Tag Archives: ЗдравкоЧолиќ

Здравко Чолиќ сеуште е шармер – На концерт си доби градници (Фото)

Здравко Чолиќ по девет години синоќа повторно одржа концерт во Задар по повод Денот на жената. Во целосно распродадената најголема спортска сала, пејачот ја забавуваше публиката повеќе од три часа. Испеа 46 песни од својата богата кариера. Тоа беше неговиот најдолг концерт кој го памети публиката.

Во публиката имаше  мајки, ќерки, баби, дури три семејни генерации кои уживаа во неговите безвременски хитови. Атмосферата беше на ниво особено кога ги испеа безвременските балади како „Једна живот и Кристина“ и „Свадбарски сокак“. Многу од обожавателите и плачеа во тие моменти.

Потоа скандираа, навиваа и не му дозволија да се симне од сцената. Од првите редови од понежнот дел од публиката доби доби рози, а кога во еден момент на главата го удри градник публиката почна да се смее, па Чоиќ за момент престана да пее.

Лара Чолиќ на Денот на вљубените го донесе момчето, а вака реагираше Чола (Фото)

Не помина многу од првата фотографија со избраникот во кревет, а помладата ќерка на Здравко Чолиќ направи нов чекор на емотивното патување. Таа го остави момчето кое го видовме разголен додека позира со неа и стапи во врска со нов млад човек чие име овој пат му се знае името.

Откако Лара го означи своето ново момче на „Инстаграм“, нејзините следбеници, а потоа и медиумите, можеа да заклучат дека никој друг освен Александар Шево го освоил срцето на миленикот на Чола. Згоден, впечатлив млад човек кој очигледно прави сè според чувствата, на денот на Свети Трифун или Свети Валентин гостувал во куќата на Здравко Чолиќ.

Тој го посети домот на својот иден дедо со огромен букет рози во рацете, кои ги украси со машнички, донесе плишано мече и долга емотивна порака. Лара веднаш се пофали со подарокот на социјалните мрежи, давајќи им до знаење на сите дека нејзиниот татко се согласува со нејзиниот емотивен избор.

Чола сфаќа дека неговите принцези се на возраст кога е сосема нормално да имаат момчиња, а неодамна многу шеговито проговори на оваа тема:


– Горд сум на моите ќерки, како и секој татко. Тука сум да ги поддржам и да им ги исполнам желбите. Одбраната против момците веќе полека почнува. Не знам како ќе се справам со тоа, најлошо ми е. Но, повторно, ова е целиот живот и сосема нормална работа, кажа Чолиќ за српските медиуми.

фото:Instagram printskrin/Promo Stori.rs

Можете ли да погодите кој е на сликава ?

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (71) важи за еден од најдобрите и најпопуларни изведувачи на нашите простори. Тој пее со ист ентузијазам како и децении порано, а има се повеќе посетители на концертите, иако помладите генерации за него можеа да дознаат само од нивните родители. И со децении – ја има истата долга коса со истата фризура.

На социјалните мрежи деновиве се појави една фотографија, а поткрепена е и со тоа што Здравко не само што е одличен пејач и шоумен, туку и еден од најубавите мажи. Припадничките на понежниот пол буквално паднаа во транс на неговите концерти.

Чола одлично се држи и на почетокот на својата 8-ма деценија од животот, а многумина знаат како изгледал кога бил млад, па се согласуваат дека по изглед и харизма достоен наследник на легендарниот Чола се уште нема се појави. Дамите останаа без зборови кога беше објавена фотографијата на Чола од воените денови.

На оваа фотографија Здравко ја нема својата типична долга коса бидејќи тоа го налагаат воените закони, а тој позираше во униформа составена од сива кошула закопчана до грло и војнички костум во зелена маслинесто боја. Познатиот модник дури во војска носеше црна вратоврска над кошулата, а коментарите не недостигаа на таа негова ретро фотографија.