Tag Archives: Захариева

„Захариева, кога сме кај крадење песни нема поголеми кокошкари од вас“

Захариева, кога сме кај крадење песни и фалсификување историја, нема поголеми кокошкари од вас– напиша актерот Сашо Тасевски.

Тој по изјавата на Захариева дека Македонија крадела и препишувала бугарски песни, објави видео од позната бугарска пејачка Глорија како пее украдена песна од македонскиот пејач Војо Стојановски, се работи за песната „Една мисла имаме“ или „Каде и да одиш“ на бугарски.

Слушнете како се крадат македонските песни и се препејуваат во бугарски контекст:

Македонија ги препишала бугарските песни и романи, Гоце е македонски бугарин

Владата во Скопје се обидува да ја негира нашата заедничка историја. Заедничките национални херои како Гоце Делчев, кој како македонски Бугарин се борел за независност од Отоманската империја во 19 век. Македонските верзии на познати бугарски песни и романи се препишани за да се избрише сè што е бугарско во нив, пишува министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за Theeuropean.de.

Во колумната таа се осврнува само на прашањето за Македонија и случаите кои ги компромитираат односите меѓу двете земји. Захариева вели дека Бугарија се гледа себеси како движечка сила за проширување на ЕУ во насока на Западен Балкан.

– Се надевам дека Република Македонија наскоро ќе може да започне преговори. Меѓутоа, за да се случи ова, ние мора да ги надминеме отворените билатерални прашања меѓу нашите две земји. Колегите во Скопје мора да покажат дека се посветени на долгорочна посветеност на нивната европска иднина прифаќајќи ги европските вредности, како што тоа го направи Бугарија пред 14 години, вели Захариева.

Текстот почнува со тврдењето дека на 17 ноември 2020 година, Бугарија апелирала на прифаќање на рамката за преговори за идниот пристап на Македонија во ЕУ.

– Во име на бугарската влада и парламентот, ја препратив оваа одлука, која претходно неколку пати им ја соопштив на моите европски колеги и на Скопје. Јас го сторив тоа од убедување и загриженост – од загриженост дека Балканот може да стане камен на сопнување на Европа. Во 2017 година, сè уште имаше ветувачки знаци на интеграција во ЕУ на Западен Балкан. По признавањето на независноста на Бугарија од страна на Бугарија во 1992 година и потпишувањето на важна политичка декларација во 1999 година, договорот за пријателство во 2017 година имаше за цел да го отвори патот на Скопје за влез во ЕУ, вели таа.

Потоа почнува за историскиот дел па тврди дека до денес, историскиот регион на Македонија е поделен на бугарски, грчки и дел што припаѓа на Република Македонија.

– Посебен македонски идентитет не бил формиран дури во првата половина на минатиот век. Бугарија го признава овој посебен идентитет на Македонија и ги поддржува европските интеграции на Македонија. Владата во Скопје се обидува да ја негира нашата заедничка историја пред тоа. Заедничките национални херои како Гоце Делчев, кој како македонски Бугарин се борел за независност од Отоманската империја во 19 век, се прикажани како само Македонци. Македонските верзии на познати бугарски песни и романи се препишани за да се избрише сè што е бугарско во нив. За да се реши спорот, беше формирана заедничка комисија за историја.

За жал, добри три години по потпишувањето на договорот за пријателство, мора да констатираме дека нашите партнери во Македонија се збогуваа со неговото спроведување. Како резултат на последиците се еднострано раскинување на заедничката комисија за историја во Скопје, оцрнување на Бугарите како фашистички во училишните книги во Македонија и постојаната дискриминација на бугарските инвеститори. Граѓаните на Македонија кои се гледаат себеси како Бугари се малтретирани и осудени, а нивните адреси се откриваат на социјалните мрежи. Скопје ги одложува и инфраструктурните проекти за економски важни коридори за транспорт – проекти што се финансирани од ЕУ. За изградбата на автопатот А1 меѓу нашите две земји веќе се изгубени 130 милиони евра затоа што Скопје ги игнорира барањата за финансирање од ЕУ, вели таа.

3axapиева од пocтeла пpoговоре: „Владата во Скопје има доктрина на омраза кон бугарскиот народ“

Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е позитивна на коронавирусот и ги запре изборните активности, но секако ја има доста во бугарските медиуми. Во последниот разговор за бугарскиот медиум Марица.бг таа зборува за тоа како се чувствува додека е дома и болна, но и за тоа како оваа криза ќе се рефлектира на живеењето.

Не пропушта да ги спомене и односите со Македонија, иако овој пат немаше конкретно прашање за тоа. На прашањето впрочем дека таа е министер за надворешни работи и констатацијата дека поради тоа граѓаните со кои разговара можеби не наоѓаат интерес во тие теми, Захариева вели дека тоа не е така. Тврди дека Бугарите многу се интересирале за македонско-бугарските односи и дека ги чувствувале Македонците како најблиски. Сепак констатира дека тоа не е така во Македонија.

Кога шетам низ Пазарџик (нејзиното родно место, н.з.) десетици луѓе ме запираат и ме прашуваат не само за внатрешната, туку и за надворешната политика, на пример, за нашата позиција во однос на Република Северна Македонија. Би сакала да ги поканам моите колеги од владата во Скопје да го слушнат мислењето на народот – дека Македонците им се најблиски. Сепак тие (Владата од Скопје, н.з.) постојано нè потсетуваат дека нема да прифатат компромиси со нивната државна доктрина заснована на омраза кон Бугарија и нашиот народ. Јас сум оптимист дека наскоро ќе дојде моментот во нашата врска кога ќе престанеме да ја користиме нашата заедничка историја за пропаганда и заедно ќе гледаме напред. Нема сомнение дека местото на Република Северна Македонија е во Европската унија, а сите го сакаме тоа“, вели Захариева.

Не Маkедонија, туkу Бугаpија има 14 преcуди од ЕCЧП за кршење на правата на етничkите Маkедонци

Не Македонија, туку Бугарија има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права за кршење на правата на етничките Македонци и другите малцинства на нејзина територија. Меѓународни институции постојано ја критикуваат Бугарија за шовинистичката политика кон етничките Македонци и другите националности во Бугарија“. -стои во постот на Види Види.

Оcмани на 3ахариева и го чеcтита денот кога Маkедонија cтанала дел од Бугарија!

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи испрати честитка до својата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод државниот празник на источната сосетка.

“Срдечна честитка до мојата колешка Екатерина Захариева по повод Националниот празник на Бугарија. Ние ја сметаме нашата релација како многу важна и посветени сме да продолжиме да работиме заедно на понатамошно зајакнување на добрососедските односи”, напиша Османи по повод државниот празник на Бугарија 3-ти март.

Денешниот празник кој го одбележува Бугарија го слави основањето на привремената Бугарска држава согласно Руско-Турскиот договор потпишан во 1878 година во селото Јешилќој близу Истамбул познато како Сан Стефано.

Според договорот кој пропаднал за неколку месеци речиси целата денешна територија на Македонија била дел од бугарската држава, тоа е наречен Сан Стефански договор, а идејата била за „Голема Сан Стефанска Бугарија“, во чиј склоп била и Македонија.

3axapиева бapa пpaвдa зa „100.000 Бугapи вo Maкeдонија“

Недопустливо е во 21 век некој да не го признава правото на самоопределување, изјави денеска за БНТ, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева која, како побарала правда за Бугарите во Македонија.

„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 – сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување, рече Захариева.

Захариева вели дека 100.000 луѓе во Македонија имале бугарско државјанствои и дека често биле заплашувани.

Захариева: Не е тајна дека Скопје 30 години има тенденција кон Белград

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева демантите дека Бугарија води дипломатска војна со Србија за преземање на влијанието во Скопје.

Одговарајќи на таквото прашање во денешното интервју за 24 Часа Захариева вели:

„Бугарија не води војна сигурно. Ниту со Република с.Македонија ниту со Србија, ниту со кој било друг дел од светот. Но, не е тајна дека силното влијание на Белград со Скопје секако има тенденција кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институции. Овој тренд не запре во последните 30 години и е така разбирливо.

Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно“., вели Захаруева.

Вицепремиерката вели дека со  Република Македонија како да има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години.

„Но, фактот дека е толку видлив и секогаш во фокусот на вниманието на јавноста, мислам дека ќе помогне да се реши во крајна сметка. Тоа воспитување на генерации со омраза кон Бугарија и Бугарите е основа на нашиот проблем“, вели министерката Захариева.

Захариева: Не се надевајте на ЕУ, негувате омраза кон Бугарија

Шефицата на бугарската дипломатија и премиер, Екатерина Захариева, ја критикуваше изјавата на премиерот Заев дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите, во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија.

Захариева истакна дека нивниот проблем е тоа што сметаат дека се негува омраза кон Бугарите и оти не се исполнува Договорот.

„Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот нејзин народ. Проблемот е дека се негува омраза кон Бугарите, дека не се исполнува Договорот. Не може во 21 век да продолжуваат овие форми на секаков вид дискриминација“, рече Захариева во одговор на изјавата на Заев.

Захариева бара бугарски културен центар, Ганка вели кажете и дека има веќе 20 години

Ганка Цветанова, професорка и поранешна министерка култура во Владата на Љупчо Георгиевски, вчера се огласи преку Твитер со индиректна порака до министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, која побара бугарски културен центар во Македонија.

„Кажете и на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, потпишан во 2002 година, од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси.

За програмата и работата на бугарскиот културен центар и колку истиот успеал да им ја претстави и доближи бугарската култура на македонските граѓани, одговорноста во целост ја сноси бугарската дипломатија и надворешната политика“, напиша Ганка Цветанова на Твитер.

Ова следува откако бугарската шефица на дипломатијата изјави дека Бугарија не може да се меша во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар во земјава, но исто така дека сака во Македонија да има и бугарски културен центар.