Connect with us

Uncategorized

Повеќе оздравени од новозаразени од Ковид-19, градинките подготвени за прием на деца

Бројката на новозаболени од Ковид-19 во земјава и натаму е трицифрена, но висок е и бројот на оздравени пациенти. 

Министерството за здравство вчера регистрираше нови 166 случаи на заболени од Ковид-19 и 224 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа не е регистриран случај на починат пациент.

Паралелно со борбата со корона вирусот, надлежните координирано работат на создавање соодветни услови за отпочнување со работа на градинките кои, според најавите, треба да почнат од 9 септември.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција го презентираше протоколот за установите за згрижување и воспитување деца, а министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска уверува дека установите се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи.

Шахпаска на прес-конференцијата во Владата информираше дека сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а интерес за згрижување досега покажале родители на 14 555 деца.

– Анализата на податоци од градинките покажа дека тие се подготвени наредната среда, 9 септември, да почнат со работа и да ги примат и згрижат децата согласно утврдените протоколи. Приоритет за посетување градинка ќе имаат децата на самохрани родители или на двајца родители кои се вработени и ќе донесат потврда од работодавачот дека работата не може да ја извршуваат од дома. Согласно протоколите за работа, градинките имаат капацитет да згрижат 19 илјади деца, но интерес за згрижување покажале родители на 14 555 деца, истакна Шахпаска.

Доколку градинките согласно критериумите од протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, тогаш ќе може да се прифатат и други деца кои се запишани во градинката. Согласно протоколите, групите до 2 години треба да имаат максимум шест деца за кои ќе се грижат двајца вработени, а групите од три до 10 години најмногу 15 деца за кои ќе се грижат двајца вработени.

Препораката од Владата е општините да обезбедат или адаптираат и дополнителен соодветен простор ако за тоа има потреба, како и соодветен кадар со цел да се обезбеди непречено функционирање.

Според министерката Шахпаска, доколку во една градинка е исполнет капацитетот, тогаш детето може да биде згрижено во друга градинка каде има слободно место, но само во истата општина.

Од друга страна, течат и подготовките и консултациите и за почеток на учебната година за основните и средните училишта. Најавени се работни состаноци со сите градоначалници во земјава со цел да се изнајде најоптималното решение.

– Имаме доволен период, имајќи предвид дека се одложи стартот на учебната година за 1 октомври. Очекувам дека ќе се изнајде оптимално решение на ниво на цела држава, изјави вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој воедно е и претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

На ниво на Град Скопје, според Шилегов, сите средни училишта се во доволно добра кондиција за да може да се организира било каков тип на настава. Онаму каде што имаме проблеми, ако се одбере онлајн-настава, мислам дека ќе успееме да им помогнеме на оние луѓе кои немаат услови, истакна Шилегов./МИА

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг