Tag Archives: вежба

(Видео) “Тигрите” спасуваа како на филм

Денеска, (16.05.2022), во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Вежбата беше изведена на три локации – дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации, а амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:

– Напад на конвој
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош

Прва НАТО вежба во Македонија – Заштита и спасување во урбани средини (Видео)

Голема НАТО вежба за спасување и заштита во урбани средини изминативе три дена се одржува во Охрид и Струга. Вежбата „ Македонија 2021“ e во организација на НАТО Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и македонскиот Центар за управување со кризи (ЦУК).

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Македонија, којашто поради состојбата со пандемијата од ковид-19 истовремено ќе се одвива и теренски и штабно.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и на кампањи за лажни вести.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести. (Фото: Ѓ. Личовски)

– Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто покрај Република Северна Македонија учествуваат 27 земји, и е прва НАТО вежба во земјава од ваков размер. Вклученоста во НАТО вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации, велат од Центарот за управување со кризи.

Во склоп на вежбата ќе биде организиран дводневен научен симпозиум , со дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународни и невладини организации.