Tag Archives: загадување

Мапирани 100 ЈАВНИ ОБЈЕКТИ во Скопје кои горат МАЗУТ и НАФТА

-За што се зборува воопшто кога јавни институции го загадуваат воздухот во Скопје со греење на мазут или нафта за домаќинствата, велат од „Шанса за Центар“, од каде нагласуваат дека изброиле 100 институции кои го загадуваат воздухот, но дека сигурно ги има уште. „Празните муабети, што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе“, велат од организацијата и нагласуваат дека само за една сезона станува збор за количина на изгорена нафта колку што има вода во олимписки базен !

Ние сме уверени дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. Затоа, се насочивме да дополниме уште еден дел во мозаикот. За да им помогнеме на институциите да ги согледаат сите страни на проблемот изработивме мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.

Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително ‘валкан’ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот!

Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема.

На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава.

Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство!

На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство.

Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот.

Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, соопштија од „Шанса за Центар“.

Скопјанка да бидам – Во Скопје стана сиво се што беше бело, ама Донка повеќе никогаш не се врати во село…

Фејсбук статус на Нико Беќаровски:

СКОПЈАНКА да бидам

Во Скопје стана сиво се што беше бело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје квадратен метар е богатство цело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје ја гледаат како младо неискусно тело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје работи цел живот со договор на дело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје се вози многу бесно и лудо смело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје има магла цела зима и изгор лето врело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје од смог ѝ се корне ждрело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село.

Во Скопје од “junk food” и вито тело стана дебело,
ама Донка повеќе никогаш не се врати во село….

P.S.
Меѓу двата пописи во Македонија 410 села останаа без жители. Следни се малите гратчиња.

P.P.S.

  1. Во куќниот ред во зградите Ви пишува дека треба да владее тишина меѓу 14-17 часот и по 22часот !!!!!
  2. Ѓубрето се носи до контејнер, не се фрла од прозор !!!!!
  3. На кокошките и петлите им е место во селскиот двор, а не на балкон.
    2 и 3 не ги пишува ама се подразбираат.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02CV3FJvzH4LczjFaKZoD7UrobyJv2XyzJqDfijZBAzjhWppdv7r4XGrHVkUtzrb7jl&id=1637636807&mibextid=Nif5oz

,,Дур има гробни места нема потреба од филтри и борба против загадувањето, важно тендери да врват…”

Убо е, шо има везе… Од Нова година уште еден блок од РЕК ќе се пушти, дур има гробни места нема потреба од филтри и борба против загадувањето, важно тендери да врват…пишува Божидар Божиновски – Моџо Килингтон, овогодишен добитник на 4-то Ноемвриската награда за едногодишни достигнувања на општина Битола.

Стапуваат на сила мерките за намалување на загадувањето во овие четири града: ОВАА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА!

Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Владата ги информира надлежните институции и релевантните општини дека е потребно да постапат согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември 2017 година, според кои Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и единиците за локална самоуправа треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници, и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Од Владата информираат дека согласно заклучоците, Министерството за здравство треба да ја ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина, пак, треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање треба да подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Според владините заклучоци, единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините.

Истовремено, Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките.

Видео: Скопје се најде меѓу топ петте најзагадени градови во светот

Енергетската криза го вклучи алармот. Иако домаќинставата и компаниите се загреваат со половичен капацитет, Скопје синоќа повторно се најде меѓу најзагадените градови во светот.

Струмицо моја слушни ме, јас како поединец нема да го решам загадувањето на воздухот, затоа мораме да ја менуваме свеста

На Струмица и се потребни конкретни и прецизни мерки за решавање на загадувањето, вели градоначалникот на родниот град на бившиот премиер Зоран Заев, кој дојде на власт со многу ветувања, меѓу кои и „чисто ајро не само за Ајродром“ туку и во цела Македонија.

Но, власта си врви, а загадувањето продолжува и да „лае и каса“. Затоа Костадинов апелира за помош:

– Струмицо моја слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица, објави Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.

А тие што се сеќаваат неколку години наназад, ќе се присетат дека токму власта во која беа и Костадинов и неговиот ментор Заев, беа против минувањето на рускиот гасовод низ Македонија. И така се случи, гасоводот ја заобиколи Македонија на патот кон Европа и земјите од ЕУ.

Инаку, деновиве, Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија, а гасот во Струмица се транспортира со цистерни.

Алармантно ! Во ноември само ДВА ДЕНА со ЧИСТ ВОЗДУХ во ТЕТОВО

Во текот на двете недели од ноември само во два дена воздухот бил чист, односно немало надминување на граничната вредност од 50 ПМ10 на метар кубен, покажуваат мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово. Претходно во октомври 2021 од вкупно 31 ден во 11 имало загаден воздух, покажува месечниот извештај.

-Состојбата се должи на неповолните временски услови – антициклон сончево време без ветер. Секако и основниот проблем, почеток на грејна сезона и користење на ложишта со фосилни горива како дрво, нафта и јаглен. Дополнително придонесуваат и сообраќајот и индустријата, изјави Д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Според него, иако Тетово беше опфатено со мерките за намалување на аерозагадувањето тие не придонеле во поголем обем за подобрување на состојбите.

-Иако имаше субвенции за инвертери, по некое мое истражување 80 отсто од тие што купиле се уште користат барем по уште едно ложиште на цврсто гориво, објаснува Д-р Давидовски.

Со мерењата на мониторинг станицата е евидентирано дека во 2020 година од 365 денови имало 138 денови со загаден воздух, односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен. Најмногу имало по 28 дена со загаден воздух во јануари и декември, ноември со 27 итн. Јуни, јули и август биле месеците кога немало ниту еден ден со отровните ПМ10 честички. Во 2019 година Тетово имаше 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци.

Македонија вечерва се гуши иако не е започната грејната сезона ❗

И додека во ек се локалните избори 2021 власта ветува брда и долини низ целата земја.

Едно од најголемите неисполнети ветувања е и решавањето на загадениот воздух во земјава, а истото се случува со години наназад.

Истото се случува и вечерва додека кандидатите од СДСМ држат митинзи и средби со граѓаните пред кои ветуваат дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух, додека Петре Шилегов неодамна изјави дека проблемот веќе е решен, а граѓаните не ни го споменуваат загадениот воздух.

Имено вечерва најзагаден град во земјава е Куманово, потоа следува Кичево, па скопски Карпош, Ѓорче Петров, Лисиче и Центар.

(Фото) Haд 1000 лyѓe гoдишнo yмиpaaт кaкo peзyлтaт нa зaгaдyвaњeтo нa вoздyхoт вo Македонија!

Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само 2 милиони граѓани, пишува Euronews.com.

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk.

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Скопје здив на свеж воздух.