Tag Archives: возачка

Вработен во МВР издал возачка на лице кое немало положено испит

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи, на 23.05.2022, и покрај тоа што знаел дека лицето Ф.С. од Скопје немал положено возачки испит за управување на моторни возила, го примил, извршил негово фотографирање за прва возачка дозвола, ги внел неговите податоци во системот, а веднаш потоа ги избришал.

Му ја одзеле возачката зашто се возел пијан НА ТРОТИНЕТ

Се возел пи јан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алко холизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохо лизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

Пијаните возачи ќе мора да мијат мртви тела ако сакаат да им ја вратат дозволата

Според новата програма за сузбивање на возењето под дејство на алкохол, на пијаните возачи во Молдавија ќе им биде понудена шанса да си ги вратат возачките дозволи доколку некое време работат во мртовечница.

Тоа е таканаречена програма за превоспитување, а беше одобрена минатата година.

Возачите кои ги изгубиле дозволите поради возење во пијана состојба ќе можат да платат околу 225 долари за да добијат пристап до оваа програма, која трае три месеци. Просечната месечна плата во Молдавија е околу 340 долари, пишува „Публика“.

Во рамките на програмата, возачите казнети за седење зад волан во алкохолизирана состојба ќе помогнат во лекувањето на загинатите во сообраќајни незгоди, но доколку во тој период нема такви, тогаш ќе работат со лекари во мртовечници.

„Публика“ наведе дека првата програма од ваков вид започнала неодамна во мртовечницата во Кишињев, а на неа присуствувале шест мажи. Тие му помагале на судскиот вештак во миењето на труповите пред обдукцијата, но и во други задачи, како вадење урина и измет од телата на починатите.

Сепак, не сите учесници на оваа програма поминаа лесно. Еден излетал од мртовечницата по само неколку минути работа.

„Ова ме мотивираше да не пијам алкохол, ниту капка во животот. Не сакам повеќе да одам таму. Ова што го гледате во мртовечницата е вистинска лекција”, изјавил еден од учесниците кој останал во програмата.

Валериу Савчиуч, директор на Центарот за судска медицина, рече дека овој проект ќе има огромен психолошки ефект врз пијаните возачи.

Тетовци возат без возачка – Полицијата фатила повеќе од 300 возачи без дозвола

Во првите два месеци од оваа година, во јануари и во февруари, заклучно со денеска на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и со соодветни поднесоци санкционирани се 332 поединци-возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и без возачка дозвола.

Поголемиот број од санкционираните биле регистрирани во текот на минатиот месец.

– Претежно станува збор за возачи на возраст од 17 до 40 години, кои без возачки дозволи управувале сопствени или возила на други лица, најчесто од нивни најблиски или роднини. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел посебно до младите, но и сите други, да не седнуваат зад волан без положен испит и да ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Зашто, нивната необученост и неискуство можат да бидат причина за несакани сообраќајни проблеми, неретко и со најсериозни последици – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сите веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, така што ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, а парични глоби во тој износ ги очекуваат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат положено возачки испит.

Со „Б“ и „Ц“ возачка дозвола до плата од 52.000 ден во Агенцијата за цивилна пловидба

Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба деновиве распишала оглас за вработување на помлад соработник за јавни набавки во Секторот за финансиски работи.

Неговата нето плата ќе изнесува ни помалку ни повеќе, туку 52.440 денари, објави Фактор.

Општите услови што ќе треба да ги исполни овој вработен, односно да е државјанин на земјава, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, а посебните услови се факултет, односно ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, а со или без работно искуство во струката.

Но, интересно е дека тој човек треба да поседува и возачка дозвола од Б и Ц категорија, што е наведено во дополнителните услови на огласот, но и согласно годишниот план на институцијата, треба да се вработи Македонец.

Повеќе