Tag Archives: задача

Равенка за петто одделение која им зададе главоболки на милиони луѓе (Фото)

Математичката задача ги користи јаболката, бананите и кокосите како броеви и поставува прашање кое овошје претставува кој број.

Тоа е инаку детска задача, а многумина се расправаат околу решението. Едноставна детска задача или трик прашање – никој всушност и не знае, но факт е дека оваа задача предизвика големо внимание но  и полемика на интернетот.

Едноставен заклучок е дека јаболката =10 , бананите = 4 и кокосот =2. Затоа резултатот е 16. Иако тоа е одговор до кој дошол поголем број на луѓето, тој н е точен.

Причината за тоа е дека секој грст банани има вкупно четири, освен оној во последниот ред. Тоа драстично ја менува работата. Исто така може да забележите дека третиот ред има еден кокос, додека последниот има само половина кокос.

Затоа  3 јаболка = 30, па 1 јаболко =10, 1 јаболка + 8 банани = 18, па 8 банани = 8, а 1  банана =1, 4банани-1 кокос =2, па 1 кокос =2, од што произлегува:1/2 кокос +1јаболко + 3 банани=1+10+3=14.

Математичка задача која ги скара луѓето на интернет – го знаете ли одговорот? (Видео)

Оваа едноставна математичка задача ги скара луѓето на интернет поради нејзиното решение, па стана и топ тренд твит откако ја поставила некоја корисничка на социјалната мрежа Твитер.

„Виралниот проблем“ предизвикал голем број реакции, па собрал над 10.000 коментари од луѓето кои што се обиделе да го решат.

Задачата гласи: 6:2(1+2)=?

И додека некои од корисниците тврдат дека точниот одговор е 1, другите мислат дека е 9.

Што мислите вие?

Еден математичар објаснил кое е решението во видео кое што го поставил на Јутјуб, а досега е прегледано над 15 милиони пати.

За да дојдете до точниот одговор потребно е да го знаете точниот редослед на математичките операции.

Прво секогаш се решава тоа што е во заградите и така во заградата го добиваме бројот 3.

Целото решение погледнете го во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=URcUvFIUIhQ