Tag Archives: врв

Со развеан шал „Македонија“ на 8.125 метри надморска височина, доктор Кедев на врвот Нанга Парбат (ВИДЕО)

Нашиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, изминатиот викенд го освои деветтиот највисок планински врв во светот – Нанга Парбат на масивот Каракорум во Пакистан, висок 8.125 метри.

Д-р Кедев сега објави фотографии и видео од моментите кога десетчлената експедиција, составена од петмина водичи-шерпаси од Непал и петмина алпинисти од неколку земји, се искачува на врвот.

Кедев ги има искачено седумте највисоки врвови на сите седум континенти, а со искачувањето на Нанга Парбат е поблиску до друго големо остварување – освојување на десетте највисоки светски врвови.

Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Тетовци се искачија на НАЈВИСОКИОТ ВРВ НА ПИРИН ПЛАНИНА

Група од 14 члена на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово го искачи Вихрен на 2914 метри надморска височина, највисокиот врв на Пирин планина во Бугарија. Вихрен е втор по височина врв во Бугарија, а трет најависок на Балканот, после Мусала (планина Рила, Бугарија) и Митикас (Олимп, Грција).

-Ова искачување е дел од нашата програма за искачување на врвови во странство. Претставуваше 12 часовен подвиг, захтевна и тешка тура затоа што се движевме по гребени обезбедени со сајли и ланци. За искачување на Вихрен одат само мошне искусни планинари. Целата организација беше на колегата Владимир Златковски, информираше Надир Мурсели, кој пак беше еден од водичите на оваа планинарска тура.

Претходно на 13 септември пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција. Врвот Митикас е на 2917 метри надморска височина

Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи

Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.

Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.

-Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот  беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА. (МИА)

Македонија е и таму каде што стигнале само 16 ПЛАНИНАРИ од цел свет 👏 (ВИДЕО)

Кардиологот Сашко Кедев на “Вистинскиот врв” на Манаслу (8163м) кој е осми највискок врв на светот и еден од најтешките за искачување со себе носел и шал на кој пишува Македонија иако секој грам дополнителна тежина се чувствува како тон.

Во видеото што го објавува професорката Ганка Цветанова се гледа како по пристигнувањето професорот Кедев го развејува шалот на кој пишува Македонија.

Покрај луѓето кои живеат во овие региони односно шерпасите кои им помагаат на планинарите само 16 луѓе претходно го имаат качено овој врв кој е еден од најтешките за освојување!

Во видеото се гледа прекрасен поглед на светот но и се слуша тешко дишење на екипата поради разредениот воздух и предходниот огромен напор да се стигне до Манаслау.

Видео:

Академик Кедев на врвот на светот, го освои и Манаслу висок 8163 метри

Академик Сашко Кедев вчера пак се качил на врвот на светот кога го освоил Манаслу, врв на Хималаите на 8163 метри надморска висина.

Bergwelten
Manaslu

Познатиот кардиолог кој ги има освоено сите 7 највисоки врвови на сите континенти бил дел од експедицијата која успешно се искачила на врвот кој се нарекува Интелект или душа.

Од Википедија

Манаслу (непалски: मनास्लु, познат и како Кутанг) е осмата највисока планина во светот на 8.163 метри (26.781 стапки) надморска височина. Се наоѓа во Мансири Химал, дел од непалските Хималаи, во западниот-централен дел на Непал. Името Манаслу значи „планина на духот“ и потекнува од санскритскиот збор манаса, што значи „интелект“ или „душа“. Манаслу првпат се искачи на 9 мај 1956 година, од Тошио Иманиши и Гјалзен Норбу, членови на јапонска експедиција. Се вели дека, со оглед на многуте неуспешни обиди на Британците да се искачат на Еверест пред Новозеланѓанецот Едмунд Хилари, „исто како што Британците го сметаат Еверест за своја планина, Манаслу отсекогаш бил јапонска планина“.

Браво за Македонците кои со велосипеди го искачија највисокиот врв во Африка

Тројца Македонци, Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев направија неверојатен подвиг, со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.

Предизвикот беше завршен утринава кога го искачија највискиот врв во Африка, Ухуру кој е висок 5.895 метри.

Миновски, Нешкоски и Деревјев, својот поход, со кој станаа единствени Македонци кои со велосипеди се искачиле на највискиот врв во Африка, го започнаа на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.

Последната етапа од 1.195 метри ја започнале на полноќ по локално време, а ја завршиле за пет часа и триесет минути.