Tag Archives: Виена

Грозоморно убиство во Виена: 10 мажи ја опколиле жртвата, со мачета му ги сечеле нозете и рацете и побегнале

По ужасното убиство со мачета, кога на жртвата и беа отсечени рацете и нозете на станицата во Виена, се појавија нови детали од истрагата. Сторителите се уште се во бегство.

Имено, според австриските медиуми, сведокот повикал полиција на 20 април околу 00:50 часот, бидејќи маж (31) бил нападнат од група луѓе, кои го удирале и го сечеле со мачета. Полицијата за неколку минути пристигнала на местото на настанот и ја пронашла жртвата која почина во болница.

Новите детали откриваат колку сурови биле сторителите. Се наведува дека во нападот имало и до 10 напаѓачи. Го „приковале“ човекот на земја и го сечеле. Наводно, рацете и нозете му биле речиси целосно отсечени. Кога напаѓачите слушнале како доаѓа полиција, побегнале.

Еден од напаѓачите бил виден во близина на Дунав, тој скокнал во водата кога ги видел полицајците. Млад човек (24) од Алжир бил извлечен од водата малку подоцна и уапсен.

Полицијата се уште работи на расчистување на случајот. Останатите напаѓачи се уште се во бегство.

Маестро Симон ја крена Виена на нозе – „Македонисимо“ на Трпчески и пријателите, одекна во „Музикферајн“

„Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот ‘Македонисимо’, кој Панде Шахов овој пат го обои во најразлични оркестарски бои, за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ ‘Музикферајн’ се разлеаја корените на македонската нација“, изјави Трпчески, видно инспириран.

Неверојатен прием на пребирливата виенска публика на проектот Македонисимо на Симон Трпчески и Панде Шахов во престижниот музички центар од светско значење каде вчера беше одржана премиерка на проектот кој зборува за македонскиот музички фолклор.

Трпчески и другарите биле испратени со стоечки овации што не се случува често во Музикферајн.

„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавена светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, која завчеравечер се одржа во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Беше привилегија да се присуствува на овој голем настан за македонската музичка уметност, посочи Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Во изјавата за МРТ, Трпчески истакна дека концертот им донел на членовите на „Македонисимо квинтетот“ многу возбуда, среќа и гордост.

https://www.viennaticketoffice.com/makedonissimo-very-macedonian-simon-trp-eski-yutaka-sado-tickets-406095-de.html

„Владата мора да падне“: Австрија на нозе, илјадници пpoтестиpaa пpoтив задолжителната вакцинација

Илјадници луѓе протестираа во Виена против планот на владата да воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 следниот месец.

Владата мора да падне – скандираа на протестот кој веќе е вообичаен настан во центарот на Виена во текот на саботите, објави „Ројтерс“.

Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус.

Владата воведе четврто затворање на национално ниво во ноември и најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци. Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука.

Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари, од кои 34 отсто се против задолжителната вакцинација воопшто, а 17 отсто сакаат да почекаат со тоа.

Истражувањето покажа дека 45 отсто од Австријците се за задолжителна вакцинација од февруари.

Масовни протести против мерките во Виена, ги гаѓале новинарите со мраз (ВИДЕО)

Околу 44.000 луѓе излегоа на протест против потврдите и мерките за Ковид во главниот град на Австрија.

Не поминало долго пред првиот инцидент. Само неколку минути откако започнала поворката, на чело на колоната избија десничарски екстремисти и насилни демонстранти, јавуваат австриските медиуми.

Околу три часот полицијата пријавила напад врз луѓе и новинари.

Нападнат новинар, фрлаа снежни топки и парчиња мраз кон него“, објави виенската полиција на Твитер, додавајќи дека напаѓачот е фатен.

Се повеќе полицајци го следат протестниот марш во Виена.

Јавниот превоз дополнително се следи откако неколку жители на Виена пријавиле дека демонстранти без маски ги малтретирале во јавниот превоз.Еден демонстрант ги нарекол полицајците нацисти.

ВО ВИЕНА ЦЕЦА направи спектакл: Масовна вакцинација, полни пунктови, таа им испратила порака

Пејачката Цеца Рарнатовиќ ќе одржи концерт во Виена. Во стаклената пирамида во јужниот дел на градот ќе биде организиран вистински спектакл…

Од пред неколку дена во Австрија важи правилото за луѓето кои се вакцинирани со една доза и кој има ПРЦ ќе можат да посетуваат објекти од затворен карактер.

Како правилата се строги и мора да се почитуваат, организаторот на своите канали за комуникација почнал да апелира на сите посетители кои ќе доаѓаат ќе мора да ги исполнуваат овие две правила.

Поради ова посетители кои не се вакцинирани одлучиле да се вакцинираат како би можеле да присуствуваат на концертот на Цеца.

Засега има голем интерес. Просторот собира повеќе од 4 илјади луѓе, меѓутоа од градот е дадено одобрение за 2.500 луѓе кои сите мора да бидат вакцинирани и да носат негативен тест бидејќи тоа се единствените услови за да присуствуваат на концертот.

– Во вторникот дибивме информација дека во Виена ваккцинирани се преку 20.000 лица поради правилата кои стапуваа на сила. Тоа на луѓето им дава можност да се движат без проблеми и да одат на концертот – рекол менаџер кој долги години организира концерти на музичките ѕвезди.

– Се радувам на концертот, тоа е она што мене ми дава сила и енергија. Важно е да бидат исполнети сите услови кои се однесуваат на мерките, и ветувам на публиката дека одлично ќе се забавуваме и уште подобро ќе си поминеме – порачала Цеца во пораката.

БОРДЕЛ во Виена нуди вакцина и бесплатни 30 МИНУТИ како награда :) (ФОТО + ВИДЕО)

Во борделот Fun Palast во Виена е можна вакцинација против Ковид-19. Сите што ќе се вакцинираат таму добиваат бесплатен секс третман во сауна 30 минути со жена по свој избор, пишува Mail Online.

Со овој потег се надеваат дека ќе придонесат за поголем број вакцинирани граѓани бидејќи 65 отсто од населението во Австрија е вакцинирано. Исто така, борделот се надева дека ќе добие некои нови клиенти со оваа понуда.

„Имаме пад на прометот за 50 проценти. Се надеваме дека ова барем малку ќе го зголеми. Ова го организираше еден мој познаник. Реков зошто да не? И онака сакав да се вакцинирам поради правилото 2G. Ова е совршено“, рекол Герхард од борделот.

За ова зборувал и сопственикот на борделот Питер Ласкарис.

„Видов дека ни требаат 70 до 75% за имунитет на стадо. Многу луѓе кои дојдоа во Австрија од други земји ја одбиваат вакцината или не знаат за што се вакцинирани. Бидејќи овие луѓе се нашата целна група и клиенти, ние одлучи да поставиме контролен пункт за вакцинација“, изјавил тој за Ројтерс.

„Мислам дека ова е многу добра идеја бидејќи името на нашето место е Fun Palast, што сугерира дека луѓето ќе се забавуваат овде и ќе се вратат барем малку во нормала“, додала вработената Мина.

За потсетување, од понеделник невакцинираните повеќе не можат да одат во ресторани, кафулиња, фризерски салони или други големи јавни настани во Австрија.

Канал 5

ЈСП да ја прифати идејата – бесплатни дезодоранси за патниците кои се возат со метро во Виена

Од ден на ден станува сѐ поневозможно да се користи јавниот градски превоз на кој градот толку многу инсистира…

Градското јавно сообраќајно претпријатие Wiener Linien во Виена почна да дели бесплатни дезодоранси на патниците со метро, поточно на линијата У6. Планирано е да бидат поделени 14 000 бесплатни дезодоранси. Со оглед на тоа што линијата У6 во некои делови поминува над земја, вагоните бргу се загреваат.

Моментно само околу 50 отсто од возовите на оваа линија се климатизирани, додека на преостанатите на прозорците има залепено заштитна фолија со помош на која температурата може да се намали  за 4 степени.

Главниот град на Австрија оваа година прослави 40 години од постоењето на подземната железница. Денешниот виенски „У-бан“ има вкупно пет линии, 109 станици, вкупна должина од 83 километри, а лани биле превезени 450 милиони патници.

А како да се натераат граѓаните наместо со својот автомобил, на работа да заминат со автобус, кога повеќето се стари возила што личат на подвижни сауни на четири тркала, бидејќи најчесто се неклиматизирани.

Припадници на МВР учествуваа во акција во Виена – запленети над 2000 стебла марихуана

Припадници на МВР заедно со австриските полициски службеници учествуваа во разбивање на меѓународна криминална група во Виена, каде се запленети над 2000 стебла марихуана во околината на Виена и приведени три лица, соопштија од МВР.

– Во заеднички координирана акција на територијата на Република Австрија од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога и од Сојузната криминалистичка полиција на Р. Австрија – Оддел за борба против организиран криминал, во текот на месец мај во околината на Виена, откриени се три големи нелегални лаборатории за производство на дрога. Станува збор за лаборатории опремени со софистицирана опрема, а лоцирани во подрумски простории на три станбени објекти, при што се запленети над 2000 стебла марихуана. Во акцијата лишени од слобода се три лица кои директно учествувале во одгледувањето и понатамошната продажба на наркотичната дрога, а се дел од поголема меѓународна организирана криминална група, која дејствува во повеќе држави во Европа, истакна Сузана Прањиќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.

Запленетата дрога претставува посебна хибридна сорта канабис, со висок процент на ТХЦ (психоактивна супстанца), со улично име „aмнезија“, која на нелегалниот нарко пазар во западноевропските држави достигнува цена и до 10.000 евра за еден килограм, наведуваат од  МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилен интензитет во борбата против домашните, но и меѓународните организирани криминални групи кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога, во заедничка соработка со Одделите за организиран криминал во соседните држави, партнерските држави од ЕУ, како и во координација со ИПА и СЕЛЕК.