Tag Archives: ЗлатанИбрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата фудбалска кариера

Славниот шведски напаѓач Златан Ибрајимовиќ е еден од најдобрите на 21 век, кариерата ја заврши во дресот на италијански Милан.

Ибра имаше многу проблеми со повредите во последните неколку години, но на теренот се враќаше и во дресот на Манчестер Јунајтед и во Милан, а откако пред неколку дена беше објавено дека нема да остане на „Сан Сиро“, имаше најави дека славниот Ибра би можел да се пензионира, иако постоеше можност да се врати во Шведска и таму да одигра уште една сезона.

Но, откако Ибрахимовиќ подлегна на напливот од емоции и се расплака пред мечот меѓу Милан и Верона (кој го добија „росонерите“ со 3:1) беше јасно дека само прашање на време беше кога ќе стигне официјалната објава за крај на една најубавите фудбалски приказни.

Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски, открива Златан Ибрахимовиќ во животно интервју.

Јас сум Швеѓанец, но и мешана раса. Мајка ми е хрватски католик, татко ми е од БиХ и муслиман и иако поголемиот дел од кариерата го поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија. Ме однесоа таму, во автомобил и во воз. Сè уште беше комунизам – вели Ибрахимовиќ (40) во интервју за „Кориере дела Сера“.

Швеѓанец кажува многу, а ова се најинтересните делови од еден целосно отворен разговор…

Како дете бев тежок, проблематичен. Само што сум се родив, бабицата ме испуштила од метар висина. Целиот  живот беше тежок. Бев различен во училиште; другите беа светли, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, се движев на друг начин. Родителите на моите соученици потпишаа петиција да ме исфрлат од часовите. Секогаш бев мразен. И прво реагирав лошо. Се изолирав. Подоцна научив да ги претворам страдањата и омразата во сила – изјави напаѓачот на Милан раскажувајќи ги деталите за смртта на својот брат.

Тој вели дека неговиот татко  многу страдал поради војната во Југославија.

Секој ден добиваше вести за тоа како некој што го познавал бил убиен. Им помагаше на бегалците. Секогаш се трудеше да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, не ме пушти на погреб. Но, кога брат ми Шапко почина од леукемија, отидов. Брат ми ме очекуваше, издиши пред мене. Го погребавме според муслиманските обичаи. Татко ми не пушти солза. Следниот ден отишол на гробиштата и плачел од утро до вечер. Сам. Татко ми беше строг и кога еднаш ме фатија со пријател во мала кражба во продавница, бев среќен што го повикаа таткото на мојот пријател. Му пратија писмо, секој ден го чекав првиот поштар и кога дојде писмото го искинав. Да го прочиташе татко ми, ќе беше лошо.

Тоа се секакви работи, бидејќи неговото искуство е огромно, Златан видел и доживеал на фудбалските терени …

Мислам на словенски јазик На натпреварите  ми викаат дека сум циган. Последен пат тоа беше во Рим, кога постигнав гол. Околу 50.000 луѓе ми викаат дека сум циган, а судијата ме опоменува. Расизмот е насекаде. И во Шведска.

И ако се прашувавте на кој јазик мисли и размислува Златан…

На кој јазик мислам? На теренот никогаш на шведски, тоа е нежен јазик, а теренот е полн со зло. Таму мислам на словенски. Понекогаш на англиски и италијански. Но затоа дома се однесуваме како Швеѓани. На пример, ги соблекуваме чизмите пред да влеземе дома, остануваме во чорапи. Немаме слуги, една жена не чисти, се друго сами правиме.

Јас не верувам во Бог, верувам само во себе. Животот е овде и сега. Кога си мртов, мртов си. И јас не сум суеверен, јас одлучувам како ќе се развиваат работите, додава голгетерот.

Како изгледаше изненадувањето од приватната забава за Ибрахимовиќ, специјален гостин Нада Топчагиќ (Видео)

Златан Ибрахимовиќ кој стигна дури до 501 гол во кариерата постигнат во клупскиот фудбал, го прослави роденденот со изненадување.

Напаѓачот на Милан реши да сподели видео на кое игра на популарниот хит „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Видео стана вирално на социјалните мрежи.

На роденден на мојот драг Златан Ибрахимовиќ. Гори Милано со „Јутро је“. Благодарам Златан, благодарам Милано, благодарам свету! Ве сака и ве љуби Надица! Повеќе информации наскоро – напишала Нада која се сликаа со Златан и нејзиниот сопруг.

Топчагиќ беше на местото на забавата на Ибра, а тука беше и Пол Погба, и секако многу гости од Италија.

Инаку, Ибрахимовиќ за роденден си купи Ферари спајдер од половина милион евра.

Како изгледаше прославата и изненадувањето:

‘Јас сум Златан’ – фантастична најава за филмот посветен на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Една од најконтроверзните личности во фудбалот – Златан Ибрахимовиќ ќе добие и филм режиран според автобиографијата на Швеѓанецот наречена „Јас сум Златан“.

Трејлерот за филмот кој ќе го опфати целиот живот на Ибрахимовиќ изгледа навистина моќно, а филмот за прв пат ќе биде прикажан на 17 септември во Шведска.

Ибрахимовиќ со „бетмобилот“ и народна песна до 501 гол (Фото+Видео)

Златан Ибрахимовиќ вчера постигна два гола за Милан во победата над Кротоне.

Ибрахимовиќ стигна до вкупно 501 постигнат гол во кариерата што е големо достигнување.

После мечот Ибра на Инстаграм објави видео како слави со големиот хит на Нада Топчагиќ.

Видеотокако славеше „народњачки“ Ибрахимовиќ можете да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/196751373673505/videos/448812906300851

Златан после видеото со народната песна со која прослави за 501 постигнат гол, тотално во негов стил објави на Инстаграм фотографија на која е вo Ферари Монца ГТ, автомобил вреден 2 милиони евра со пораката: „На патот до целта“.

https://www.instagram.com/p/CK_9t4pnd6m/