Connect with us

Uncategorized

„Ќерка ми има аутизам, деца ја прашуваат: Зошто не зборуваш ма!? Абе, оваа е ретардирана “

Денес имав една случка. Со ќерка ми бевме на лулашки во парк. Семејства со деца насекаде. Се качи на мини вртелешката. Се вртеше заедно со две деца на околу 6-7 години. Ја гледав седнат од дистанца. Почнаа да и’ зборуваат нешто. Дарија (се уште) не може да им врати, има аутизам. Ја гледаа како се радува на вртелешката, како изразува радост со рацете во вис. Дарија продолжи да се смее и вика гласно. Така артикулира задоволство. Убаво и’ беше, во друштво. Децата повторно пробуваат да зборуваат со неа, но сега полни со себе: „Зошто не зборуваш ма!? Абе, оваа е ретардирана. Хаа, редардирана е! Ти ма, редардирана си а?!“.Едното почна да ја боцка со рака по рамото. Другото и’ ја фати главата, а со другата рака петте прсти во вис, нагоре како да врти сијалица. Се издра пред сите, покажувајќи кон Дарија: „Оваа е ретардирана!“.

Смеа и викање од околните деца. Молк од родителите. Како сцена од филм, некој од 90-ти, полн со локални стереотипи. Дарија ме бараше со поглед, беспомошно. Осети раце врз себе како ја буткаат, како продолжуваат да ја задеваат и да и се дерат „Кажи ма нешто!“.Бев на 20-ина метри, почнав да се приближувам. Дарија веќе беше напната. „АаааарррххххХХ“. Се исправи, ги затна ушите со раце. Така прави кога се вознемирува. Вртелешката се движеше, ја занесе, ама стигнав да ја фатам за рака. Се исправи. Ме стисна за рака, почна да ми ја мава раката од лутина. Потоа ме фати силно за тело. Силно ме гушна и ја пикна главата меѓу вратот. Се тресеше и ги крцкаше забите од нервоза. „Зошто не сака да збори?! Уште ли не зборува?!“„Да. Ќе прозбори. Ама, сака да се дружи. Не треба да ја закачате“.Некоја мајка се приближи. „ХхХхХ, извини се на девојчето. Ме слушаш ли, извини се на девојчето!“.„Нема потреба таа да се извинува“.Се оддалечивме со Дарија, се качивме на клацкалка. Брзо се смири. Јас бев сега вознемирен. Болеше. Многу болеше! Одвнатре грозно и мачно. Плачев, а Дарија ме бришеше по лицето. Ме гушкаше. Ми текна каде Дарија живее. Каде расте. Ми текна и на сите пријатели и познаници што споменуваат „Абе овој е ретардиран“ кога оговараат некој човек. Децата, за разлика од нив, се искрени. Не прават лице. Само учат. До сите пријатели. Следен пат кога во друштво ќе ве чујам „овој е ретардиран“, очекувајте од мене – школски шамар! Или мини заушка! Да осетите болка. Онака, другарски. Чисто да ви текне за следен пат ?

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг