Connect with us

Забава

Се случува: Велешанка наместо со сопругот ја венчале со сведокот

Published

on

Една анегдота се врти низ велешката чаршија, за која немаме потврда дали навистина се случила, но секако, дури и како анегдота, е одлична за почеток на следната анализа за коронакризата, наталитетот и бројот на бракови и разводи.

Имено, пред извесно време, на некоја регистрација во матично, се венчале момче и невеста, која била во веќе поодмината бременост.

Сè поминало во најдобар ред, сите мерки за заштита од коронавирусот се почитувале, младите среќни дека почнале ново поглавје во нивните животи, се родило и бебето.

И тука почнале проблемите. Во моментот кога требало да го запишат во матичната книга на родени, им кажале дека бебето им е вонбрачно, односно родено во врска која не била крунисана со брак. Како, кога младите пред извесно време, најлегално се венчале?

Но, дилемата била брзо разрешена, кога забележале дека во изводот ов венчаните, невестата била венчана – со сведокот.

Грешката се случила кога бракот бил заведен во книгите на венчани, а во графата „сопруг“, наместо вистинскиот, се нашол сведокот.

Забава

Куќа полна со љубов и топлина – ова е домот на Спасен Сиљаноски, еден детаљ ќе ви ги стопи срцата 

Published

on

Познатиот фолк-пејач ги изненади сите со своите објави

И откако најпрво се пошегува со една снимка со својата сопруга Ана направена во нивниот дом и притоа покажа како изгледа нивната кујна, Спасен ги изненди следбениците и со фотографија на која е со ќерка му.

Инаку, Спасен по потекло е од кичевското село Положани, но со сопругата и нивните деца веќе неколку години живее во Скопје.

Тој не ретко на социјалните мрежи споделува фотки од нивното љубовно гнездо, но овој пат во главна улога беше неговата наследничка.

Имено, Спасен сподели како игра шах со својата мила, па фотографијата веднаш предизвика воодушевување кај сите.

„Тато vs Мила (Магнус Карлсен vs Јудит Полгар)“, напиша Спасен.

Од фотографијата што Спасен ја објави може да видиме и како изгледа овој дел од домот на Спасен, полн со топлина и многу љубов.

Ваков домаќин мајка еднаш раѓа… 🙂

Бонус видео

Continue Reading

Забава

Џамбазов: Тетово како Париз: Сеќавање на мировниот рок хепенинг од 2001 година

Published

on

Тетово, септември 2001. Голем мировен рок хепенинг. За инает на војната… Благодарам до Зоран Андонов за оваа бесценета фотографија, а и за @tetovoinfo што ја објавија. А Тетово ка Париз. А Пена ка Сена.

Напиша Игор Џамбазов на својот Facebook профил.

Continue Reading

Забава

Ова е мистериозната сопруга на Миле Паника од „К-15“ – многумина ќе се изненадат од нејзината професија

Published

on

Дали знаете како изгледа жената што го освои срцето на Миле Паника и со што се занимава таа?

Сопругата на Миле Паника не сака премногу да се експонира во јавноста

Иако пред публиката е веќе повеќе од три децении, за приватниот живот на Бранко Огњановски, се знае многу малку.

Тој стана препознатлив по неговиот генијален лик Миле Паника и откако во 1994 година се емитуваше првата епизода на „К-15“ на „А1“, за многу брзо време заедно со своите колеги Васко Тодоров (легендарниот Тошо Малеро) и Љупчо Бубо Каров (неодоливиот Цацко Конопишки), станаа омилени ликови во Македонија.

Тој и откако престана емитувањето на К-15 продолжи да се занимава со хумор, а присутен е и на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Миле Паника

И токму благодарение на неговите објави на Инстаграм и Фејсбук, понекогаш може да ѕирнеме и во неговата приватност.

Инстаграм/ Миле Паника

Имено, Бранко веќе со децении е оженет и е во складен брак со сликарката Анита која по професија е уметник.

Инстаграм/ Миле Паника

Но неговата сопруга за разлика од Бранко, многу ретко ја гледаме во медиумите, иако и таа е многу успешна во својата професија.

Инстаграм/ Миле Паника

Имено, Анита иако е дипломирана економистка, а студирала и постдипломски студии од областа на управувањето со човечки ресурси, таа пред неколку години реши целосно да и се посвети на својата голема љубов – сликарството.

Поприлично е активна и на социјалните мрежи каде ги објавува своите дела, а со сликањер се занимава активно веќе 15 години.

Таа денес целосно му е посветена на сликањето кое ја прави среќна и максимално ја исполнува, а досега имала бројни самостојни и колективни изложби, додека нејзините дела красат домови ширум светот. Некои од нејзините дела погледнете во продолжение:

Извор: glamur.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк