Tag Archives: Задруга

СЕ УКИНУВА „Задруга“ (Видео)

Сопственикот на српската телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, вчера ненајавено за првпат во живо влезе во куќата каде што се снима „Задруга“ и пред станарите и целата јавност објави дека ова ќе биде послената сезона на реалното шоу.

Пред големиот телевизиски аудиториум ќе зборуваме на начин кој треба да биде обврзувачки, но претходно ќе им оддадеме почит на загинатите и повредените со едноминутно молчење, го почна својот театрален говор Митровиќ и дополни: „Овој разговор ќе го водиме по следниот принцип: Јас ќе зборувам, вие ќе молчите. Секој упад или дофрлање ќе го сфатам како факт дека не ја разбирате сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.“

Тој најави дека во иднина ќе разговара со тим од луѓе и соработници за тоа дали „Пинк“ некогаш повторно ќе прикажува реални шоуа, адека за „Задруга“ ова е официјално последна сезона.

Јавноста со години реагира на содржината на овие програми од кујната на контроверзниот Митровиќ.

УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНКА Е БРЕМЕНА – поранешна учесничка во „Задруга“

Поранешната задругарка Тара Симов на својот Инстаграм профил објави дека чека дете со своето момче.

Имено, таа позираше со својот избраник и го покажа трудничкиот стомак, додека во раката држеше фотографија од ултразвукот на бебето, а сето тоа се случуваше во Скопје.

– Да, да и да! Стануваме родители! Искрено, не знам од каде да почнам или што да кажам. Секој што ме следи знае дека пред неколку години се помирив со фактот дека можеби никогаш нема да бидам мајка, поради нецелосно развиената работа на јајниците и матката. Сепак, на слава на моето семејство, ја добивме најдобрата вест во светот! 4 месеци се боревме да го одржиме бебето здраво, бидејќи поминувавме низ ризична бременост и многу компликации, сепак официјално се е во ред! И јавно ќе му ветам на нашето бебе дека ќе биде најсреќното дете на светот!“, започна Тара и додаде:

– Секоја болка што можеби сме ја поминале, секоја солза и секоја болка, ќе ја заобиколиш! Љубов моја, ти благодарам за целиот труд и нерви во последниот период и најсреќна сум што си ти! И за само неколку месеци цел свет е наш, ти, бебето и јас! – напиша Симов.

Преку „ЗАДРУГА“ затвореници си праќаат ТАЈНИ ПОРАКИ со семејствата

Не гледаат сите реални шоуа само заради натпреварувачите кои со разголување на животот ги забавуваат гледачите. Низ социјалните мрежи се шири хит видео кое ја открива „поинаквата“ страна на овој телевизиски жанр.

Откритието за тоа како затворениците и нивните семејства се допишуваат и разменуваат информации преку шоуто Задруга кружи на Тик Ток.

@rejj999 #balkantiktok #hrvatska #crnagora #jugoslavija #makedonija #srbija #balkan #fyp #zadruga ♬ original sound – Rej

„Малечката е добро, не повраќа веќе, ниту има температура, фала му на Бога“, „Утре ќе ти пратам писмо и ќе видам до крајот на неделата да одам по дозвола за овие мали деликвенти, па да дојдеме сите чопоративно, се надевам дека ќе ја добиеме. Одам сега да се видам со другиот што бевме на неговата свадба, те сакам“, „Го прочитав писмото, ти се подобрил ракописот, добро сум затоа што гледам дека си насмеан“, „Многу ни недостигаш, излези што побрзо“, се само дел од пораките што семејствата на затворениците им ги испраќаат на своите членови на робија.

СТРИПТИЗЕРКА ВЛЕЗЕ ВО „ЗАДРУГА“ – му ги соблече фармерките на еден од учесниците и сите замолчеа (ВИДЕО+18)

Откако во реалното шоу „Задруга“ се појави стриптизета речиси немаше кој од посилниот пол не сакаше да биде поблиску до неа.

Згодната русокоса во еден момент започна да го соблекува и еден од учесниците, а кога му ги соблече фармерките настана вистински хаос за гледачите.

Момците ја користеа секоја прилика за да и се приближат, но и да ја допрат неа, а во еден момент таа намачкана со чоколаден крем им мешаше на двајца учесници.

https://twitter.com/ZadrugaOfficial/status/1590886472412200961?s=20&t=xrSa-oC_ibiWV2gLP5gAEQ

ТЕПАЧКА ВО ЗАДРУГА: На Лабунски му ја откорнаа косата, плачеше и молеше да биде спасен (ВИДЕО)

Адам Лабунски додека беше во дворот со Кристијан Голубовиќ и други задругари беше нападнат од страна на Урош Чертиќ кој го повлекол за косата, при што му скинал цел прамен.

– Недостасува дел од праменот, па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.

– Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче – повторуваше цело време Урош.

Чертиќ не престана со провокации, поради што обезбедувањето мораше итно да реагира.

– Ве молам, спасете ме, тој ми ја извади половина од косата – рече пејачот додека гледаше во камерата и плачеше.

ОБИД ЗА УБИCTBO ВО „ЗАДРУГА“! Миљана Кулиќ ДИСКВАЛИФИКУВАНА (ВИДЕО)

Миљана Кулиќ денеска е дисквалификувана од реалното шоу Задруга 5 поради физички напад врз нејзиното поранешно момче Лазар Чолиќ – Зола.

Наводно, како што пренесуваат медиумите во соседството, полицијата сега ќе поднесе пријава против Миљана Кулиќ бидејќи на задругарите им рекла дека ќе го убие Зола.

– Кога ќе го убијам, тогаш заминувам од овде, рекла Миљана.

Миљана во раните утрински часови влегла во плакарот и зела еден свој чевел, од оние со огромни потпетици, па дошла до креветот каде што спиел Зола и почнала крвнички да го удира.

– Ова е обид за атентат. Да имаше нож ќе го убиеше на лице место. Бев шокирана. Зола нема да може да се спаси, се тресам од страв, рекла мајката на Зола, Боса.

Видео од страшниот напад по кој Зола заврши со крвава глава:

Инаку, на контроверзната учесничка во шоуто не и прв пат да има физички контакт. Миљана само во текот на синоќешната журка имаше две тепачки, го повреди и Дино кого го погоди со чаша. А ова е моментот кога стигна соопштението дека Кулиќ е дисквалификувана.

Нова женска тепачка во „Задруга“: Дениз Дејм ја онесвести пејачката (ВИДЕО)

Во петата сезона на најагледаното регионално ријалити „Задруга“ најмногу или се тепаат или се сексаат. Оваој пат се случи нова женска тепачка и тоа  помеѓу Сандра Чаприќ и словенечката старлта Дениз Дејм. Задругарките се  дрпаа и грааба околу личните работи, а Дениз во еден момент ја турна Сандра на подот:

„Остави ги моите работи“, викаше Дениз.

„Пушти ми ја косата“, рекла Сандра.

„Дај ми ги работите“, рече Дениз, а потоа ја турна Сандра, која падна и удри со главата во плочките на подот по што за момент ја изгуби свеста и остана да лежи неподвижна.

Обезбедувањето веднаш притрча и интервенираше, по што откако пејачка по кратко време дојде на себе, ја кренаа и однесоа в кревет.

Да потсетиме, Сандра Чаприќ од ден на ден е се поблиску со Марко Јањушевиќ – Јањуш, а нејзиниот досегашен престој во реалното шоу го одбележа и врската со Филип Цар.

ВИДЕО: Позната учесничка во реално шоу НЕ ЗНАЕ да гледа на ЧАСОВНИК, па едвај се снајде

Маја Маринковиќ е позната по своето скандалозно однесување во едно реално шоу, а сега направи потег поради кој сите и се смеат.

Познатата учесничка при гостувањето во емисија синоќа погледна во часовникот за да и одговори на гледачката која ја критикувала, но бидејќи не се снашла да види колку е часот, веднаш потоа погледнала во телефонот.

И додека Твитер „гори“ од оваа видео снимка, некои се шокирани дека Маја не знае да гледа на часовник, а  други забележале дека не е прв пат таа да се најде во ваква ситуација.

Нервно растројство во Задруга: Кулиќ си ја избричи главата

Милјана Кулиќ ги шокираше сите синоќа, кога ја избричи главата во „Задруга 4“. Не станува збор за обична одлука да ја смени фризурата, туку за нервно растројство.

Оваа ѕвезда на реалното шоу и досега покажала дека има психички проблеми, но овој пат отиде чекор подалеку.