Tag Archives: ВеснаБејби

Додека Весна Бејби дебатираше со министерот Шаќири за ножевите во училиштата тој си гледаше во својот телефон (ВИДЕО)

Актерката Весна Петрушевска Бејби секогаш е гласна кога станува збор за неправдите. Таа како учесничка на дебатата за врсничко насилство му одржа лекција на министерот за образование Јетон Шаќири за тоа што треба да превзема како надлежни, пишува Скопје инфо.

Петрушевска кажа дека анкетирала 80 деца од 8 до 14 години во нејзината актерска школа и сите кажале дека имало ножеви во нивните одделенија, па го праша министерот: Како ќе го регулирате тоа?

Видеото стана вирално со оглед дека додека Петрушевска го поставуваше прашањето ресорниот министер на дебатата гледаше во својот мобилен телефон.

Според Петрушевска, Шаќири „кажува бајка“ кога зборува што презема МОН за превенција од оваа појава во училиштата, меѓу кои и најавените протоколи од новата учебна година.

-Има деца кои не сакаат да кажат за врсничкото насилство затоа што, прво, имаат страв од родителот дома да не го осуди, а, второ, кога ќе пријават кај психологот во основното училиште и кај класниот раководител, секогаш жртвата е виновник… Овие деца се други, растат во друго време и во таа насока треба да ги воспитуваме и да се грижиме за нивното ментално здравје кое во Македонија е табу-тема, кажа Петрушевска.

Весна Бејби: Макрон, јас сум Македонка!

Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 10-15 години. Не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка. Ако не разбираш ќе ти преведеме – рече актерката Весна Петрушевска на вечерашниот протест во Скопје против францускиот предлог.

Актерката повика народот да се обедини околу ова „Не“ и дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.


– Како ќе ја чуваме македонската култура? Ние тука што сме, сме виновни за тоа што дојдовме до ова дереџе. Не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. Со достоинството и чест се раѓате. Секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада – повика Петрушевска.

Џамбазов и Бејби заедно се враќаат на телевизија како водители 👏

Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се враќаат во улога на водители, овој пат заедно, во нова емисија – еколошкото шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ветува добра забава, факти и повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот.

Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот но и дома сме сведоци на пожари, поплави и изумирање на безброј животински диви видови, така што во никој случај не треба да ги игнорираме овие предупредувања кои ги имаме, за да не биде предоцна за целото општество, вели Весна Петрушевска.

Агенда 21 ќе ги едуцира гледачите за моменталната состојба со животната средина во земјава, што всушност сите заедно можеме да направиме за да се грижиме за природата, бидејќи климатските промени се реалност и за тоа треба да се преземат сериозни чекори, како индивидуално така и од страна на институциите и компаниите.

Крајно време беше некој да се позанимава на оваа тема. Мојата убава татковина, извор на бесконечно прекрасни пејсажи доживеав младите да ја викаат Македонија-депонија што ми покажа дека нешто навистина сме згрешиле во нашето битисување, изјави Џамбазов.

ТВ проектот го подготвувавме две години и бевме свесни за тежината кој ja носи. Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво. Навистина е загрижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се “комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го “консумираме“преку воздухот и почвата. Треба да преземеме акција уште денеска. Од 20-ти ноември секоја сабота во 20 часот следете не на телевизија Телма, потенцираше Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Во Агенда 21 освен познатите актери кои се и водители Петрушевска и Џамбазов, ги придружуваат нивни млади актери – колеги како Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова, со кои е вистински предизвик да дебатираат и разменат мислења.

Vistina.mk

Becна Бejби: Да одиш да се лечиш и жив да изгориш,бидете доблecни, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ!

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи повика на одговорност и оставки по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Одговорност и оставки!!! Еднаш само еднаш бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена за оваа неодговорност! Лицемерни и жедни за власт ….до кога ? Ни се распаѓа цел систем, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Според досегашните официјални информации во пожарот животот го загубија 14 лица.