Tag Archives: воз

НАД 280 МРТВИ ВО НАЈТЕШКИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ИНДИЈА ВО ОВОЈ ВЕК!

Најмалку 288 луѓе загинаа во вчерашната железничка несреќа во Индија, во која се судрија повеќе возови. Се верува дека еден воз излетал од шини, по што се судрил со друг на соседна пруга. Во несреќата учествувал и товарен воз, кој бил паркиран тука.

Властите кажаа дека ова е најсмртоносната железничка несреќа во земјата во овој век и очекуваат трагичниот биланс да расте. Повредени се околу 900 луѓе.

Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во областа Баласоре во источната сојузна држава Одиша и ангажирани се дополнителни 100 лекари.

„Десетина вагони од патнички воз излетаа од шини и удрија во паркиран товарен воз, чии вагони паднаа на соседна пруга, каде што друг патнички воз удрил во нив“, изјави Амитаб Шарма, портпаролот на министерството за железници.

Индија ја има една од најдолгите железнички мрежи на светот и несреќите се доста чести. Најголемата се случи во 1981 година, кога загинаа најмалку 800 луѓе. Вчерашната несреќа е најтешката од 1995, кога во судирот на два воза близу Њу Делхи загинаа 358 луѓе

ВИДЕО: Воз налета на камион на железнички премин во Србија, снимен е страотниот удар

Товарен воз денеска удрил во камион кој преминувал преку пруга меѓу станиците Параќин и Јагодина на пругата Ниш-Белград, а од несреќата се повредени двајца луѓе, јавија локалните медиуми.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Страотниот судир во која се повредени возачот и сопатникот во камионот, се случил на железничкиот премин „Кончарево“, кој е опремен со вертикална сообраќајна сигнализација (семафор), соопшти компанијата „Србија Карго“.

Моментот на ударот на возот во камионот е забележан на морничава снимка, која е објавена на социјалните мрежи:

https://www.instagram.com/reel/CpftjkzADZn/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Ова е држава ! – Илјадници Грци во неколку градови протестираа поради железничката несреќа (Фото)

Илјадници Грци синоќа протестираа на улиците во неколку градови по најсмртоносната железничка катастрофа што се случи во земјата. Грчкиот медиум „Катимерини“ пренесува дека некои демонстранти се судриле со полицијата.  

Во Атина, полицијата за борба против нереди пред парламентот употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои фрлаа врз нив петарди и камења, запалија корпи за ѓубре и ги предизвикаа полициските кордони да одговорат. Нема информации за апсења или повредени.

epa10501520 People lit candles forming the words ‘Crime – Αnger’ during a protest in Mytilini, Lesvos Island, Greece, 03 March 2023, over Greece’s deadliest train crash. The death toll of the train collision that occurred on the Athens-Thessaloniki line has risen to 57, Hellenic Police spokesperson confirmed 02 March evening, while 48 people are still in hospital. The collision occurred late on Tuesday 28 February night near Tempi in central Greece between a passenger train travelling north and a freight train travelling south on the same line. Fire fighters are sweeping the remains of the carriages and the ground around the crash site to possibly locate additional bodies or small samples of biological material that can be used to identify victims. A station master in the central Greek city of Larissa has been detained over the accident. EPA-EFE/ELIAS MARCOU

Судири, како што пренесуваат грчките медиуми имало и во вториот по големина град во Грција, Солун.

epa10501512 People participate in a protest march in Thessaloniki, northern Greece, 03 March 2023, over Greece’s deadliest train crash. The death toll of the train collision that occurred on the Athens-Thessaloniki line has risen to 57, Hellenic Police spokesperson confirmed 02 March evening, while 48 people are still in hospital. The collision occurred late on Tuesday 28 February night near Tempi in central Greece between a passenger train travelling north and a freight train travelling south on the same line. Fire fighters are sweeping the remains of the carriages and the ground around the crash site to possibly locate additional bodies or small samples of biological material that can be used to identify victims. A station master in the central Greek city of Larissa has been detained over the accident. EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Протестите, на кои повикаа левичарските и студентските групи, беа поттикнати од гневот поради наводниот недостиг на безбедносни мерки во железничката мрежа на Грција. Најголемиот протест беше во централниот грчки град Лариса, кој се наоѓа недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе. Слични протести се одржаа и во средата и во четвртокот.

Демонстрантите извикуваа слогани против политичарите  кои ги сметаат за одговорни за лошата состојба на грчките железници. Нередите траеле околу еден час, а потоа ситуацијата е смирена.

Владата на Грција објави дека ќе биде формирана комисија од експерти за истрага на железничката несреќа, но за тоа не деби консензус на опозициските партии.

Во железничката несреќа загинаа најмалку 57 луѓе од кои најголемиот дел беа студенти.

„ТЕ ЧЕКАМ ДА СЕ ВРАТИШ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ СОНИШТАТА“ – сопругата на машиновозачот кој загина во Грција неутешна (ФОТО)

Сопругата на машиновозачот (28) кој загина вчера во смртоносната железничка несреќа кај Лариса, се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ неутешна за смртта на нејзиниот сопруг.

„Љубов моја, чекам да се вратиш, заедно да ги оствариме нашите соништа, тука сум и те чекам. Чувај ме од горе. Ќе те сакам засекогаш“, напиша таа.

Меѓуградскиот патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун со голема брзина се судри со товарен воз надвор од градот Лариса во централна Грција.

Од ударот настана пожар во дел од патничките вагони, при што најмалку 57 лица загинаа, а десетици се повредени.

Последен работен воз за Слободан кој заминува во пензија – Возот грмеше во негова чест (ВИДЕО)

Последен работен воз за Слободан Тодороски – Прцулот. Нека му е честита и долговечна пензијата!

Погледнете како во Македонски железници возот ги поздравува вработените кои заминуваат во пензија:

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО:

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА кај Прилеп: ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ има починато лице!

ешка железничка несреќа се случила утринава во близина на Прилеп.

Според првичните информации, возот кој сообраќа на релација Битола-Скопје во близина на Прилеп удрил во патнички автомобил при што едно лице го загубило животот, а друго итно е хоспитализирано со сериозни повреди.

4NEWS.mk пренесува дека во несреќата животот го загубил 34-годишен маж со иницијали Д.М.

Трагедијата се случила утрово околу 04 часот на преминот кај местото викано “Сточен Пазар”.

Каде отиде светот ? – По Германија и Кина го пушта во употреба ПРВИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ НА ВОДОРОД

Најголемата светска компанија за производство на возови, кинески CRRC, лансираше нов патнички воз со нулта емисија на гасови, кој работи на водородни ќелии со суперкондензаторски меѓурезервоар.

Возот со четири вагони може да вози со брзина до 160 км/ч, што го прави најбрзиот воз на водороден погон во светот.Возот е развиен во соработка на државните компании CRRC и Chengdu Rail Transit и воедно е првиот водороден патнички воз во светот и има досег од 600 км. Притоа, не испушта никаков отпаден гас, туку вода.

Исто така, има опција за автономно возење, доаѓа со 5G комуникација и функционалност на автоматско враќање во гаража. Симболично е тоа што земјата која контролира најголем дел од синџирот за снабдување со литиумски батерии тивко се префрла на водород. Со оглед на недостигот на ресурси на литиум, можен е скок на цената, а Кина се труди што побрзо да го воведе водородот како алтернатива за литиум-јонските батерии.

Во Германија во 2018 година во промет беше пуштен првиот воз во светот кој за гориво користи водород. Ова е поскапа, но еколошки далеку поприфатлива технологија отколку дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.

Синиот воз го направи француската компанија Alstom, а прв пат возеше по 100 км долга траса меѓу градовите Куксхавен, Бремехавен, Бремерверде и Букстехуде во северна Германија. 

Alstom ги произведува француските возови  TGV и од компанијата велат дека планираат да испорачаат уште 14 возови до 2021 година во Долна Саксонија, но и во други делови од Германија каде што ќе има интерес.  Возовите на водород се опремени со ќелии кои со комбинација на водород и кислород произведуваат струја со водена пареа како единствен нуспроизвод. Вишокот енергија го складираат во литиум-јонски батерии.

Патнички воз со 150 патници излета од шините кај Кадина Река

Вагон од патнички воз на релација Гевгелија – Скопје утринава се излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. 

Во моментот на инцидентот во возот имало околу 150 патници, но за среќа ниту еден не бил повреден.

-При поаѓање на возот број 630 кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, дојдено е до излизгување односно испаѓање на едната осовина од еден патнички вагон. Само што тргнал возот едната осовина излегла. Возот застанал на самото место. Повикана е екипа од страна ЈП МЖ Инфраструктура, се работи за стручна екипа која ќе констатира поради што е настанато излизгувањето. – Никола Марков – Помошник директор за сообраќај на МЖ Инфраструктура

Патниците бргу по настанот се транспортирани во Скопје. Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје неколку часа била во прекин а потоа е нормализиран.

Дел од машиновозачите кои сакаа да останат анонимни за Канал 5 велат дека инфраструктурата е проблем, пругата не се одржува и не е ремонтирана со години. Од Македонски железници пак уверуваат дека проблем со инфраструктурата нема, а за последната несреќа стручна екипа ќе ги утврдува причините.

-Нема проблем. Има посебна комисија, иако е тешко да се утврдат причините поради кои е настанат инцидентот, за разлика од патниот сообраќај, тука е потешко да се утврди причината поради која е настаната самата несреќа, сепак стручните екипи ќе ги констатираат причините. – Никола Марков – Помошник директор за сообраќај на МЖ Инфраструктура

Пред само четири дена се случи железничка несреќа кога машина на МЖ Инфраструктура удри во минибус полн со патници исто така кај Велес на преминот кај поранешната фабрика Порцеланка при што беа повредени 12 лица меѓу кои и две деца. Токму на тоа место каде е слаба светлосната сигнализација а нема ниту рампи и знаци, во изминатиот период често се случуваа железнички несреќи, што ја доведува во прашање безбедноста во железничкиот сообраќај.

Од Скопје до Битола за 10 часа – само во Македонија !

На патнички воз од Скопје вчера му биле потребни 10 часа да стигне до Битола.

Возот тргнал во 14.30 часот. а во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ.

Причината за „доцнењето“ била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана, па возот со патниците бил запрен на железничката станица во Богомила, информираа за МИА.

асипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

Возот тргнал од Скопје во 14:30 часот, заглавен е кај Богомила, 120 патници може да чекаат уште 10 часа!

Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.

Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.

Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.

Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.