Tag Archives: ЗОО

Жирафата Каспер умрела од салмонела во скопската Зоолошка градина (Фото)

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и во цревата. Притоа во цревата биле најдени и паразити.

„Врз основа на микробиолошкиот наод – Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудникот (сириште), црниот дроб, слезината и цревата, како и од патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата пцовисала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“.

Професорите, докторите Трпе Ристоски и Кирил Крстевски, во наодот дополнуваат и за најдените паразити.

Повеќе ТУКА

Во ЗОО Скопје се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци

Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а  белата боја на крзното, како на нивните  родители, ќе ја добијат со текот на времето. 
Волчињата се заедно своите  родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште.

Мајката ги роди во дувло коешто  сама го направи и таму  сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија  овие волци  се строго заштитени со Бернска конвенција. 


Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година.


Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.  Познати се и како поларни волци или бели волци.


Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови  значително го намали бројот на овие животни во последните години.


За потсетување, оваа пролет  во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца,  камила и најновите бебиња  бели волци.

(Фото) Бејби бум во ЗОО Скопје: Се роди уште едно бебе, овој пат од видот хималајски тар

Во Зоолошката градинка во Скопје овие денови се роди ново бебе од видот хималајски тар.

-Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка , но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар, објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук страница.