Tag Archives: затвореници

“Ние сме ослободители и херои за албанскиот народ”: Скандалозна изјава на осуден за “Диво насеље” кој се вклучи во живо од затворот “Идризово”

Фатмир Речица, еден од членовите на Кумановската група која го изврши масакрот во “Диво насеље” осуден на 40 години затвор, вели дека за албанскиот народ осудените се ослободители. Преку директна врска од затворот Идризово за емисијата ФРОНТАЛ на косовската телевизија Т7, Речица рече дека дискриминацијата што му се вршела на албанскиот народ е една од причините поради кои тие патувале од Косово во Македонија.

-„За Албанците ние сме ослободители и борци на нашиот народ. Со оглед на настаните во Македонија, дискриминацијата на албанскиот народ. Дојдовме со добра волја со идеалот за национално единство“, рече Речица по повод 8-годишнината од крвавите настани во “Диво насеље”, пренесува Газета Експрес.

Тој покажа и една од фотографиите на која се гледа тој заедно со некои други соборци, некои убиени, а некои во затвор.

„На таа фотографија некои се маченици, а некои се во затвори. На косовско-македонската граница. Во село на самата граница. Не беше лесно да се мине границата, но бевме екстра внимателни на целиот пат“, рече тој.

Запрашан дали имаат поддршка од Косово, Речица рече дека имаат поддршка, но дека ќе дојде време кога ќе се открие со имиња и презимиња кој ги поддржал и кој ги турнал да донесат одлука за заминување кон Куманово.

„За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Имаме поддршка од добронамерници, не сме ги спомнале. Ќе дојде ден кога ќе ги споменеме по име и презиме, кој не поддржа и кој не турка“, рече тој.

Речица вели дека е осуден на 40 години затвор и напоменува дека си ја исполнил должноста.

Осуден сум 40 години. Ја извршив мојата должност“, изјави тој.

Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

Врховниот суд подоцна не дозволи повторување на постапката за предметот, а осудените најавија дека ќе се жалат пред судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, во затворот “Идризово”, како и во останатите затвори не се дозволени телефони, а полицијата во неколку акции таму пронаоѓаше и одземаше покрај телефони и ладно оружје и дрога.

Се поставува прашањето дали осудените за “Диво насеље” се привилегирани, па можат, веќе неколку пати по ред во живо да се вклучуваат во емисии на косовски телевизии

Видео од тунелот во Индризово: Имале и греди и осветлување!

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, информираат од Министерството од каде објавија и видео од тунелот.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите, велат од МВР.

Видео:

https://youtu.be/M52B3GE4joY

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, соопштуваат од МВР.

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство!

Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции.

Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица и бил со должина од 60 метри.

Преку „ЗАДРУГА“ затвореници си праќаат ТАЈНИ ПОРАКИ со семејствата

Не гледаат сите реални шоуа само заради натпреварувачите кои со разголување на животот ги забавуваат гледачите. Низ социјалните мрежи се шири хит видео кое ја открива „поинаквата“ страна на овој телевизиски жанр.

Откритието за тоа како затворениците и нивните семејства се допишуваат и разменуваат информации преку шоуто Задруга кружи на Тик Ток.

@rejj999 #balkantiktok #hrvatska #crnagora #jugoslavija #makedonija #srbija #balkan #fyp #zadruga ♬ original sound – Rej

„Малечката е добро, не повраќа веќе, ниту има температура, фала му на Бога“, „Утре ќе ти пратам писмо и ќе видам до крајот на неделата да одам по дозвола за овие мали деликвенти, па да дојдеме сите чопоративно, се надевам дека ќе ја добиеме. Одам сега да се видам со другиот што бевме на неговата свадба, те сакам“, „Го прочитав писмото, ти се подобрил ракописот, добро сум затоа што гледам дека си насмеан“, „Многу ни недостигаш, излези што побрзо“, се само дел од пораките што семејствата на затворениците им ги испраќаат на своите членови на робија.

ЗАТВОРЕНИЦИ имаат право на викенд, право на одмор, а на РАБОТНИЦИ им се крати одморот, работат плус часови и немаат слободен викенд !

За затвореничките права и правата од работен однос, Твит на денот:

Членови на Кавачкиот клан од ќелија дирекно на Инстаграм во живо, запленети телефони

Седумнаесет ќелии на Истражниот затвор во Спуж, во кои се членови на Кавачкиот клан беа претресени ноќта помеѓу средата и четвртокот, а неколку мобилни телефони беа одземени.

  • Офицерите влегоа во собите каде беа членовите на организираните групи. Запленети се неколку нелегални предмети, меѓу кои и неколку телефони. Акцијата е дел од истрагата – рече соговорникот на Вијести и додаде: – Во просторијата на „Кавчанин“ Видоје Станишиќ, кој беше уапсен за обид за убиство, беше извршена претрес минатата недела, но телефонот не беше пронајден, пишува Вијести.

Имено, Станиќиќ секоја вечер се приклучувал во живо на Инстаграм. Слободан Кажелан, еден од наводните водачи на кланот Кавач, исто така се наоѓа во затворот Спуж од 21 април.

  • Се сомнева дека притворените комуницираат со своите соработници на слобода и им даваат упатства преку шифрирани телефони. Уапсените бараат од своите војници да ги отстранат трагите на злосторството, да ги исплашат сведоците … – објаснува изворот.

Се сомнева дека „измамникот“ Јанко В. од Спуш го организирал убиството на Веjко Беливук и Марко Миjковиќ, што било спречено од црногорската полиција на 22 јануари. Марко Миjковиќ, кој е во притвор во Белград од 4 февруари, исто така, наводно имал телефон во ќелијата, кој бил пронајден во април.

Колку еден затвореник во просек годишно ја чини земјава?

Според податоците од Управата за извршување на санкции до кои дојде МИА, вкупната сума што се издвојува за сите казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом Тетово во земјава изнесува 1.119.634.000 денари или 18,2 милиони евра. Од нив, половина се наменети за затворска полиција и затворските службеници 555.675.000 денари, а околу 18 проценти или 199.500.000 денари за подобрување на условите во затворите.

Во 2020 година во затворите низ земјава имало вкупно 1.901 затвореник или пополнети биле 89 проценти од вкупниот капацитет на затворите, кој што, според податоците од Управата за извршување на санкции е 2.113 лица – со тоа што за секое лице просечно да има најмалку 4 метри квадратни или девет метри кубни простор.

Според тоа, државата годишно секој затвореник во просек ја чини 588 илјади денари или 9.500 евра.

МИА дознава дека, додека вкупниот капацитет на сите затвори низ државата во 2020 година не бил целосно искористен, пренатрупаност има во три затвори, и тоа во Затвор Штип, каде биле сместени 225 лица или 161 процент од неговиот капацитет од 139 лица, потоа Затвор Тетово, кој има капацитет за 48 затвореници, а биле сместени 70 лица или 145 проценти, и Затвор Прилеп, со пополнетост од 102 проценти на неговиот капацитет од вкупно 108 затвореници, а биле сместени 111 затвореници.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за МИА велат дека иако во изминатиот период се нотирани некои напредувања во казнено-поправните установи, најмногу во поглед на подобрување на материјалните услови, сепак пенитенцијарниот систем сѐ уште се соочува со големи проблеми и предизвици.

– Особено во поглед на материјалните услови, здравствената заштита, образованието и ресоцијализацијата на осудените лица. Дополнително, осудените лица често поднесуваат претставки до Хелсиншкиот комитет за примена на прекумерна сила од страна на службените лица во казнено-поправните установи – припадници на затворската полиција, за што е потребно зајакнување на ефикасноста и ефективноста на надворешниот механизам за гонење на сите случаи на тортура и нечовечко однесување, велат од комитетот.

Ова, меѓу другото, се наведува и во извештајот од Комитетот за спречување тортура за 2020 година во кој е наведено дека РСМ треба да воспостави професионална затворска служба и да ги подобри условите во затворите за кој директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, за МИА вели дека внимателно го анализирале истиот.

– Не само во делот на професионализација на затворската полиција, туку во, пред сѐ, главните забелешки се во делот од здравствената заштита и сместувачките капацитети, за таа цел, кон крајот на месец јули ќе се распише тендер во делот на реконструкција на казнено-поправните установи, каде што ќе изградиме целосно, ново, затворено одделение и постоечкиот стар објект кој е најстар во Идризово ќе биде срушен и ќе се изгради ново, затворено одделение во првата градба, во втората градба имаме изградба на перална, кујна и притворско одделение, споделува Спасовски.

Се намалува бројот на затвореници, пренатрупаност има во затворите во Штип, Тетово и Прилеп

Затворската популација во земјава во последните неколку години има тренд на намалување, на ниво на државата, сепак, проблемот со пренатрупаноста во затворите во Штип и Тетово се повторува.

Вкупниот број на затвореници во 2017 година изнесувал 2.763 лица, што е 130 проценти во вкупниот капацитет на затворите. Таа бројка е во постојан пад и од 92 проценти пополнетост во 2018 и 91 процент во 2019 година, се намалува на 1.901 затвореник или пополнетост од 89 проценти во 2020 година.

Затворот во Штип има капацитет за 139 затвореници, но постојано се соочува со пренатрупаност. Иако, бројот на затвореници се намалува од 309 или 222 проценти пополнетост во 2017 година на 225 затвореници или 161 процент пополнетост во 2020 година.

Затворот во Тетово, исто така, се соочува со пренатрупаност. Иако со капацитет за 48 затвореници, во него во 2020 година биле сместени 70 затвореници, што е пополнетост од 145 проценти. Тоа е раст во споредба со 2019 година, кога има пополнетост од 137 проценти и имал 66 затвореници.

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.