Tag Archives: запросување

Се запросија осудените во „Софтвери“ по изрекување на пресудата (Видео)

Даниел Станчев, осуден во случајот „Софтвери“ ја запроси исто така осудената Ирена Ивановска по изрекување на пресуда. Двајцата се неправосилно осудени, Станчевски на четири години, а Ивановска на три години и шест месеци.

Обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените меѓу кои и за Даниел Станчев. Трајчева како една од околностите поради кои бара пртвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев во судница зеде збор, ги кажа неговите аргументи против притворот и кога зборуваше околу околноста што нема семејство се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.

Таа стана, му одговори потврдно, по што се бакнаа и прегрнаа. Сите во судницата останаа вџашени од потегот. Судијаката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата обвинети.

Шијаковска романтично запросена (Видео)

Инфлуенсерката Александра Шијаковска сподели видео од романтичното запросување во Луна пак на зајдисонце во Солун.

Јас го избрав него уште пред 12 години, сега само има нова титула – свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот момент“ – напиша нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм.

Погледнете Видео како изгледаше запросувањето:

https://www.instagram.com/aleksandrashijakoska/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3e746911-3fdb-4cde-b5bf-1215d3eeeb06&ig_mid=DDBBE39B-D6F0-497C-A5E7-9390FB0A9B15

Новинарот Петровски ја запроси својата девојка во аптека (Видео)

Новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка.

Тоа го направи на спектакуларен начин – ја побара за жена својата девојка во аптека со повеќе камери.

Секако има причина за овој уникатен начин на запросување. Како што ни откри Матеја, тие баш во аптека се запознале, таму за првпат се виделе, па затоа решил ова прекрасно изненадување да го направи на истото место.

Погледнете како изгледаше ова изненадување кое Матеја и го подготви на својата сакана.

УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ПЕЈАЧ ВЧЕРА РИПНА ВО ТАВЧЕ – додека таа беше свртена со грб кон Босфор, тој го извади прстенот (ВИДЕО)

Македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски вечерва пријатно ги изненади фановите.

Талентираниот битолчанец кој се прослави во шоуто „Идол“ на мошне симпатичен начин ја побара за жена девојката Милена Доневска.

Херојот од несудениот евровизиски хит „Супермен“ ја запроси саканата во Истанбул.

Додека таа се подготвуваше да му позира свртена со грб, тој го извади прстенот, клекна и веќе претпоставувате што следуваше.

(Видео) Ја запросил девојката среде натпревар, таа станала и побегнала од трибините

За време на натпреварот помеѓу Њујорк Ајлендерс и Флорида Пантерс во четвртокот вечерта, еден навивач ја соблекол маицата и ја запросил својата девојка.

На неговите гради било испишано: „Те молам кажи да“.

Девојката му пришла, го фатила за раце и потоа истрчала од трибината.

На социјалните мрежи се објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот е споделена и на официјалната страница на Њујорк Ајлендерс, на чии трибини се одвивало запросувањето.

„Кажа да или не?“, прашале од клубот на Твитер со порака дека мораат да знаат.

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целото запросување било инсценирано, неколку очевидци се јавиле да потврдат дека реакцијата била искрена.

„Го соблече дресот и рече „те молам кажи да“. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и дека не може да го направи тоа. Тој само рече „је*и га“. Сите снимаа, а публиката полуде. Таа само си замина од трибината“, раскажал еден од навивачите кои се нашле во близина.

Мартин од Некст Тајм ја запроси Андреа на ПОСЕБЕН ден (ФОТО)

Мартин од Некст Тајм ја запроси својата сакана Андреа на денот кога тој и неговиот брат близнак го прославија својот 36-ти роденден.

Убавата ракометарка кажа ДА по долгогодишната врска со гитаристот.

Прекрасната вест ја споделија на социјалните мрежи.

Идниот младоженец ја покажа и својата романтична страна, избирајќи убав прстен за својата понежна половина.

ФОТО: Овој познат МАКЕДОНЕЦ ја запроси својата девојка на меч на Барса на „Камп Ноу“

Познатиот македонски јутубер Стефан Лазаров на многу интересен начин ја запроси својата девојка.

Речиси ниту една девојка не сонува да биде за просена на фудбалски натпревар! Но, Стефан Лазаров не мисли така. Имено тој е голем фан на фудбалскиот клуб Барселона која во моментов игра натревар против Елче на „Камп Ноу“.

Токму на овој стадион јутуберот Стефан Лазаров реши да го заврши ергенскиот живот.

Марта, неговата долгогодишна девојка која е чест гостин во неговите видеа на јутјуб, а мора да признаеме дека кога таа е во неговите видеа, видеата се многу гледани, отколку кога Стефан е сам,( мала шега на сметка на Лазаров).

Честитки до Стефан и Марта!!!

„Ја попитав и не ме пошљака“: Костадинов на оригинален начин ја запроси девојката (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја однесе девојка му на концерт на „Колдплеј“ во Варшава, Полска, каде што и настапува за Пјаст Гливице.

За време на еден од хитовите на славниот бенд, ја запроси на трибина, а веста ја соопшти со најактуелната шега овие денови.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија со прстенот на која стои: „Ја попитав и не ме пошљака“.

Фудбалер запросен од девојката – се расплака и рече „ДА“

Иако шпанскиот фудбалски четвртолигаш Толедо загуби дома со 4:1 од Пуертолан, главниот настан се случи по натпреварот.

Напаѓачот Рубен Морено, пред сите присутни на теренот, беше запросен од неговата девојка Клаудија. Таа клекна на тревата пред него и му го покажа прстенот.

Морено тогаш не можеше да ги задржи солзите, но сепак рече „да“.

Тие двајца имаат и син, кој бил сведок на предлогот.

Пaдна првото запpocување на вакцинација (Фото)

Среќен ден во Регионалниот вакцинален пункт во Охрид. Успешна ревакцинација и прво запросување.

Регионалниот вакцинален пункт Охрид им посакува многу убави моменти, среќа, берикет и многу дечиња и успеси во животот на новиот млад брачен пар Кристина Андреска и Јордан Мојсоски од Охрид.

Извор: Охрид Скај