Tag Archives: возење

Две деца на 14 години возеле автомобил, направиле судар со тешки повреди

На 24.03.2023 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

(Видео) Рели возач се загледал во градите на една гледачка, па излетал од патот

Се борел за победа, но потоа ја изгубил концентрацијата и излетал од патот.

Рускиот рели возач им потклекнал на ниските страсти кои го чинеле победа. Водел во трката „Петровскаја Верста“, а потоа во еден момент накратко изгубил контрола над возилото, минал директно преку кривината и заглавил во снегот.

А за грешката е виновна една гледачка, очигледно страсна навивачка на некој друг возач. Таа, имено, при минувањето на Османов ја кренала маицата, што на возачот му го одвлекло погледот и го исфрлило од такт. Му го украла вниманието доволно за да задоцни правилно да реагира, па со автомобилот заглавил во снегот.

ФОТО: И ОВА ГО ИМА, ВОЗЕЛ 1КМ/Ч НАД ДОЗВОЛЕНОТО И ДОБИЛ ЗАБPAНА ЗА ВОЗЕЊЕ ОД 30 ДЕНА

Возел само 1км/ч повеќе од дозволеното и за тоа заработил забp ана за управување со моторно возило од 30 дена. Извесно лице возело на автопатот Гостивар-Тетово со брзина од 101 км/ч, а дозволената максимална брзина била 100 км/ч, при што лицето заработило заб рана за управување со моторно возило од 30 дена. ИзворПрес24:

Имаме нов рекорд на македонските патишта – ЛЕТАЛ со 224 км/ч!

На автопатот Штип – Свети Николе вчераутро 25-годишен возач го соборил рекордот на брзина снимен со дигитално броило: иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е до 130 километри на час, младиот возач возел со 224 км/ч.

Сообраќајната полиција успеала да го запре и да го казни. До Нова година, рекордот поставен од полициските броила беше 210 км/ч.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип до Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршиле безбедносните норми за другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

„Од нив, 86 возила се движеле со брзина над 50 км/ч над дозволената, а 26 возила со над 70 км/ч повеќе од дозволената. Вкупно 119 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населено место и 288 надвор од населено место“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Баба возела 60 километри во спротивна насока на автопатот: На полицијата и требало еден час да ја запре :)

Според полицискиот извештај, 71-годишната Французинка возела 60 километри во погрешна насока на автопатот пред да биде запрена од полицијата.

Полицајците на мотори ја запреле жената, која не била повредена, во петокот вечерта, наведува во извештајот весникот „Оуест Франсе“.

Полицијата затворила дел од автопатот, но им биле потребни час и половина за да ја запрат жената на автопатот А11, западно од Франција.

За среќа, постарата дама не предизвикала сообраќајна несреќа.

Полицијата го истражува инцидентот.

Се одбележа Светски ден на Голото возење велосипед 😊 (Фото)

Како што пренесуваат европските медиуми десетици велосипедисти се провозеа на голо низ Амстердам за да покренат свест против употребата на автомобили и загадувањето на животната средина.

Креативниот настан се одбележува за Светскиот ден на Голото возење велосипед.

https://twitter.com/dagenvanhetjaar/status/1431508238047096833?s=19

Освен во Амстердам и во САД во Филаделфија се одржа ваква манифестација со возење на голо.

(Видео) Ја вpзaл свojата дeвojка на пoкривoт од автoмoбилoт и вoзел со една рака во лисици

Сергеј Косенко, руски инфлуенсер, ги оставил вчудоневидени другите возачи и минувачи кои биле присутни на улиците во Москва во моментот кога тој „ја тестира својата врска“.

Тој го возел својот скап автомобил „Бентли“ во Москва додека неговата девојка Илона била на покривот на автомобилот со нозете врзани со јажиња.

Бидејќи тоа не било доволно, инфлуенсерот одлучил да не ги користи двете раце додека вози, па така едната рака со лисици решил да ја врзе за раката на својата девојка.

Косенко и неговата девојка возеле низ улиците на Москва поради најновиот предизвик на социјалните мрежи наречен „тест за доверба“.

„Фраеров“ вози во обратна насока среде Ѓорче (Видео)

„Тик Ток“ станува место на кое членовите се фалат кој ќе направи поголема глупост. Па така, еден неодговорен возач вози во спртивната лента на булеварот во Ѓорче Петров и прави „цик цак“ додека останатите возила го одбегнуваат.

МВР дефинитивно треба да постапи и овој „камиказа“ да биде санкциониран.