Tag Archives: Зоолошка

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Умре и третиот коњ во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина угина и третиот коњ. Во саботата угинаа два коња, а вчера пцовисал и третиот. Станува збор за пржевалски коњи кои се ретки и скапи, по потекло се од Монголија, а во Скопје се донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, објави СДК.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вчера околу 14 часот е пријавено дека угинал уште еден коњ во градината.

В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов не кажува што се случило и како е можно трите коња да укинат за два дена. Тој не одговараше на нашите телефонски повици туку само ни напиша порака дека случајот е пријавен во полиција и по добиените резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина јавноста ќе биде известена, велат од порталот.

Инаку во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, беше констатирана инфекција од салмонела.

Лавови, зебри и слонови се шетаат слободно низ улиците на Париз (Видео)

Диви животни слободно се шетаат низ улиците на Париз, откако голем број од демонстрантите ги пуштија од Зоолошките градини. На видеата по социјалните мрежи се гледаат како лавови, зебри и слонови слободно се шетаат преку ден, но и во ноќните часови низ улиците на француската метропола.

За потсетување, демонстрантите ги ослободија животните, за време на немирите кои се случија низ цела Франција, откако полицаец во Нантер, западно од Париз, застрела 17 годишно момче.

Наместо пари за МКЦ, Арсовска ќе прави аквариум во ЗОО?

На последната седница на Советот на Град Скопје, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД поднесе иницијатива за нови 2.1 милиони денари да се слеат во програмскиот буџет на МКЦ.

-Истиот тој буџет што беше искасапен и од планирани 12 милиони за програма падна на 2. На повеќето советници изгледа веќе не им беше интересна како тема МКЦ, бидејќи немаа достоинство да влезат во салата при гласањето, а имаше и 6 такви што гласаа против истата (што исто се брои како да не си гласал, ама се користи да искажеш противење), порачаа од ЗХГ. 

-На крајот само 14 од 30 присутни (45 вупно треба да сме) советници гласаа ЗА, а со тоа пропадна иницијативата бидејќи е потребно мнозинство. Истите пари наместо да одат за културата во МКЦ, сега оставуаат за да се прави аквариум со риби во ЗОО. За тие советници култура претставуваат форми на средновековна забава како што е аквариум за морски животни довлечкани од другата хемисфера. МКЦ продолжува да лови финансии за настани, може ќе улови некој денар во аквариумот, реагираат од ЗХГ. 

Убави вести од скопска зоолошка, се роди срнче (Фото)

Од Зоолошката градина Скопје се роди нова принова, срче од еленските лопатари. Посетителите ќе можат да го видат малото срнче кое се слика само до татко му.

Погледнете ја објавата и фотографиите.

Лавчињата во Зоолошка добија имиња !

Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје.

Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години

Уште една убава вест од скопската зоолошка: Се очекуваат бебиња кај пингвините (ФОТО)

Убава вест ни доаѓа од заливот на пингвините во скопската зоолошка градина.

„Дел од овие прекрасни птици изведоа јајца и сега се постојано во своите гнезда каде лежат врз потенцијалните бебиња. За да ја зголемиме шансата да имаме за првпат малечки од овој вид, не сакаме да ги вознемируваме и да го чистиме базенот во наредните две недели. Водата е зелена поради сонцето и создавање на алги, но е исправна технички и микробиолошки, а пречистителната станица постојано функционира.

Овој вид на птици е загрозен и е на црвената листа на видови во исчезнување, а со доаѓањето на свет на малечките ќе придонесеме во продолжување на видот.

Апелираме до посетителите да не тропаат по стаклата и да не фрлаат храна во базенот и живеалиштето.

Стискаме палци за бебиња пингвини“ – информираат од ЗОО Скопје.

Коњот од напуштената зграда во Дебар маало спасен во Зоолошка

Полицијата во текот на вчерашниот ден добила неколку пријави од граѓани дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда.

Од Зоолошката градина и Градот Скопје информираат дека коњот е згрижен кај нив.

– Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите, пишуваат на Фејсбук од Скопје ЗОО.

Ограбувач снимен од камерите на ЗОО Скопје (ВИДЕО)

Упади, обиди за кражби, обивање на живеалиштата и загрозување на безбедноста на животните од страна на одредени лица се случуваа во изминатиов период во скопската Зоолошка градина. Директорот Кристијан Стаменов денеска информираше дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина. Тој наведе дека вчера ноќта имало обид за обивање и насилен влез во благајната на Зоолошката градина, а претходно биле обиени неколку живеалишта на животни.

-По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09 мај во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната. Но, тој не успеал во намерата да ја обие благајната. Случајот го пријавивме во полициската станица Карпош, рече Стаменов.

Тој додаде дека на 10 април група од 12 лица неовластено влегле во градината 15 минути пред нејзиното затворање, по што веднаш била повика полиција да ги отстрани лицата.

-На 28 април, пак, од службите во Зоолошката градина е направен увид во живеалиштата на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта рече Стаменов.

Според него, се наликува на намерни саботажи.

-Треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, вели Стаменов.

Во градината сега е зголемено присуството на обезбедување во ноќната смена.

Видео:

https://fb.watch/cWtqNBMW6n/

Хортикултурно разубавување во ЗОО Скопје во кое ужива Коко (Фото)

Скопската зоолошка градина во изминативе денови беше хортикултурно разубавена.

-Нашите вредни вработени изминатите денови хортикултурно разубавеа повеќе катчиња низ зоолошката градина. Посадени беа нови садници цвеќиња и дрвца.

Бонус фото : И нашиот Коко ужива во пролетното разубавување, велат од Зоо- Скопје.