Tag Archives: Водици

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Адвокатот што доби пријава за Сонцето од Кутлеш: Аирлија нека е, ние Македонците не се плашиме на нашите душмани

Адвокатот Тони Менкиноски кој вчера доби пријава од СВР Охрид за истакнување на огромното знаме со сонцето од Кутлеш на Водици не се кае за што што го сторил ниту се плаши од обидот на власта да го заплаши.

Менкиноски кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија со кои има добиено десетина предмети во Стразбур порачува дека треба да се плашат тие што сакаат да го забранат македонскиот симбол а не Македонците.

,,АИРЛИА НЕКА Е !!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав Македонското сонце кое е симбол на мојот народ ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец !!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние што сакаат да ни го забранат или премолчат Македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот , Егејот, Вардарот, Гора , Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици , само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ”, порачува Менкиноски упатувајќи до јавноста синтагмата – Македонија на Македонците!!!

,,Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас”, заклучува Менкиноски.

Менкиноски предходно го истакна огромното знаме со сонцето од Кутлеш и во центарот на Скопје но таму не доби пријава од полицијата.

За 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш во Охрид – МВР му напиша прекршочна пpиjaва

За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата, од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Инаку за ицидентот со знамето Алфа побарала став од полицијата, прашале зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне? Во соопштението кое МВР го испратија стои дека вчера околу 10 часот на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.

Хуман потег на Александар кој го фатил светиот крст за Водици во Кавадарци (Видео)

Голем богојавленски водосвет вчера по повод Богојавление – Водици се изврши во водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Најголема среќа да го извади богојавленскиот крст имаше Александар Ристески од Прилеп, кој живее во Кавадарци.

Тој по четврти пат успева прв да доплива до светиот крст. Најави дека сите подароци што ќе му бидат врачени дека ќе ги донира на момче од Прилеп, на кое му е потребна помош.

БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Со учеството во традицијата, тој упатува порака дека само со ширење на љубов и позитивна енергија наоколу, можеме да ги задржиме вистинските човечки вредности.

Видео:

https://fb.watch/ia9ILKi4Fq/

Масовно одбележување на Водици на Плетварското Езеро

По трет пат оваа година група на ентузијасти од Прилеп празникот Богојавление го одбележаа со влегувањето во осветените води на Плетварското езеро. Две години со ред тие правеа крст во дебелиот мраз на езерото и потоа влегуваа во водата, а годинава поради топлото време направија дрвен крст, како макета на крстот издлабен во мразот и секој од верниците еден по еден, предавајќи си го крстот во рацете влегуваа во водите на езерото.

„Огромна благодарност до МПЦ која го поддржа овој настан и се надеваме дека догодина лично ќе бидеме поддржани и од надлежниот митрополит тука кај нас“, рече Дарко Неданоски, организатор на настанот.

Ова манифестација која веќе е традиција добива на се поголема популарност помеѓу граѓаните.

„За разлика од минатата година, оваа година имаме многу поголем број на посетители, како во водите така и надвор. Очекуваме в година да биде уште помасовно сето и да прерасне во традиција“, истакна Антонио Гически, учесник на настанот.

„Јас сум православни, ако сум Германец. Јас бев внатре и сега ми е убаво и јас верувам во Водици.

Џиновско знаме на Македонија за Водици (Видео)

Џиновското знаме со сонцето од Кутлеш на адвокатот Тони Менкиноски денеска беше развиорено во Охрид, на големиот празник Богојавление Водици.

Ова знаме со сонцето од Кутлеш Менкиноски претходно го развиори во Скопје, преку целата зграда во која се наоѓа неговата канцеларија, како поддршка за учесниците во протестот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

Менкиноски е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Богојавление-Водици спектакуларно одбележан во Охрид (Фотогалерија)

Охриѓани масовно и на спектакуларен начин го одбележаа верскиот празник Богојавление-Водици. Силниот ветер и брановите не ги спречија илјадниците верници од Охрид, земјава и во мал број од странство да присуствуваат на положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро, по кој запливаа околу триста млади лица. Најсреќен беше 19-годишниот, Васко Довлев, кој за прв пат го фати крстот…

Силниот ветер кој дуваше со брзина од 15 метри во секунда, односно преку 60 километри на час не ги спречи охриѓани повторно на уникатен начин да го одбележат големиот верски празник Богојавление-Водици. Уште од раните утрински часови црковните храмови се исполнија со верници кои по богослужбите во литии се упатија на Градското пристаниште за да присуствуваат на Богојавленскиот водосвет. По црковниот церемонијал со кој раководеше надлежниот архијереј, митрополитот Тимотеј, светиот крст беше положен во разбрануваното езеро, а по него запливаа околу 300 младинци и младинки. Највешт и најсреќен беше 19-годишниот Васко Довлев од Варош кој за прв пат го фати крстот.

„Чувството е многу убаво, некако чувствував дека едноставно во раце ми дојде, чувствував дека е за мене. Не ми дојде во раце, падна до мене и само ја пуштив раката. Јас едноставно чувствував, со верба во бога, одев и во црква и постев, и кога ќе има верба сè ќе биде. Најбитно здравје, среќа, љубов на сите“, вели Довлев.

„На фаќачот на крстот му посакувам да има успешна година, како и секој оној што успеал да го фати и се надевам дека уште многу, многу години ќе успееме да во ваква форма да го празнуваме овој празник којшто за Охрид и охриѓани е дефинитивно најголем“, рече Кирил Пецаков- градоначалник на Охрид.

И покрај лошите временски услови на Градското пристаниште присуствуваа повеќе илјади верници од Охрид и земјава меѓу кои беа и претставници на власта и опозицијата, како и помал број странски туристи.

„Русинка сум ама мажена сум тука. Прекрасно, многу убаво, кај нас нема таква традиција. Овде е супер, секојпат е интересно, секоја година“.

„Во Охрид и еднаш во Грција. Овде е најдобро во Охрид, има многу атмосфера, многу веруваат. Бог се јави, среќен празник“, вели гостин од Италија.

Иако температурата на водата беше 9 степени, а на воздухот околу 10-от степен, силниот ветер и брановите придонесоа спасителите на Црвениот крст, нуркачите и медицинските екипи да имаат поголем број интервенции.

„Преку 20 интервенции имавме, што во вода, што на копно. Еве веќе ги згрижуваме сите коишто се со исеченици и некои мали повреди. Значи голем предизвик, драго ми е што немаше ништо, некој поголем инцидент“, вели Сашо Точков, претседател на Црвен крст- Охрид.

По црковниот дел од манифестацијата присутните ги исполнија рестораните и кафетериите долж брегот каде што уживаа во греаната ракија и виното зачинети со убава охридска староградска музика. Богојавленските празнувања продолжуваат утре на празникот Свети Јован Крстител, кој во Охрид се слави и како Ден на рибарите.

Христијан Нинески го фати крстот во Вардар – трет пат од осум обиди

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление.

На овој ден, според христијанската религија, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден.

Одбележувањето на празникот почна со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“.

Во Скопје настанот и годинава се одбележува со фрлање на светиот крст во водите на реката Вардар кај мостот „Слобода“.

Крстот го фати Христијан Нинески, кој на сите луѓе им посака добро здравје и среќа. Тој кажа и дека трет пат го фатил крстот од вкупно осум обиди во минатите години.

“Eвe Гo Јагнeтo Бoжјo Кoe ги зeдe грeвoвитe на свeтoт врз Сeбe” – БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Бoгoјавлeниe

Кoга Гoспoд Исус Христoс навршил 30 гoдини oд Свoeтo тeлeснo раѓањe, Oн ја запoчнал свoјата учитeлска и спаситeлна дeјнoст. И Самиoт пoчeтoк, Тoј гo oзначил пoчeтoкoт сo крштавањeтo вo Јoрдан. Свeти Кирил Eрусалимски рeкoл: “Пoчeтoкoт на свeтoт e вoдата, пoчeтoкoт на Eвангeлиeтo e Јoрдан”. При крштавањeтo на Гoспoда вo вoдата, на свeтoт била oбјавeна тајната штo сe навeстувала вo Стариoт завeт, за кoја вo стариoт Мисир и вo Индија самo сe раскажувалo, т.e. тајната за бoжeствeната свeта Трoица. Oтeцoт сe јавил вo чувствoтo на слухoт, Духoт сe јавил вo чувствoтo на видoт, а Синoт сe јавил вo чувствoтo на дoпирoт. Oтeцoт гo кажал свoeтo свeдoчeњe за Синoт, Синoт сe крстил вo вoдата и Свeтиoт Дух вo вид на гулаб лeбдeл над вoдата. А кoга свeти Јoван Крститeл пoсвeдoчил и рeкoл: “Eвe Гo Јагнeтo Бoжјo Кoe ги зeдe грeвoвитe на свeтoт врз Сeбe” (Јн. 1:29) и кoга тoј Гo пoтoпил и Гo крстил Гoспoда вo Јoрдан, сo тoа сe пoкажала и Христoвата мисија вo свeтoт и патoт на нашeтo спасeниe. Имeнo, ги зeл врз Сeбe грeвoвитe на рoдoт чoвeчки и пoд нив умрeл (пoтoпувањeтo) и oживeал (излeгувањeтo oд вoдата); и ниe мoра да умрeмe какo стари и грeвoвни и да oживeeмe какo oчистeни, oбнoвeни и прeрoдeни. Oва e Спаситeлoт и oва e патoт на спасeниeтo. Празникoт Бoгoјавлeниe (на грчки Тeoфанија) уштe сe нарeкува и “Прoсвeштeниe”. Случајoт на Јoрдан нè прoсвeтува и ни Гo пoкажува Бoга какo eднoсушна и нeраздeлна Трoица. Тoа e eднo. И втoрo: сeкoј oд нас сo крштавањeтo вo вoдата сe пр0свeтува сo тoа штo пoстанува пoсинeт oд Oтeцoт на Свeтлината, спoрeд заслугата на Синoт и сo силата на Свeтиoт Дух.
 

РАСУДУВАЊE

Нeкoгаш eрeтичкитe сказни ѝ дoсадувалe на Црквата, а сeга ѝ дoсадуваат сказнитe на oтстапницитe oд Бoга. Сo истрајнoст вo вeрата, сo пристапна мoлитва, сo испoвeдништвo, па дури и сo мачeништвo e пoбeдeнo тoа дoсадувањe. Самo на тoј начин ќe бидe пoбeдeна таа нoва дoсада. Црквата Бoжја, садoт на бoжeствeната Вистина на крајoт ќe триумфира, бидeјќи нeпријатeлoт oстана сoсeма бeз oружјe (Пс. 9:7). Блажeн Климeнт Алeксандриски за eрeтицитe, кoи ја напуштилe Црквата, рeкoл: “Oнoј кoј паднал вo eрeс, патува низ сува пустина, напуштајќи Гo eдиниoт и Вистински Бoг; oддeлeн oд Бoга тoј бара бeзвoдна вoда, сo рацeтe сoбира нeплoднoст и влeгува вo нeнасeлeна и жeдна зeмја”. Истoтo тoа мoжe дeнeс да сe кажe и за мнoгу научни хипoтeтичари и тeoрeтичари кoи сe ракoвoдат oд свoитe мeчти, а нe сo вистината Бoжја.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за случајoт на крштавањeтo на Гoспoда, и тoа:
1. за Нeгoвoтo скрoмнo дoаѓањe на рeката Јoрдан какo нeпoзнат на ситe, oсвeн на Јoвана;
2. за Нeгoвoтo пoтoпувањe вo вoдата, лeбдeњeтo на гулабoт над Нeгo и гласoт oд висoчината.
 

БEСEДА

за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Заштo Трoица сe Кoи свeдoчат на нeбoтo: Oтeцoт, Слoвoто и Свeтиoт Дух; и Трoица сe eднo. И Трoица сe, Кoи свeдoчат на зeмјата: Духoт, вoдата и крвта; и Трoица свeдoчат зeднo (1. Јн. 5:78).

Кoга гo читамe Свeтoтo писмo, трeба буднo да внимавамe на сeкoј збoр. На брзиoт читатeл нeма да му паднe вo oчи разликата штo ја пoвлeкува eвангeлистoт пoмeѓу нeбeснoтo Трoјствo и зeмнoтo Трoјствo. За нeбeснoтo Трoјствo тoј вeли: “И oвиe Трoјца сe eднo”, а за зeмнoтo вeли: “И Трoица свeдoчат заeднo”. Гoлeма разлика e да сe бидe eднo и да сe бидe заeднo. Oтeцoт, Синoт и Свeтиoт Дух сe eднo, дoдeка духoт, вoдата и крвта сe заeднo, а нe сe eднo. Ситe луѓe на Зeмјата сe заeднo, нo нe сe eднo. Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo, нo сeпак сe заeднo. И кoга чoвeкoт ќe умрe, заeдницата сe раскинува и прeстанува: вoдата и крвта oдат на eдна страна а духoт на друга. Значи, Бoжјoтo Трoјствo на нeбoтo нe e самo заeднo, туку e eднo. Пoстoи eднo Трoјствo вo внатрeшнoтo чoвeчкo нeбo кoe нe трeба да бидe заeдница, туку eдинствo за да бидe чoвeкoт блажeн и на oвoј и на oнoј свeт. Тoа e eдинствoтo на умoт, срцeтo и вoлјата. Дoдeка тoа трoјствo e самo вo заeдница, дoтoгаш чoвeкoт e вo вoјна и сo самиoт сeбeси и сo нeбeснoтo Трoјствo. Кoга oвиe три ќe пoстанат eднo, така штo ниeднo нe владee ниту пак рoбува, тoгаш чoвeкoт сe испoлнува сo “мирoт Бoжји штo надвишува сeкoј ум” (Фил. 4:7), сeкoј збoр, сeкoe oбјаснувањe, сeкoј страв и сeкаква тага. Тoгаш малoтo нeбo вo чoвeкoт приличи на гoлeмoтo Бoжјo нeбo и oбразoт и пoдoбиeтo Бoжјo пoстануваат јасни за чoвeкoт.

Гoспoди, Трoeдин, пoмoгни ни да личимe барeм на oниe кoи личат на Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

Денеска е ВОДОПОСТ – Многу обичаи во Македонија за овој ден

Денеска е Водопост, Водокрст или Крстовден, првиот ден по Божик во кој се пости, а утре славиме Водици и крштевањето на Исус во реката Јордан.

На 18. јануари е Крстовден, голем христијански празник. Во минатото на овој ден се правеле голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление или кај народот познат како Водици.

Вечерта на Водопост штом ќе зајде Сонцето, спроти празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави“, а одговараат е „Навистина се јави“!

Нашите стари верувале дека ноќта меѓу 18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“.

Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.

Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото. Се верува дека немажените девојки, доколку стават огледало под перница на 18 јануари ќе го сонуваат мажот за кој ќе се омажат.

Исто така во некои делови, девојките месат по четири топчиња од тесто. Во три од нив ставаат ливче хартија со име од своите симпатии, а едно оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во вода што врие и првото топче што ќе излезе на површина го носи името со љубовта на таа девојка. Доколку прво на површина исплива празното топче-тоа значи дека девојката сеуште не го запознала оној што и е суден.

Се верувало дека во време на Богојавление се претскажувало какво ќе биде времето цела година. Ако има голем мраз или врне снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, ќе биде сушна.

Доколку 19 јануари биде дождлив, цела година ќе има многу врнежи и поплави.

На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година.

Богојавление се одбележува со традиционално фрлање на богојавленскиот крст и пливање по него