Tag Archives: Вучиќ

ВОЛНЕН ЕЛЕК за Вучиќ: „Ќе биде тешка зима, ова ќе го стопли“

Велат ќе биде тешка зима, затоа на секој министер му сплетив по еден пар волнени чорапи, најдобро ќе ги стопли – изјави за РИНУ Љубица, жителка на српското село Девиќи, пренесува Kurir.rs.

Имено, српскиот претседател Александар Вучиќ свечено пушти во употреба нов асфалтиран пат долг осум километри во селото Девиќи. Мештаните кои со децении шетаат по макадам велат дека се воодушевени од новата реконструкција, а мештанката Љубица во знак на благодарност исплетила волнен елек со иницијалите на претседателот и грбот на Србија.

Kurir.rs пренесува дека Љубица го плетела елекот две години, а подготвувала и подароци за министрите во Владата.

Почнав да го плетам кога претседателот нареди да се санира патот до Девиќи, кој беше во ужасна состојба. Со задоволство го направив и се надевам дека ќе успеам да му го претставам. Знак на благодарност е што тој беше човек пред се кон нас „планинарите“ на кои ретко кој обрнуваше внимание – рече Љубица пред средбата со претседателот.

Љубица вели дека се грижела за секој детал и затоа плетењето траело толку долго.

– Изработен е од волна што ја стрижев од моето стадо и е вистинско уметничко дело. На задната страна е големиот државен грб на Србија, двоглав орел со круна, е извезен верно како на најелегантните таписерии, а истиот вез со помал големина го краси левиот ревер на оваа рачно изработена елек – изјави Љубица.

Вучиќ: На Македонците ќе им дадеме гас за зимава!

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес конференција на која обелодени за резервите на Србија со храна и енергенси истакна дека за зимава и Македонците може да сметаат на српскиот гас.

-Ги решаваме и проблемите со Македонците затоа што тие имаат гасна централа (се мисли на Те-То), која може да произведува струја на гас. Тоа се 5-7 проценти од струјата за зимската потрошувачка. – рече Вучиќ.

Ова е само еден од низата случаи на помош од Република Србија и претседателот Вучиќ за нашата земја.

(Видео) Ковачевски “прича” српски “у Београду”

Во рамки на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ од камерите на српската телевизија Н1 беа „фатени“ како во еден неформален разговор изразуваат загриженост за цената на струјата.

Вучиќ му вели на Ковачевски:

-Димитар, како ли ќе го издржиме плаќањето на струја?

А, Ковачевски на српски му одговара:

-Е тоа ќе биде најтешко.

Вучиќ се надоврзува дека за тоа ќе зборуваат во текот на утрешниот ден.

Ковачевски во разговорот открива и дека македонската Влада вчера направила трансфер од 50 милиони евра за струја, а сега се спрема и уште еден трансфер.

Видео:

https://fb.watch/fhWIN5QNdk/

Вучиќ: Браќа Македонци ние немаме билатерални проблеми

На официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. 

„Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години“, кажа Вучиќ.

„Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следниот состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Доколку сакаат да учествуваат во формирањето на работните групи, во тие договори добредојдени се и претставници на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Приштина. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието“, додаде српскиот претседател.

Вучиќ: Гајле ми е за Американците и Русите, работам само за доброто на мојата држава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

– Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард, кажа тој и додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај

– Се што можам да ви кажам е дека Србија ги донесе своите заклучоци во Советот за национална безбедност. Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции. Дури ни господинот Марфи (американски сенатор) не кажа дека јас зборував за тоа, а српските медиуми пренесоа дека само се чека кога ќе воведеме санкции. Ние разговаравме за сосема друга тема, истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија на новинарско прашање се осврна и на информациите дека на фронтот во Украина се пронајдени српски мини.

– Ние ги доставивме во некои други земји. Ги испорачавме во Полска. Од испораката на мини живеат неколку фабрики. Каде да го извезуваме оружјето и експлозивите? Тоа не е производство на балетски чевли, тоа е оружје. Не разбирам, што сакате од нас? Дали не обвинувате за тоа што ние сме единствената земја што нема да дава оружје на ниту една страна, кажа Вучиќ.

На прашањето на ТВ Н1, тој повтори дека неговиот разговор со сенаторот Марфи нема врска со санкции кон Русија.

– Се работеше за еден конкретен и посебен проект. Не ми паѓа на памет да се правдам. Сметам дека би биле најсреќни доколку воведам санкции денес. Морални проповеди ми давате затоа што не сум изрекол санкции и што ќе ги воведам за два месеци. Замислете, уште два месеци. Па 120 дена да издржиме, една толку мала земја. Два месеци се далеку… Но тоа се однесуваше на нешто друго, тврди Вучиќ.

Тој порача дека на 6 мај повеќе ќе зборува за изјавата на Путин, кој го спореди признавањето на Косово со Доњецк и Луганск околу пресудатата на Меѓународниот суд на правдатата.

– Навистина ми е гајле за Американците, навистина ми е гајле за Русите и Европејците, и сам да останам на светот, ќе работам само за доброто на мојата земја, изјави Вучиќ.

(ВИДЕО) Вучиќ излезе од фрижидер и во емисија

Претседателот на Србија кој е кандидат и на овие избори, Александар Вучиќ продолжува со својата „ултра-креативна“ изборна кампања.

Откако објави спот во кој излегува од фрижидерот на едно српско семејство, вечерва од фрижидер излезе и во една емисија на телевизија Пинк.

Ова е содржината на дојавата испратена за АТЕНТАТОТ на Вучиќ: На него требало да пука КОМАНДОС за хонорар од МИЛИОНЧЕ!?

Атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ бил нарачан од Јужна Америка, а егзекуцијата требало да се изврши во првата половина на февруари од снајперист, поранешен воен специјален агент кој, според сознанијата на Европол, претходно извршувал „црни операции“  за мафијата и западните служби!

Станува збор за доверливи информации до кои дошла полиција на земја од ЕУ и ги доставила до српското МВР на 14 јануари. Во дојавата се наведуваат бројни податоци – имиња на заговорници, имиња и адреси на параван-фирми кои учествувале во набавката и транспортот на оружјето што требало да се искористи за убиството, како и бројни други детални информации за планот за ликвидација на шефот на државата.

Според сознанијата на Европол, атентатот на претседателот на Србија директно го наредил водачот на озлогласениот „кавачки клан“, Радоје Звицер, кој според разузнавачките податоци моментално се наоѓа во Јужна Америка, најверојатно во Колумбија. Тој ангажирал поранешен воен специјалец за убиството и тоа преку посредник.

– Според Европол, атентаторот веќе извршил таканаречени „црни операции“ за мафијата и западните служби. За оваа работа му ветиле хонорар од еден милион долари, плус сите трошоци и логистика. Детално е планирано и негово извлекување од Србија по атентатот и „трајно сместување“ во јужноамериканска држава , пренеесува изворот од српското МВР за медиумите во соседството.

Во извештајот кој го добила полицијата се наведува дека атентатот на Вучиќ требало да биде извршен во првите две недели од февруари и дека се разработувале два плана.

Едниот план бил тоа да се направи на јавен собир, а другиот да се пресретне колоната на Вучиќ и да се предизвика сообраќајна несреќа по што ќе биде ликвидиран, пренесува изворот.

Се додава и дека во информацијата на европската полиција се споменуваат и имиња на двајца високопозиционирани политичари од регионот.

– Тие двајца во најмала рака знаеле се, а можно е и активно да учествувале во планирањето на убиството на Вучиќ, прецизира изворот од истрагата.

Европол го информирало српското МВР и дека оружјето за атентатот е купено во Словачка. Станува збор за најмодерен снајпер со голем дострел и разорна моќ, а во Србија требало да влезе преку Унгарија и Бугарија.

– Движењето на оружјето е покриено со хартии на фирми кои легално се занимаваат со трговија со оружје – открива соговорникот.

Информацијата за планираниот атентат на претседателот на Србија е соопштена во петокот, а Вучиќ рекол дека повод за ова би можело да биде тоа што и нанел сериозен удар на нарко-мафијата во Србија.

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме сѐ најубаво

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото, изјави Вучиќ во интевјуто за ТВ Пинк.

Во тој контекст, тој потсети дека денес Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Северна Македонија и нивните граѓани, и тој добрососедски однос мора да го градиме.

– Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме сѐ најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив, додаде Вучиќ.

Тој истакна дека добил видео од албанскиот премиер Еди Рама од селанец од северот на Албанија кој на пазарот ги објаснува предностите на „Отворениот Балкан“.

Селанецот, како што кажа, рекол дека многу му значи ако може со својата стока да оди во Белград.

– Знаете ли што сѐ би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени, објасни Вучиќ.

Тој потсети дека на овој начин по вековни војни нордиските земји се поврзаа, што им донело само добро.

Извор: МИА

“САМО УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ“: Вучиќ за новиот сој на коронавирусот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборувал за најновиоt сој на корона вирусот, омикрон, за кој се уште малку се знае.

“Очекувам за пет шест месеци да имаме супер вакцина и да се ослободиме од сите проблеми, која ќе ја произведуваме ви Србија. А до тогаш да се чуваме колку е тоа можно. Вакцинацијата е од клучно значење. Никој во светот не знае за тој нов сој, како ние да знаеме“, рекол претседателот.

СЗО во петокот објавил дека омикрон има 32 мутации на спак протеини што го прави многу заразен и по опасен, а денес предупредиле дека новиот сој на корона вирусот омикрон претставува “висок ризик“ на глобално ниво. Од СЗО истовремено нагласиле дека постојат бројни непознаници околу опасноста и преносливоста на овој сој.

Вучиќ обезбедил непокачување на цената за гасот од Русија, Србија заштедила 300 милиони евра

Ниската цена на гасот од друга страна со себе носи и „аранжман“ кој ѝ е важен на Москва во ситуација кога се соочува со санкции од ЕУ и САД, а тоа е дека Србија ќе продолжи да купува руски делови за вооружување

Србија во наредните шест месеци ќе продолжи да го плаќа гасот по цена од 270 долари за 1 000 метри кубни и покрај скокот на цената на овој енергенс на берзата.

Ваквиот договор е постигнат на денешната средба во Сочи помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин. Тие разговарале 90 минути, а по состанокот Вучиќ наведе дека успеале да заштедат пари како за изградба на еден национален стадион.

„Успеавме во наредните шест месеци да добиваме гас по цена од 270 долари што значи дека цената останува иста. Добивме и зголемени количини на гас во тие шест месеци. Успеавме да заштедиме повеќе од 300 милиони евра благодарение на пријателството на Путин, заштедивме како за национален стадион“,

изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Ниската цена на гасот од друга страна, како што пренесува Н1 ТВ, со себе носи и „аранжман“ кој ѝ е важен на Москва во ситуација кога се соочува со санкции од ЕУ и САД, а тоа е дека Србија ќе продолжи да купува руски делови за вооружување. Станува збор, како што изјавил Вучиќ, не за купување на тактички делови за вооружување, а не на стратешки.