Connect with us

Приказни

ИСПОВЕД на бабата што наследи ПЕТ МИЛИОНИ: Што ќе ми се пpоклетите пари – ми треба леб и вода

Published

on

Во планинско село кај Бољевац на истокот од Србија во трошна куќа живее 86-годишната М.З. позната по тоа што неодамна, сосема изненадно, станала милионерка. Во пресрет на Новата година на нејзината сметка, во вид на наcледство од веќе заминатиот сопруг, уплатени и се 940.000 австралиски долари.

Старицата наследила и недвижнини во Австралија вредни неколку милиони долари. Случајната милионерка, која досега живеела од пензија во износ од 10.000 динари (околу 5.000 денари), не сакала да разговара со новинарите, но нејзината необична приказна ја знаат сите на село.

Кон крајот на 1960-тите години М.З. и нејзиниот сопруг заминале на печалба во Австралија. Жената после неколку години се вратила во Србија и продолжила со животот на село, а мажот во Австралија повторно се оженил иако во Србија законски никогаш не се разделил од М.З.За време на својот живот во Австралија стекнал огромно богатство.

Го загубил животот 2011 година, а неговата нова сопруга пред него. Австралијанците по заминувањето на брачниот пар се дале во потрага по наследниците и ја пронашле сиромашната М.З.

Парите и ги префрлиле на сметка во банка преку која инаку ја прима пензијата. Пред неколку дена старицата подигнала неколку илјади евра како би ги решила долговите:

– На пат до дома и испаднаа две банкноти околу петстотини евра. Не се врати за да ги побара. Само рече „кој ќе бара пари сега по овој студ“.

Приказни

Скопската поплава од 1962: Катастрофа што остави илјадници без домови

Published

on

На 16 ноември 1962 година се случила скопската поплава. Уништени биле над 1.000 куќи и 157 згради, 4.445 луѓе останале без кров на глава. Покрај Скопје, поплавени биле и Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Велес, Битола и уште неколку градови низ Македонија.

Continue Reading

Приказни

Чичко Стоилко: Носталгија за времето на евтините задоволства

Published

on

Едно друго време, кога и најобичниот ручек беше момент на радост, а цените беа едноставно – неверојатни. Со чичко Стоилко застанавме пред киоскот на ќошот и брзо избравме:

– Хамбургер? 50 денари, не е лошо!

– Хот-дог? 25 денари, одлично!

– А тост? Само 30 денари, и пак си сит!

Носталгија ме обзема кога ќе се сетам на тие времиња – едноставно, без грижи и скапи цени, кога една ситница беше доволна да го направи денот посебен.

Чичко Стоилко е најстариот или еден од најстарите фаст-фуд ресторан на Балканот, создаден во 1975 година, кој повеќе децении беше белег на Скопје, како фаст-фуд во трафика и збирно место на младите на познатото зборно место кај чичко Стоилко или подоцна и кај Ванила пред скопскиот Градски трговски центар.

Тоа место е поврзано освен со вкусот на сендвичите и со вкусот на првите љубови на многу сега средовечни скопјани и скопјанки. Во минатиот век, кај Чичко Стоилко беше зборно место за младите и алтернатива за пропаднатото старо корзо во градот.

Continue Reading

Приказни

Престанете да верувате во лагите дека не сте доволно добри

Published

on

Сите понекогаш се соочуваме со намалена самодоверба, чувство дека не сме доволно добри или пак дека другите се подобри од нас. 

Никој од нас не е имун на ваквите лоши мисли. Но, не мора да биде така. Барем не повеќе од еден момент.

Се случуваат различни ситуации во нашиот живот кои прават да се сомневаме во себеси и на крајот почнуваме да веруваме во сопствените лаги. Тоа е во ред доколку се случува на еден момент, но никогаш не треба да дозволиме тоа да нè дефинира како луѓе. 

За многу луѓе, тоа е скриена тајна и никогаш не би знаеле дека се чувствуваат така, тие носат насмевка на лицето и се смеат постојано. Но, тие постојано се сомневаат во себе, имаат поверувано во своите лаги и мислат дека не се сакани од никого и дека не можат да бидат сакани. Но, тоа е голема лага. 

Нашиот ум често се фокусира на негативните работи и почнуваме да веруваме во тоа, а ги занемаруваме оние позитивните, убави работи кои ни се случуваат. Си велиме не е толку важно ако нè унапредат на работа, не е важно ако нашата коса е убава денеска, не е важно ако најблиските нè сакаат највеќе што можат. Си повторуваме и си повторуваме дека сме неуспех. Но, не сме!

Најдобриот начин да живееме исполнет живот е да се сакаме себеси, да се прифатиме себеси онакви какви што сме. Најдобриот начин да бидеме сакаме е и тој. Не можеме да очекуваме никој друг да нè прифати ако не се прифатиме себеси прво. Колку и да звучи како клише, тоа е вистината. 

Тешко е да се смени наративот особено ако долго време сме верувале во нешто, но ништо не е лесно во животот. 

Од другата страна на лагите, лежи вистината која ќе ве ослободи. Тоа е вистината дека никој на овој свет не е совршен, а не сте ни вие. Но, можете да бидете најдобрата верзија од себе, прво за себе, а потоа за другите. Обидете се. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк