Tag Archives: затвор

Затвореник во Идризово им зел 4000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Управата за извршување на санкции на извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од двајца командири, кои се пожалиле од двајца затворски полицајци дека им се заканувале, а кои полицајци пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал, пренесува СДК.мк

Затворениците Тони Денковски и Јанко Јаневски тврделе дека од затворските полицајци се под закани по живот, рекет и уцени. Двете службени лица признале дека платиле мито од 4.000 евра за да бидат преместени на работа во МВР, но не дека се заканувале поради неисполнување на ветеното.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој тврдел дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.

За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Целата вест на СДК.мк

(Видео) И за затворениците од Тетово започна летната сезона – уживаат во базен

И годинава во затворот во Тетово затворениците ќе можат барем малку да „уживаат“ во летото затоа што летната сезона е штотуку отворена.

Затворениците таму имаат базен, а директорот на тетовскиот затвор Ќефаил Хавзију најави дека објавите не ги прават за рекламирање да се покаже дека е добро во затворот, туку за да ги утешат членовите на семејствата на затворениците.

„Овие објави не ги правиме за рекламирање и за да намамиме некого дека вака е добро во затвор, далеку од тоа мислење, туку за да ги утешиме членовите на семејството дека секторот за ресоцијализација работи секојдневно со нивните роднини, со едукативни методи кои по напуштање на затворот бидете подготвени и ресоцијализирани да продолжат со нормалниот живот со своите семејства кога ќе ја напуштат оваа институција, организираат часови за разни кривични дела, приредуваат и спортски игри и натпревари.

https://youtu.be/A0ElkY_mOzA

Големо апсење во Аеродром: Падна бегалец од затвор

На 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско.

Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.


Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

ЗАТВОРОТ ХРИСТОС – Во кој беше затворен единствениот безгрешен кој пострада за нас (ВИДЕО)

Православие.мк објави видео од затворот каде бил држен и мачен нашиот спасител Исус Христос.

Во затворот каде што беше затворен единствениот чист и безгрешен воопшто во човештвото, Оној кој дојде за да пострада за нас и да ги измие нашите гревови, нашиот Господ Исус Христос.

Колку е страшно, а истовремено возвишено да си претставиме дека на овие камења стапнале нозете Негови.
Овие камења се афтентичните од пред две илјади години и се еден вид сведоци на она што се случувало овде пред дваесет века.

На овие студени камења во болна и понижувачка состојба бил оставен Човекољубецот кој беше распнат од луѓе.

Колку ли Му должиме и како да му возвратиме за она кое Тој, Единствениот безгрешен го претрпе за нас.

Видео на следниов линк:

https://fb.watch/jUOEXRLs8v/?mibextid=Nif5oz

Видео од тунелот во Индризово: Имале и греди и осветлување!

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, информираат од Министерството од каде објавија и видео од тунелот.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите, велат од МВР.

Видео:

https://youtu.be/M52B3GE4joY

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, соопштуваат од МВР.

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство!

Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции.

Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица и бил со должина од 60 метри.

18 години ЗАТВОР за ПИЈАНИОТ ВОЗАЧ кој во ВЕЛЕС УСМРТИ 11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ И ИЗБЕГА

Велешанецот Ангелче Николов доби затворска казна во висна од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката во Велес во која почина 11-годишната Магдалена Иванова. За првото дело доби 17 години и шест месеци, а за второто една година или во една единствена казна 18 години. Тој двете дела ги сторил со умисла. Максималната казна која обвинетиот можеше да ја добие е 20 години затвор.

Николов возел под дејство на алкохол, двојно побрзо од дозволеното и го усмрти девојчето на пешачки премин. Наместо да застане и да им помогне на жртвите, Иванова и мајка ѝ, тој со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец.

„Обвинетиот по сторувањето на делото безобѕирно го напуштил местото на настанот, и не се обидел да ги поправи штетните последици предизвикани од негови дејствија. Се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените, а што се предал по толку време судот не го цени како олеснителна околност. Претходно, два пати е осудуван за сообраќаен прекршок при што му се изрекувани забрани за управување на возило, што укажува дека се работи за лице со ниско ниво на сообраќајна култура, не почитува сообраќајни пропусти и изречените казни не влијаеле на него. Изреченото признание судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката. Судот не се стекна со впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење за стореното. Олеснителни околности се дека не е кривично осудуван и дека е безимотен“, кажа во образложението судијката Габриела Гајдова, претседател на петчлениот Судски совет.

Обвинителството и адвокатот на обвинетиот не дадоа изјави по изрекувањето на пресудата, која не е правосилна.

Николов доби и забрана за управување на возило во висина од пет години, казна која ќе се реализира по одлежувањето на затворската казна. Мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата.

Вештачењата на ОЈО Велес покажале дека Николов на 17 декември лани во моментот кога се случила несреќата во 22,15 часот возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајкатаа се случила на обележан пешачки премин, а потоа побегнал во населба Превалец, каде се криел 36 часа, по што сам се предал на полицијата. Во моментите кога го возел автомобилот „мерцедес“ тој имал забрана за управување на возило.

Sdk.mk

Вкупно 41 години затвор за четворицата силувачи на 11-годишно девојче на Косово

Основниот суд во Приштина ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 41 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година.

Полнолетниот обвинет е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор.

Малолетниците, освен за силување се осудени и за злоупотреба на деца во порнографија.

Единаесетгодишно девојче било во парк во Приштина кога и пришол Е.Р. (26) и и рекол „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но таа не можела да реагира бидејќи насилникот и ја ставил раката преку уста за да молчи.

Таму бил и неговиот помал брат. Го соблекле девојчето, а Е.Р. бил првиот што силувал. Бруталното искуство го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Но, и тоа не им било доволно, па набрзо им се придружиле и тројца пријатели кои еден по еден ја силувале – наведуваат на споменатата страница на Инстаграм и додаваат дека бруталното искуство траело седум часа.

Претходно, косовските медиуми објавија друга верзија за случајот, повикувајќи се на неофицијални информации од полициски извори.

Тројца малолетници почнале да ја силуваат девојката во парк во населба во Приштина, а потоа еден од нив го повикал својот брат Екрем Р. (26). Тој е осомничен дека таму отишол со својот пикап. Од тоа место отишле на друга локација каде по кратко време Екрем Р., наводно, го запрел автомобилот и го силувал малолетно девојче. Потоа, тој го повикал и петтоосомничениот да им се придружи во злоставувањето – објавија локалните медиуми.

Случајот во полиција го пријавила мајката на несреќното девојче.

Мајката изјавила дека девојчето излегло од куќата во саботата попладне и дека ја нашле дури по полноќ во катастрофална емотивна состојба, по што детето и признало што и се случило – објавија медиумите.

Седум илјади пати телефонски ги навредувал полицијата и Брзата помош, сега ќе лежи затвор

Роџер Џексон пензионерот од Велика Британија, заработи 39 месеци затвор откако повеќе од седум илјади пати телефонски ги вознемирувал вработените во полиција и Брза помош. Од Полициската станица во Сасекс и Службата за Брза помош изјавиле дека пензионерот тоа го практикувал неколку години.

– Се проценува дека Роџер потрошил повеќе од 400 часа на повици. Тој бил повеќе пати предупредуван да престане пред да биде приведен. Фреквенцијата на неговите повици имаше ефект да го спречи оперативниот центар да обезбеди услуга за јавноста на која навистина и требаше полициска помош, изјави Сара-Луиз Глендон, портпаролка на полицијата.

Нејтан Данер пак, вработен во амбулантата на Југоисточниот брег, изјави дека само еден непотребен повик е доволен за да се доведат во опасност животите на другите луѓе.

Откако ја призна вината, пензионерот Роџер е осуден на 39 месеци затвор.

Затвор ли е, хотел ли е само во Македонија: Не избегал само тој што не пробал – Ново бегство, ова е систем, не инцидент

СДСи ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл, oбјави ВМРО-ДПМНЕ.

Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето.
СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта.

Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк, нагласува Наум Стоилковски.

Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фотоалбум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ?
Затворите станаа одморалиште, сиот систем се претвори во гротеска, СДС и ДУИ го претворија правото во баналност.

Секој што има врска со нив излегува кога сака. Затворите очигледно служат само за неистомислениците на СДС и на ДУИ.