресуда за фатална сообраќајна несреќа предизвика неверување, револт, но и загриженост во јавноста. Со една таква пресуда, за загубен живот, за прегазена девојка на пешачки премин, не се испраќа добра порака во општеството.

На оваа тема вчера реагираа и твитерџиите:

18 годишниот возач кој ја прегази Верица на пешачки премин доби само 15 месеци затвор!

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.

Обезбеденo вработување за таткото и братот на Верица Белчовска, девојчето чии органи спасија животи

„Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезбеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни“, рече Венко Филипче, министерот за здравство.