Tag Archives: военавежба

(Фото) Најголема воена вежба на Криволак годинава

„Брз одговор 23“ е најголемата воена вежба која годинава се реализира на Криволак, вежба со која испраќаме неколку силни пораки – дека придобивките од сојузништвото во НАТО се пред сè за граѓаните, дека нашата земја е подеднакво голема и важна колку секој од сојузниците и дека солидарноста е клучот на успехот и напредокот, особено во тешки времиња, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Ова се моменти кога со гордост велам дека македонската Армија е НАТО армија, моменти кои потврдуваат дека инвестицијата и во опрема и во човечки ресурси во Армијата е инвестиција во заедничката иднина и е гаранција за нашата колективна безбедност.

Им честитам на припадниците на македонската и сојузничките армии за покажаната професионалност, посветеност и заедништвото кое го покажаа на вежбата „Брз одговор 23“.

Убавицата која ги засени сите војници на воената смотра во Батајница (Фото)

Тамара Танди (24) е десетар на 98-мата воздухопловна бригада од аеродромот „Морава“ Лаѓевци. 

Таа привлече внимание со својата убавина на величественото демонстрирање на способностите на српската војска, „Гранит 2023“, што се одржа во саботата на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Оваа убавица би можела да биде што ќе посака, но таа сепак се одлучила да биде професионален војник.

Како што изјавила во едно интервју, таа е првиот професионален војник во нејзиното семејство и гордо ја носи униформата веќе пет години.

– Професијата војник ја избрав на 18 години од љубов кон мојата земја и од почит кон нашата историја која имала бројни херои. Кога им кажав на моите родители дека сакам да бидам професионален војник, мајка ми не беше многу воодушевена што јас, како жена, ќе држам пушка, но како и секоја мајка, ме поддржа. Тато беше и остана исклучително горд на мене. Да се ​​биде жена војник е една од подобрите професии, а јас лично сметам дека ние жените сме упорни и способни за оваа работа – изјавила Тамара.

Тамара истакнува дека никогаш немала проблем со машките колеги.

– Јас не сум единствената девојка во нашиот баталјон, има и други жени, и машките колеги навистина многу нè почитуваат. Нашиот колектив е исклучително квалитетен, и без разлика дали врне, грее сонце или паѓа снег, мажите секогаш нè поддржуваат, како и ние нив – нагласила таа.

Освен што секојдневно се гледаат со колегите на работа, тие се дружат и по работното време.

– Ние сме како едно семејство. Не само на работа, туку и надвор од неа, многу сме блиску до таа мера што и нашите семејства се познаваат. Едноставно, тоа така функционира – истакна Тамара.

Што се однесува до работата, иако е жена, не очекува никакви привилегии.

– Ние војниците, без разлика дали се работи за мажи или жени, подготвени сме во секој момент да реагираме и да го заштитиме својот народ доколку е потребно – заклучила оваа убавица во воена униформа.

Еве како изгледаше денешната вежба „Одлучен удар“ на Криволак (Видео)

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ во рамки на кој ќе се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

На денот за високи гости ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Tалат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче и Фатмир Бесими, министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, на Грција, Русос Кондурас и на Албанија Фатос Река, претставници од собраниската комисија за одбрана и безбедност, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Грција и НАТО, командантот на SEEBRIG, генерал-мајор Аристидис Илиополос , командантот на бугарските специјални сили генерал-мајор Јавор Матеев како и одбранбени аташеи акредитирани во земјава.

Голeмa вoeнa вежбa „Одлучен удар“ на Kpиволак (Фото и Видео)

Мировни конвои, одбрана, напад, боев гаѓање во мети од воени возила. Вакви сценарија денеска беа дел од робусната билатерална вежба „Одлучен удар“ која на воениот полигон ја спроведуваат македонската и американската армија.

Одлучен удар е најголема воена вежба од влезот на Македонија во НАТО. Главната цел на вежбата е да го зголеми нивото на интероперабилност со партнерите од Алијансата.

Освен американски војници, дел од вежбата се и специјални единици од Бугарија и Грција.