Tag Archives: затвореник

Затвореник во Идризово им зел 4000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Управата за извршување на санкции на извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од двајца командири, кои се пожалиле од двајца затворски полицајци дека им се заканувале, а кои полицајци пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал, пренесува СДК.мк

Затворениците Тони Денковски и Јанко Јаневски тврделе дека од затворските полицајци се под закани по живот, рекет и уцени. Двете службени лица признале дека платиле мито од 4.000 евра за да бидат преместени на работа во МВР, но не дека се заканувале поради неисполнување на ветеното.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој тврдел дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.

За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Целата вест на СДК.мк

Избегал од Идризово па ограбил казино – Полицијата со истрел во воздух го предупреди па го уапси

Избегал од затвор, ограбил казино, но на одење не му успеал планот и го вратиле зад решетки. Како сцена од криминалистичка серија била улицата Благоја Стефковски во Маџари каде утрово избеганиот затвореник со пиштол упаднал во казино, го земал прометот од вработениот и сакал да избега. Полициски службеници кои за кратко време стигнале пред објектот го спречиле во намерата.

Разбојникот со поголемата сума на пари што ја украл од објектот на Спорт Лајф сакал да избега и имал и огнено оружје. Полицијата за да го спречи испукала неколку куршуми во воздух а тоа ги вознемирило граѓаните  и вработените во околните дуќани.

48 годишниот затвореник од Куманово  бил во Идризово на издржување затворска казна од 13 години за повеќе сторени кривични дела и за доиздржување има уште три години и осум месеци.

-Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол „Чешка зброевка“ калибар 9 мм со муниција. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, стои во соопштението од МВР.

Побаравме, но до емитивање на прилогот не добивме одговор од казнено поправната установа затвор Идризово – како избегал затвореникот и од каде му е оружјето.

ЗАТВОР ЛИ Е, ХОТЕЛ ЛИ Е ? – Уште еден затвореник побегнал од Шутка

Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”?

Уште еден затвореник побегнал од затворот Скопје во Шуто Оризари и ова е второ бегство за две недели, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

– Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение”. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на 5 месеци пред истекот на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира? – изјави Стоилковски.

Ваков дебакл нема никаде во светот, порача Стоилковски.

– СДС сѐ уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС. Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите – рече Стоилковски.

Филмско грабнување на затвореник: Затворена беше за сообраќај едната коловозна лента од автопатот Велес-Скопје

Филмско грабнување на затвореник вечерва кратко после полноќ се случи во близина на затворот Идризово каде според неофицијални информации сиво ауди ја пресретнало и нападнало затвроската полиција, го грабнале затвореникот и побегнале.

Неофицијално најмалку еден затворски службеник еповреден и пренесен во болница. На терен се бројни полициски екипи, увидна екипа и специјални единици на полциијата.

Едната коловозна лента од автопатот Скопје-Велес вчеравечер беше затворена за сообраќај

Тигрите уапсиле арачиновец избеган од затвор, се криел во куќа во изградба во селото

На 29.12.2021 во 11.00 часот, по преземени опсежни мерки и активности во подолг временски период, Оперативен тим потраги, во соодејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во куќа во изградба на подрачјето на Арачиново го лишија од слобода О.М.(36) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани две Централни потерници.

Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор.

Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик.

Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден.

Задавил две ученички, го пуштиле од затвор по 33 години, а сега се шета покрај училишта!

Се потресов! Зошто му дозволија да оди во близина на училиштата?! Се надевав дека ќе умре во затвор, а тој е надвор. Како тогаш системот не штити? Тој е предатор и се сомневам дека тоа се променило.

Ова се зборовите на огорчената Британка Ребека Иствуд, чија сестра Линда беше убиена во 1983 година од Колин Пичфорк (61).

Ја задавил и силувал. Три години подоцна, тој силувал и убил друга ученичка, Даун Ешворт. И сега тој е на условна слобода откако му беше укината доживотната казна.

„Го пуштија убиецот и силувачот на деца слободно да шета.“

Британската јавност е револтирана.

Мирор објави негова фотографија во близина на едно од училиштата во областа Англија.

Убиецот носел сива маица и фармерки и шета на условна слобода по 33 години.

За да остане условно слободен, тој мора да се придржува до 40 -те ставки што му се доделени. Но, Ребека, чија сестра ја задави и силуваше, не верува дека е рехабилитиран.

-Никој не е сигурен, имам 8-годишна ќерка и се плашам. Отсега, ќе се вртам назад. Застрашувачки е кога мислам дека овој човек се уште оди толку блиску до училиштата – рече таа.

Телото на девојчето Линде Ман беше пронајдено на оддалечена локација во Лестершир во ноември 1983 година. Колин Пичфорк ја силувал и ја задавил додека неговото дете спиело во автомобилот. Три години подоцна ја силувал и задавил ученичката Доун Ешворт. Го пронашле преку ДНК анализа.

Убиецот nа деца и силувач Колин Пичфорк беше првиот во Велика Британија осуден врз основа на ДНК докази.

Тој беше во затвор 33 години. Правосудството одлучи да го пушти на условна слобода. Тој мора да носи електронска нараквица во секое време, неговиот интернет е ограничен и не смее да биде близу до семејствата на жртвите.

По ослободувањето на убиецот и силувачот на деца, Министерството за правда соопшти дека јавната безбедност е на прво место.

-Ќе има ограничувања до крајот на животот и внимателно ќе го следиме. Доколку прекрши некоја точка од условната казна, се враќа во затвор – објави Министерството за правда.

Според Мирор, во последните години убиецот го користел името Дејвид Торп, и планира уште еднаш да го смени името.

Ова е овозможено со закон во Велика Британија. Се што треба да направи е да плати 33 фунти.

Велика Британија има регистар на сексуални престапници, но убиецот и силувачот Колин Пичфорк не е меѓу нив. Тој не може да биде затоа што е осуден за злосторства извршени пред 1997 година.

Драма во Идризово: Силувале цимер во ќелија

На 09.05.2021 во 16:05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него.

Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Затвореник се претставувал како ДИРЕКТОР, преку телефон оштетил лица за 315,000 денари

СВР Тетово вчера поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“.

Имено тој во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства.

Со ваквото дејствие причинета е материјална штета од околу 315.000 денари – велат од МВР.