Tag Archives: Зараза

Дете со овчи сипаници примено во Клиниката за детски болести во Скопје, имало контакт со бебиња!?

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници вчера било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.

Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.

Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.

Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот.

Пановски за сојот КРАКЕН: МНОГУ Е ПРЕНОСЛИВ, ама НЕ Е МНОГУ ОПАСЕН

Постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена, апелира микробиологот д-р Никола Пановски.

Кракенот, односно новиот подвид на сојот омикрон, само дополнително ќе го зголеми бројот на новозаразени со коронавирусот, оценува микробиологот д-р Никола Пановски за порталот Локално.

– Новиот подвид е најпренослив коронавирус познат досега. За среќа, изгледа дека не е поопасен. Затоа, постарите и оние со коморбидитети треба да избегнуваат гужви, да носат маски во продавници, банки, автобуси, помладите и здравите да живеат нормално, а ако имаат респираторна инфекција, било каква, да се изолираат пет дена – апелира тој.